„Имавме патување на Пелистер низ пејсажите и адреналинските спортови…“ – ќе нагласи Љубица Ангелкова на почетокот од втората епизода од поткaстот со автентична идеја што продолжува да коегзистира во име на планината. На планината и етерот кој како да „се лепи“ за душата преку екран. Мириса на молика, на диви јагоди, капини… И од тука ја започнуваме приказната… Од цела таа магична хедонистичка сензитивност што ги привлекува и најголемите гурмански апетити на ова место. Подготвени ли сме за Пелистер и ова незборавно искуство или… „Are you ready for Pelister?“
„Сега нурнуваме длабоко во срцето на оваа извонредна дестинација за храна… Ќе ги истражуваме нашите лични врски со планината, ќе зборуваме за богатиот биодиверзитет и културното наследство со кои Пелистер има потенцијал да стане локација за одржлива кујна.“ – ќе продолжи Ангелкова најавувајќи ги своите гости о вториот поткаст насловен како „Are you ready for Pelister?“
„Пеце Цветковски – Основач на вила Дихово. Со страст за зачувување на традиционалните рецепти и прикажување на изобилството од локални состојки и бескрајна љубов кон планината. Пеце е човек кој понуди приказна која стана позната глобално.
Елена Каровска Гошевска – Промотор на буковската пипер и „slow food“ активистка. Од нејзините напори да го ревитализира традиционалното одгледување на пиперка, до нејзините пристапи кон одржливи практики на храна, Елена го води набојот кон посвесна и поповрзана култура на храната во регионот. Зборува и за тоа како една француска телевизиска емисија го направи Буково славно….
Игор Поповски – Производител на сирење и кашкавал. Со длабока почит кон традиционалните техники на правење сирење и посветеност на квалитет и одржливост. Игор има многу хобија, ја сака планината… Зборува за предизвиците, за зачувување на локалните традиции на храна, но и за можностите за иновации и развој. Патувањето на Игор е доказ за трансформативната моќ на страста и упорноста.“
Која е интимната љубов со Пелистер? Како овие луѓе се вљубиле во планината? Што е она толку моќно во ова место? Место кое знае да те заведи на таков уредно шармантен начин, што ќе изградиш куќа и ќе останеш таму. Во срцето, мирисот, звукот, а и вкусот на благодетите кои ги дава природата. Нашата природа.
Го искористивме интрото на Љубица Ангелкова, сценарист и водител на поткастот „Are you ready for Pelister? “ или во нашиот случај, го преточивме во пишувана форма и сторителинг. Погледнете ја и оваа фантастична епизода која зборува за онаа гастрономска приказна што извира од срцето на оваа планина.
Пелистер – Приказна за врската помеѓу храната, културата и заедницата.