Во Костарика се случи навистина чудна ситуација која ги остави научниците без зборови. Имено, во зоолошката на ова добро познато место (барем по звучност или од филмовите), женски крокодил ги изненади експертите со тоа што сама забременила. Хм…
Ситуацијата се „десила“ во паркот Рептиланија уште во 2018 година, каде 18-годишната женка крокодил, снела јајце. Иако фетусот бил целосно оформен, за жал, тој бил мртвороден. Најинтересно е што оваа „женка“ веројатно телепатски забременила, затоа што животното било целиот живот одделено од останатите крокодили. Тимот во зоолошката сеуште е шокиран, светот е во паника, настанува хаос за кого и не многу се шушка низ луѓево. Сепак и најголемите тајни не остануваат скриени. (Под тајна, ние сепак подразбираме дека типкава имала афера за која никој не дознал, ама како и да е…)
Експертите од Вирџинија потврдија дека фетусот е 99,99 отсто генетски идентичен со мајката, што покажува дека нема татко. Ова е прв регистриран случај на саморазмножување кај крокодил, иако феноменот на „девствено раѓање“ или партеногенеза (за кој многумина сигурно не сте знаеле), претходно се случил кај некои видови птици, риби и влекачи. Е сега дали туку така одеднаш животните забремениле, не знаеме. Па иако после оваа информација ни е наметнат стравот околу прашањето, дали е возможно ова исто туку така да му се случи и на човекот, сепак научниците имаат некакво објаснување. Но, ние сепак би рекле, барем се трудат да не звучат дека останале без зборови.
Инаку тие веруваат дека оваа способност веројатно е наследена од некој еволутивен предок, бидејќи и диносаурусите биле способни за саморепродукција. Сепак, сè уште не е целосно разбрано зошто партеногенезата се јавува кај различни видови. Појавата на овој феномен во научната литература може да биде резултат на зголемено внимание и проучување од страна на научниците.
Една научна теорија сугерира дека партеногенезата може да се случи кај видови кои се загрозени или на работ на истребување. Сепак, деталите за овој феномен и неговите причини сè уште остануваат нејасни.