Колегите се скарани: Зошто? – Истражување на феноменот во работната средина

Колегите се скарани: Зошто?

На работното место, комуникацијата е клучен елемент за успешно функционирање. Замислете го работното место како Мекдоналдс: сите бизнис цели треба да бидат сервирани како компири во чипс-кеси, лесно достапни за сите колеги.

Но, во реалноста, работното место не функционира на ист начин. За разлика од брзите оброци на Мекдоналдс, бизнис целите не можат да бидат сервирани автоматски. Зошто? Затоа што ефективната комуникација не е само зборување. Tуку дефинирање на целите и создавање на услови за колегите да се чувствуваат како дел од едно големо, функционално семејство.

Проблемот во комуникацијата се јавува често кога колегите не се на истата фреквенција. Скарани колеги? Лоша работа! Дали станува збор за временски рамки или очекувања, важно е сите да бидат на истата страница.

Лошата комуникација може да биде како обид за допирање на бесконечноста-конфузна, напорна и понекогаш болна. На работното место, ова може да доведе до ситуации каде колегите се чувствуваат изолирани и демотивирани Како да се возат во „смрдлив автобус“ на последниот работен ден пред продолжен викенд.

За да се избегнат овие ситуации, потребно е активно присуство на јасни лидери, дефинирани цели, отворена комуникација и поддршка кон вработените. Лошата комуникација не е само пречка за успешно функционирање на бизнисот, туку може да излезе траги-комедијата на грешки. Затоа, инвестицијата во култура на комуникација која ќе ги надмине суетата и комплексите, ќе овозможи тимот да расте и да напредува како едно сложено , но функционално семејство.

пишува Ромина Марковска