Old Forge, легендарниот паб во дивината на шкотските планини, богами ги повикува авантуристите. Old Forge во високите шкотски планини ги прашува штотланѓаните дали се подготвени да се изложaт на природниот екстремизам? Доколку одговорот е „да“, шкотланѓаните стартуваат со својата авантура.
Old Forge паб, не е за почетници во природните непогоди или за оние со слабо срце. Ова е место каде што душата на патувањето се меша со измачени патеки, муабети со мештаните и истражување на вистинскиот вкус на природната авантура. Old Forge, електричната енергија ја добива од 280kV, хидроцентрала управувана од Knoydart Renewables Community Trast.
Пешачењето до пабот е како да се упатите во лавиринт, само што овој пат лавиринтот е составен од камени стени, горски патеки и неколку случајни овци или други животни што решиле да ве придружуваат по патот.
Ако успеете да го издржите пешачењето, ќе стигнете до пабот Old Forge како вистински херои. Веќе сте поминале 29ет километри пешачејќи. Пред вас ќе се отвори свет на мириси на печено кафе, пиво, звуци на шкотски гајди и муабети кои не завршуваат. Локалните мештани ќе ве пречекаат со ракоплескање, додавајќи уште една магија на вашето авантуристичко патување.
Што се однесува до зградата, „Старата ковачница“ била изградена како куќа за станари на стариот имот во 1770тите, пред да биде користена како ковачница од страна на продавачите на железо во 1800тите.
„Какво прекрасно место и какви достигнувања создаде заедницата овде. Ти благодарам , Кнојдарт, за сите овие прекрасни времиња“, напишал еден посетител.
Пабот е оценет со 4,5 ѕвезди-секогаш преполн и покрај екстремното тешко доаѓање.