Грчка гастрономска закуска -Тиропита

Во светот на кулинарството, секоја култура има своја симболична закуска. За Американците, тоа е питата со тиква, за Британците – пита со стек и кромид, за Грците – тиропита. Вистинско искуство на вкусот.

Со своите тенки слоеви хартиено – фило тесто и сочната мешавина од јајца и фета сирење е повеќе од обичнo мезе. Оваа лесна и ронлива закуска стои во малите чинии – мезеди, на грчката трпеза. Ниту едно собирање околу неа не е комплетно без мезеди на масата и мали чаши со узо. Всушност, мезедите се од турско потекло, а тие пак позајмени од персискиот „mazze“ што значи вкус или закуска. Денес овој збор е најпривлечниот кулинарски, „грчки букет“.

Тиропита - Грчка гастрономска закуска

Грчките пекари ја нудат тиропитата во безброј варијации како една од богатите мезиња. Освен класичната сочност на јајцата и фета сирењето во филот, вклучени се и печени црвени пиперки и сирењето познато како „касери“.

Во Грција, нон-стоп  може да се ужива низ гастрономска авантура. Во продолжение, погледнете еден начин како да ја направите оваа пита. Тиропита – Грчка гастрономска закуска.

извор