НУ Центар за култура – Битола во потрага по првонаградениот автор на конкурсот за монодрамски текст

Ну Центар за култура Битола неодамна имаше распишано анонимен конкурс за монодрамски текст. Имено, конкурсот заврши, а прогласени се и наградените. Сите (до сега анонимни имиња) на наградени автори, се пријавeни, но сеуште не е откриен идентитетот на првонаградениот автор.

„Разбуди се“ се приклучува во потрагата на првонаградениот автор со монодрамскиот текст „Мијазми“, шифра: „Баба Јага“. Наградата е во Центарот за култура Битола.

Што се однесува до конкурсот, еве што пренесуваат од Центар за култура. Записникот од жири комисијата ви го пренесуваме во целост:

ЗАПИСНИК НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА

по повод распишаниот АНОНИМЕН КОНКУРС ЗА МОНОДРАМСКИ ТЕКСТ

НУ Центар за култура – Битола, распиша „Анонимен конкурс за монодрамски текст“ од

македонски автор, кој согласно предиспозициите траеше од 1.6.2023 до 30.9.2023 г. со

цел „создавање нови – современи (моно)пиеси, со висока уметничка вредност, кои ќе

можат да се поставуваат на сцените на нашите театри/но и во други објекти од

културата: музеи, библиотеки, образовни институции, поттикнувајќи современата

драматургија во нашата земја. “

На конкурсот пристигнаа четиринаесет текстови со следните наслови и под овие шифри,

подредени по азбучен ред:

1. „Аларм“ – шифра: „White Beliot“

2. „Апостол Павле“ – шифра: „Оче наш“;

3. „Bivir, bivir“ – шифра: „Бивир“;

4. „Верка шнајдерка“ – шифра: „Свилен конец;“

5. „Да се разведам или не“ – шифра: „Хамлет“;

6. „Драма под оревот“ – – шифра: „Стариот орев“;

7. „Еgo sum – јас сум “– шифра: „Ego sum“;

8. „Калина“– шифра: „Казачок“;

9. „Ложа“ – шифра: „Пепел“;

10. „Мијазми “ – шифра: „Баба Јага“;

11. „Мојата душа не знае зошто“ – шифра: „Дасебидеилинекакадесиромео13“;

12. „Прадедо ми“ – шифра: „Јандро“;

13. „Приказни од погребалното“ – шифра: „Конкордија“;

14. „Роденден смртовден“ – шифра: „Христина“

Стручното тричлено жири во состав од:

1.Проф. д-р Ана Стојаноска, театролог, писателка и универзитетска професорка,

2. Проф. д-р по драмски уметности Сашо Димоски, писател, драмски уметник и

универзитетски професор и

3. Билјана Крајчевска, драматург, драмска писателка и сценаристка,

во претходните два месеци ги анализираше сите четиринаесет текстови (напишани на

македонски јазик и неговото кирилско писмо, анонимни со шифра и испратени преку

пошта во три примероци – согласно утврдените параметри на конкурсот).

На неколкуте консултативни состаноци, кои жирито ги одржа, особено оние од 16

декември 2023 год. па наваму, имаше многу забелешки во однос на квалитетот на сите

понудени монодрами како и на непочитувањето на форматот/жанрот на истите.

Според правилникот на распишаниот конкурс, на 22.12.2023 г. жирито ја донесе

следната одлука:

Монодрамскиот текст „Мијазми“ се разликува во начинот на кој што е напишан, но

и во темата што ја позиционира како доминантна, меѓу сите други монодрамски

текстови. Нагласуваме и тоа дека за разлика од повеќето, во суштина гопрепознава и

жанрот и градењето на карактерот на ликот низ дејството што го развива.

Поставена во еден лиминален/меѓувременско-просторен контекст, во една не толку

јасна гранична визија на јасното/рационалното и болното/ирационалното,

монодрамата навестува комплексно драмско дејство, поврзано со идејата да се

разоткрие една патологија од позицијата на самиот

протагонист.

„Мијазми“ во суштина на драмски/театарски начин ја покажува верзијата на состојбата

на протагонистот, кој се наоѓа во ментална институција, а самиот е лекар психијатар.

Оваа амбивалентна поставеност е почетната точка од која се развива драмата и која

полека ги отвора секој од затворените парчиња минато, но и аномалија, како што тоа го

прави и самото лечење на психолошките состојби.

Овој монодрамски текст има основна драмска структура, адекватна на жанрот,

паралелно откривање на мотивација на главниот лик, но и театрална тематска база која

си игра и со гледачите, но и со самиот лик. Сметаме дека станува збор за сериозно

третирање на монодрамскиот жанр со извонредни театарски потенцијали и истата треба

е препорачана и за објавување и за поставување на сцена.

Монодрамата „Ложа“ во прв план ја поставува приказната на протагонистот Виктор, кој

наоѓајќи се во неизвесноста, во „limbo“ на сопственото постоење, тргнува да си го

преиспитува животот и сопствените одлуки, пред публиката – третирајќи ја како актер

во втор план, која ја користи како интимно огледало во која се соочува со сите причинско

последични односи кои до тогаш го форматирале.

Текстот е пишуван во канонот на монодрамата како жанр, со активни реплики

карактеристични за жанрот, давајќи јасен простор за сценска интерпретација и

режисерска постановка на истиот. Секако и овој монодрамски текст е предложен за

објавување.

Текстот „Bivir, bivir“ раскажува приказна за голготата на едно еврејско семејство преку

главната протагонистка, односно гласот на текстот – ликот на Хана, која патува по

сопствената семејна историја, чиј мотив е да стигне поблиску до себе си.

Драмското дејство се одвива преку реминисценциите на протагонистката (вистински и

измислени случки) во кои доследно се имплементирани и референтните исечоци од

„Роман во слики“ од Горадана Кујиќ, „Сефардски одгласи“ од Мориц Романов и

сведоштвата на преживеаната Жамила Колономос, (како и искази и стенограми на

членовите на Еврејската заедница) што укажува на уште еден метод во градењето на

драмската структура и заплетот.

Текстот уредно го задржува форматот на монодрамскиот формат како специфичен

драмски жанр и преку прецизните густи места остава простор за сценска интерпретација

на истиот.

Со овој текст, сметаме дека станува збор за монодрамски текст со театарски потенцијали

и истата е препорачана и за објавување.

Скопје, 22 декември, 2023 г.__