50 работи што мора да ги направите пред да умрете

50 работи што мора да ги направите – авантура, ден по ден до крајот на животот. Животот не треба да биде обична рутина. Ако сте го гледале филмот The Bucket List со Морган Фримен и Џек Николсон, тогаш веќе ја знаете идејата. Создавање листа на желби кои ќе му дадат на животот вистинска смисла! Не мора да чекате пензија или некој судбоносен момент за да почнете да ги исполнувате вашите соништа.

Без разлика дали сакате да ја видите Аурора Бореалис, да научите нов јазик, да пробате најлуда храна – ова е вашата шанса да го разубавите патувањето наречено живот. А 50-те работи? Тие не се фиксен список туку бесконечни можности. Вашите 50, 100 или само 5 важни нешта – се оние што ќе ве исполнат со радост.

Но, да не мислевте дека навистина ќе наброиме точно 50 работи и дека уште кај петтата ќе престаневте да читате? Не, се лажете. Тие „50 работи“ се чиста метафора.

Најдобрите нешта што треба да ги направите – веќе ги знаете. Длабоко во себе, сте размислувале  за нив, сте ги посакувале, а можеби сте се двоумеле да ги остварите. Ова нееобична листа. Ова е потсетник дека не постои вистински момент за да го живеете животот – вистинскиот момент е сега.

Поентата не е во бројките туку во храброста. Она што го знаете и во што се сомневате – направете го јаве. На крајот на денот, нештата што навистина вредат не се мерат во бројки туку во искуства што ви го разубавуваат срцето.

Затоа не чекајте совршен момент – создадете го. Заминете на тој долг пат што сте го посакувале долго време, кажете ги зборовите што ги чувате во себе, ризикувајте да бидете среќни, Животот не доаѓа со список за одобрување, но вие можете да го исполните со моменти што ќе сакате да ги препрочитувате како најдобрата приказна некош раскажана.

А сега, што чекате? Вашата авантура веќе започна.

50 работи што треба да ги направите пред да умрете

извор

[post_tags]