4 психолошки трилери кои ќе ве замислат – Дали ќе ја откриете нивната приказна

психолошки трилери

Само за љубителите на психолошки трилери!

Летото е одлично за филмови, а сега со помош на филмските платформи, достапни ни се сите жанрови. Во продолжение ви нудиме листа од 4 психолошки трилери кои ќе ве замислат и долго откако ќе ги изгледате, ќе размислувате околу нивната приказна. Доколку до сега не сте ги гледале, време е да се пуштите во „акција“ и да уживате во задоволство за кое само љубителите на овој жанр знаат.

Secret Window

Џони Деп ја игра уогата на писател кој се обидува да го преболи болниот развод од сопругата.

Дејствието се случува во оддалечена куќа покрај езеро, каде Деп престојува обидувајќи се да напише книга. Пресвртот започнува кога еден ден го посетува мистериозен човек кој го обвинува за плагијат и му се заканува.

Писателот се обидува да сфати кој е човекот и што навистина се случува. За сето тоа полека да кулминира во сомнеж во реалноста. Истото чувство се пренесува и на публиката…

Exam

Ова е нискобуџетен филм и неговото дејство е сместено во една просторија. Но, и покрај тоа што филмот не изгледа спектакуларно во контекст на неговиот влог околу опрема, костими, студио и слично, не значи дека приказната не е возбудлива. Акцентот се дава токму на неа и филмот станува дури и морничав.

„Главните ликови се осум луѓе кои се на интервју за работа за наводно многу важна позиција.

За интервјуто, тие добиваат тест со едно едноставно прашање, а притоа треба да следат неколку правила.

Како што тензијата во собата расте, ситуацијата брзо кулминира.“

Stoker

Stoker е навистина морничав трилер. Актерите се светски познати за пубиката. Станува збор за Никол Кидман и Миа Васиковска.

„Главниот лик е Индија – девојка чиј татко загинува на нејзиниот 18-ти роденден. Индија живее со мајка ѝ која има психолошки проблеми, а во нивниот дом се вселува и Чарли – помладиот брат на татко ѝ.

Дотогаш Индија не ни знаела дека Чарли постои, па неговото присуство во домот навистина ѝ пречи.“

„Тајна опсесија“ (англ. Secret obsession)

Млада жена страда од амнезија по насилен напад. Како што нејзините спомени се враќаат, таа не знае кому да верува.