Art Time
Неделен репертоар на 3Д кино Битола – Кога соништата се остваруваат на филмското платно
Кој вели дека моите соништа треба да си останат само соништа? – Ариел од Малата сирена. Злоупотребувајќи го цитатот на познатата приказна што Дизни ја имаше остварено во анимиран филм, ви најавуваме уште едно филмско доживување. Станува збор за филм работен според приказната на малата сирена кој ќе ја израдува најмладата публика и секако онаа […]
Кој вели дека моите соништа треба да си останат само соништа? – Ариел од Малата сирена.
Злоупотребувајќи го цитатот на познатата приказна што Дизни ја имаше остварено во анимиран филм, ви најавуваме уште едно филмско доживување. Станува збор за филм работен според приказната на малата сирена кој ќе ја израдува најмладата публика и секако онаа која сеуште го негува детето во себе кое сонува.
Во Битолското 3 Д кино, деновиве ќе имате прилика да го погледнете овој филм на големо платно, а освен тоа, ќе можете да уживате и во „Transformers – Подем на ѕверовите“ кој исто така се наоѓа на репертоар.



