Време е за пуканки, кежуал гардероба и вие кои удобно се сместувате над црвените столчиња во 3D Кино Битола. A од таму, навистина се погрижиле да ги задоволат апетитите на сечиј вкус.
Анимиран филм, треилер, драма… Уживајте во репертоарот, а подолу прочитајте што би ве очекувало во нашето 3D кино.
Бунтовната принцеза
Комедија, Акција, Анимиран
Во оваа модерна приказна инспирирана од класичните бајки, храбрaта принцеза Мина не го слуша својот татко и решава сама да си го избере сопругот – Ронан.
Во оваа модерна приказна инспирирана од класичните бајки, храбрaта принцеза Мина не го слуша својот татко и решава сама да си го избере сопругот – Ронан, паметно и љубопитно момче кое сака книги, сосема поразличен од традиционалните принцови.
Но, кога свадбената прослава започнува, доаѓа страшен змеј и ја носи принцезата далеку! Сега, Ронан мора да тргне на опасно патување за да ја спаси. Неговата авантура го води низ далечни земји, полни со магија и мистерии, додека тој храбро го бара својот пат до неа. Во меѓувреме, Мина е заробена од злобниот волшебник Кезабор, кој веќе грабнал многу принцези, претворајќи ги во златни статуи. Но, Мина не се плаши! Таа решава да преземе акција, да ја скрши магијата и да се бори за слободата на сите! Дали Ронан ќе стигне на време? Дали Мина ќе го победи Кезабор? Почнува една возбудлива бајка полна со храброст, пријателство и магија! Глумци: Борче Нацев, Миа Кантарџиева, Дејан Лилиќ, Никола Ристановски, Тања Кочовска, Предраг Павловски, Димитрије Доксевски, Андреј Лалчевски, Филип Трајковиќ, Александар Микиќ.”
A Working Man
Акција, трилер
Џејсон Стејтам во главната улога и Силвестер Сталоне како сценарист ги здружуваат силите во овој незапирлив акционен спектакл!
Џејсон Стејтам се враќа во извонредниот акционен трилер како Левон Кејд… Човек кој го оставил своето опасно минато зад себе и нашол мир во градежната работа. Додека се труди да биде добар татко и најпосле да живее едноставен живот. Неговиот свет ќе се сврти наопаку кога ќерката на шефот ќе исчезне без трага.
Во обид да ја најде, Левон мора да се врати на вештините кои некогаш го правеле легенда во тајниот свет на специјални операции. Но, колку подлабоко се впушта во истрагата, толку повеќе открива мрачен заговор. Заговор кој се заканува да го уништи неговиот тешко стекнат мир, како и животите на неговите сакани.”
Wild diamond
,,Деветнаесетгодишна девојка, живее со својата мајка и сестра во мало јужно гратче и сонува за слава како учесничка во реално ТВ шоу. Кога се пријавува на аудиција за „Островот на чудата“, изгледа дека нејзиниот момент на пробив е пред врата — но исчекувањето брзо се претвора во разочарување, а надежите на Лиан почнуваат да се рушат додека паѓа во самосомневање… “
Детали околу проекциите прочитајте тука.