Година: Г

Димитар Андоновски во YUGO – Од поп музика, слушал само Вивалди, ама ко ќе е пишано, пишано е!

Димитар Андоновски во YUGO – Од поп музика, слушал само Вивалди, ама ко ќе е пишано, пишано е!

Димитар Андоновски во YUGO. Мими се испоштова со гостинот и си го пречека поп пејачот во веќе најпопуларната емисија во македонскиот етер и пошироко, во YUGO. Со топло добредојде и клима (шо не била рачна појќе), се подрајваја по стрито. (И тро клизачи му влегоја на еден камион али то меѓу нас.) ... И да не се оддалечваме од муабето. Во YUGO големото музичко име и екстра популарната ѕвезда, како на македонската така и на балканската сцена, започна да зборува за својата кариера. За неговите успеси, почетоци, неговите желби и аспирации кон музиката. Како Димитар стана дел од ,,петтолинието" на…
Прочитај повеќе
Битолчани за Горан Стефановски – Читална посветена на македонскиот Шекспир

Битолчани за Горан Стефановски – Читална посветена на македонскиот Шекспир

На денешен ден, 27 април 1952 година, во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски. Две битолски уметници, Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска обединети во заеднички проект ,,Цртај на македонски јазик ‘’, со извонредна идеја. Имено овие две дами, одлучија на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски„ во Битола да им направат читална посветена на македонскиот Шекспир. Локацијата на читалната, е само на 200 метри оддалеченост од куќата на ул. Београдска во која се родил Горан Стефановски. За овој проект добија поддршка од Министерството за култура. Добија и соодветен простор од битолската библиотека. Деновиве ги прават последните подготовки за нејзино отворање…
Прочитај повеќе
Признанието „Златен објектив“, годинава во рацете на Столе Попов

Признанието „Златен објектив“, годинава во рацете на Столе Попов

Добитник на годишниот „Златен објектив“, традиционално признание што го доделува Кинотеката на Македонија по повод нејзиниот роденден, е познатиот сценарист, режисер, продуцент и автор. Еминентно име во македонската филмска сцена - Столе Попов. „Попов, како што наведува Кинотека, ја задолжи националната кинематографија не само со својот наградуван филмски опус, туку и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование.“ - пренесува nezavisen.mk. Едни од најпознатите наслови на негови филмови се „СРЕЌНА НОВА ‘49 (1986)“; „ТЕТОВИРАЊЕ (1991)“; „ЏИПСКИ МЕЏИК (1997)“; „ДО БАЛЧАК (2014)“. „Златниот објектив“ ќе се додели на свечената манифестација што ќе се одржи…
Прочитај повеќе
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена. Имено, фестивалот на сцена ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал. „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector. Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ . Полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња. Но, и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.  Овогодинешното издание наС.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00…
Прочитај повеќе
СТУДИО М – Вашиот унукатен израз

СТУДИО М – Вашиот унукатен израз

Разбудете ја својата индивидуалност во СТУДИО М. Место во кое иновативните техники се среќаваат со персонализирани пристапи. Креативноста и вештите раце на професионалните стилисти, ќе ги исполнат вашите желби и од салонот, ќе излезете со насмевка, задоволство и онаа добро позната нежна дамска вибрација. Вибрација што понатаму ќе знае да брилира во уникатна приказна која ќе запише историја за убавината или историја за една прекрасна и негувана дама. СТУДИО М е посебен храм на убавината и елегантно визуелно искуство што ќе ве одведе во свет на безвременска елеганција, на смелост, на восхит. View this post on Instagram A post shared by…
Прочитај повеќе
Забавата заврши! – Забрана за паметниот телефон?

Забавата заврши! – Забрана за паметниот телефон?

„Глупав“ или ДОСАДЕН мобилен телефон - Ќе не спречи ли ова од „киснење“ по социјални мрежи? Епа редно беше на некој нешто да му текни. Или... од толку напред напред, па и се очекуваше тро да се вратиме некој чекор назад. Имено, од пиварата „Хајнекен“ и американската компанија за облека „Бодега“ се лансира „глуп“ мобилен телефон. Што значи тоа? Па, факт е дека младите (а мора да признајме и останатите) киснат на социјални мрежи и непара гледАт шо се дешава околу нив. Часовите поминуваат во скролање на екранот. Всушност гледаме во празно затоа што докажано е дека од 100 проценти…
Прочитај повеќе
Изградена е копија на Санторини во Кина ! Но, дали е подобра од оргиналот?

Изградена е копија на Санторини во Кина ! Но, дали е подобра од оргиналот?

Добро е познато дека кинезите се секогаш со високи амбиции. Во поглед на работата, секогаш гледаат да го следат светскиот тренд и да внесуваат иновација, а можеби и секогаш се пред пазарот. Но, овој пат сакаат да докажат нешто друго. Па зошто да се мачат и да одам до Санторини, кога Санторини може да се најде кај нив. Станува збор за копија од најпознатата туристичка дестинација во Грција, која сега е „преместена“ во Кина. Т.н. Кинески Санторини се наоѓа во југозападната провинција Јунан. „Навистина предизвикува атмосфера на космополитски остров. Одморалиштето „Дали, земјата на соништата“ е изградено покрај планинскиот венец Кангшан,…
Прочитај повеќе
Барајте дијазепам за французите – Мулен Руж се распаѓа!

Барајте дијазепам за французите – Мулен Руж се распаѓа!

Мулен Руж се распаѓа! Епа пошо сите вести одат како небаре арката се спрема и кај и да е ќе мани пак некој потоп, ете и ние да почниме така. Оти во последно време се само слушам дека треба да ги пратиме трендовите. И се некако си мислам оти одамна трендот за црниот хумор трај(се зсдржа) или пак црната класична хроника е најчитана. Па нели, црното е секогаш во мода. Да не гњавиме... Начи ко шо кажавме, светот се распаѓа а се распаѓа и Мулен Руж велат медиумите. Велат или можеби врискаат? А уствари за шо станва збор? Паднало едно…
Прочитај повеќе
Заврши животниот пат на Велибор Џаровски-Џаро! – Најпознатиот менаџе во поранешна Југославија

Заврши животниот пат на Велибор Џаровски-Џаро! – Најпознатиот менаџе во поранешна Југославија

Денеска на 75 годишна возраст почина легендарниот Велибор Џаровски-Џаро. Јавноста го знаеше како еден од најпопуларните менаџери на просторите на бивша Југославија. Велибор беше популарно име меѓу музичките ѕвезди, а тој соработуваше со многу од нив меѓу кои Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Мишо Ковач и други. Според една од неговите изјави, тој имал организирано 5000 концерти и многу турнеи. Неговата кариера беше на далеку прочуена , а минатата година беше промовирана биографската книга за неговиот живот „Џаро -Живот на коцка“. Во описот, за ова книжевно дело е запишано: „Животот на Велибор Џаровски-…
Прочитај повеќе
НУ Камерен Оркестар на Битола најавува голем рок концерт во спортската сала Боро Чурлевски, Битола

НУ Камерен Оркестар на Битола најавува голем рок концерт во спортската сала Боро Чурлевски, Битола

На 28.04.2024, спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе ечи во звуците на најдобрите македонски рок хитови. За првпат по речиси една деценија, спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе биде домаќин на голем рок концерт. Истиот е организиран од најдобриот битолски бренд НУ Камерен Оркестар на Битола. Македонска Рок Симфонија е настан на кој присутните ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите македонски рок хитови. Од Архангел, Леб и Сол, Ареа, Лева Патика во изведба на НУ Камерен Оркестар на Битола и Дани Димитровска, Ружица (Ареа), Јасн Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет. „Спортската сала Боро Чурлевски во минатото…
Прочитај повеќе