Година: Г

Велигден – Што го прави толку посебен?

Велигден – Што го прави толку посебен?

Велигден! Што го прави толку посебен во овие моменти на непогоди кога се чини дека сè е загубено! Воскреснувањето не е само вербална идеја, туку искуство на трансформација. Секој нов ден е шанса да се претвориме од обични во извонредни, од сива рутина во музичко капричо како жива мелодија. Велигден нè потсетува дека постои надеж, обнова и возможност за нов почеток. Секој Велигден го носи пикот на значењето на обновата, затоа што во секој нов Велигден живее промена и воскресение. Христијанството, примерно го смета воскресението на Исус Христос како најважно случување во верската историја. Тоа е симбол на победата над…
Прочитај повеќе
Животните со лекција за луѓето: Родителството не е само одговорност на мајката

Животните со лекција за луѓето: Родителството не е само одговорност на мајката

Супер татковци - Највеличествените Татковци кај животните Супер татковци кај животните кои не престануваат да изненадуваат со својата лојалност и грижа кон потомството. И додека мажјаците од сите видови играат главна улога во одгледувањето на младите, некои од нив го подигнуваат стандардот на татковство на сосема ново ниво. Овие пет супер татковци се вистински супер херои кога станува збор за грижа за потомството. Погледнете ги нивните постапки за усвојување на различни методи за одгледување и заштита на нивните млади. Морскиот коњ - Супер татко меѓу животните Морските коњи имаат способност да го носат нероденото потомство. Бременоста трае 10 до 25…
Прочитај повеќе
Велики Четврток и Велики Петок-кога верата трае и ништо и никој не ја надминува

Велики Четврток и Велики Петок-кога верата трае и ништо и никој не ја надминува

Велики Четврток и Велики Петок, два дена со огромно значење во христијанството. Велики Четврток и Велики Петок претставуваат светли точки во врзувањето на верските традиции и духовната сфера. Тоа се празници кои се преполнети со древни обичаи, традиции и врвни моменти од библиската причина на „Страсната седмица“. Овие два дена го подигнуваат верското восхитување и размислување за значењето на верата и жртвата. Заедно да ги истражиме длабоките симболи на Велики Четврток и Велики Петок што ги красат овие два најважни дена во христијанството. Страсната седмица и Великиот Четврток Велики Четврток е четвртиот ден од Страсната Седмица пред Велигден. Името „страсна“…
Прочитај повеќе
„Да ја прославиме модата, љубовта и слободата заедно“ – Muamed Malikowsky, модниот дизајнер прославува во тоа име и ја потсеќа Битола дека ова е град на соништата

„Да ја прославиме модата, љубовта и слободата заедно“ – Muamed Malikowsky, модниот дизајнер прославува во тоа име и ја потсеќа Битола дека ова е град на соништата

И доколку сите би биле полни со колоритни идеи, секогаш би недостасувале четки.. Четки за да го обоиме тоа наше животно платно. Ова не го кажувам како да не би требало да бидеме тие личности. Напротив. Што ако светот го гледаме позитивно? Што ако постојано имаме иницијатива за да направиме нешто забавно, нешто добро, слободно. И нешто што за миг ќе направи да се чувствуваме дека сме многу близу до тој париски шмек или италијанска страст. Токму со таква мисија e Muamed Malikowsky. Имено, Muamed решава да ги следи соништата и баш така да зачекори во светот на боите, на…
Прочитај повеќе
1ви Мај Бонтон – Некогаш и сега

1ви Мај Бонтон – Некогаш и сега

1ви Мај ден на трудот, на работникот и ден за на ливада! Али порано беше инаку..Хммм Некогаш на 1ви Мај: Ќе не дуздисаја во најбатал тренерчина, ќе не пикнеа во некоја застава (фичо, пегле, стоедно, југо, а можи и лада ниво нешто). Ќе не натовареа, а таму секогаш... Ама секогаш копаше на ауспух, малку запотена мишка и на кромидо од в багажник! И на едно четириесет степенчиња си вриеше стиснат или в скут кај вујна ти, или кај мајка ти, кај тетка ти… Сите натоварени со летни столици и маси (пластични, на отварајне). Скарата купена, алкохолот в багажник. И се…
Прочитај повеќе
Велигденско декорирање на јајца – Супер креативни и забавни идеи

Велигденско декорирање на јајца – Супер креативни и забавни идеи

Веќе се во тек подготовките за прославување на најголемиот христијански празник Велигден, празникот на Христовото воскресение. Ова e најсветлиот христијански празник и добро знаеме дека јајцето е најголемиот симбол. Традиционално пред Велигден, на Велики Четврток, во секој дом се вапсуваат јајца. Токму тие го симболизираат воскреснувањето и почетокот на нов живот. Ова е еден од најубавите и највеселите православни обичаи кој се негува до ден денес. А нему најповеќе му се радуваат децата. Во прилог, ви пренесуваме неколку креативни и забавни идеи за декорирање на велигденски јајца, со кои најповеќе веруваме дека ќе се израдуваат вашите малечки. Сепак, не заборавајте…
Прочитај повеќе
„Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ – Проект на Здружението за развој на ромската заедница

„Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ – Проект на Здружението за развој на ромската заедница

Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница го имплементира проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ . Истиот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија. Целта на проектот е да им се обезбеди на младите девојки и жени со помали можности од општина Битола и пелагонискиот регион, теоретско знаење. Знаење кое ќе им помогне подобро да го разберат системот. И доследно да ги користат демократските алатки. Токму со тоа да ја зајакнат нивната политичка зрелост и да бидат активни граѓани во општеството…
Прочитај повеќе
„Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух“ – Денес – Меѓународен ден на танцот

„Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух“ – Денес – Меѓународен ден на танцот

По повод меѓународниот ден на танцот, како интернет портал и сајт кој ја буди свеста кон убавото, креативното и уметноста во целост, ви ја пренесуваме пораката на примабалерината Александра Мијалкова: „Со огромно задоволство ја пишувам пораката до сите танчери кои својот живот го посветија на оваа уметност и до сите љубители на танцот. Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина. Трансформативната моќ на танц от како уметничка форма. Форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност. Уметност на движење…
Прочитај повеќе
НУ Камерен Оркестар со спектакуларен концерт – Македонска Рок Симфонија во спортската сала Боро Чурлевски во Битола

НУ Камерен Оркестар со спектакуларен концерт – Македонска Рок Симфонија во спортската сала Боро Чурлевски во Битола

Минатата вечер, НУ Камерен Оркестар на Битола направи вистинско музичко уживање насловено „Македонска Рок Симфонија“ во спортската сала „Боро Чурлевски“. Концертот беше вистински музички спектакл. Ги потсети сите присутни на извонредната музика и квалитетот кој македонската музика го има. Истиот, го стави македонското музичко наследство на едно друго ниво кое е од непроценлива вредност за нашето општество. Јужната трибина на спортската сала Боро Чурлевски беше целосно исполнета... А публиката во еден глас со Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет ги пееше најдобрите македонски рок хитови од добропознатите Конкорд, Архангел. Од Леб и сол, Лева…
Прочитај повеќе
Првиот поткаст од серијалот „Are you ready for Pelister?“

Првиот поткаст од серијалот „Are you ready for Pelister?“

„Are you ready for Pelister?“ е насловот на првиот поткаст чија крајна евидентна цел е да ја зголеми туристичката привлечност на оваа планина. На Pelister. Ова е клучна туристичка дестинација и на далеку познато име, па време е да се промовираат неговите убавини. Да се потсетиме на она што го имаме... Преку визуелна и вербална дискусија да ја вратиме довербата кај домашните и странските туристи. Имено, како што е и запишано во известувањето за оваа иницијатива, поткастите се снимаат во рамките на проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? („Are you ready for Pelister?) На ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува…
Прочитај повеќе