Година: Г

Попара е работата во модниот свет! – Овие фармерки се продават на големо?!

Попара е работата во модниот свет! – Овие фармерки се продават на големо?!

Фала Богу одма си помисливте оти овие фармерки ги дизајнирал Баленсијага. Ама има уште едни несфатени уметници во светот на модата. Епа ко можи во секоја сфера се да е однопаку, зошто да не и во модата. И ко ќе видиш шо да се измислува појќе се исповидовме. Гали вечери, принцези, пуф ракај, „нејкет лукој“… Па едно време излегваја водени во глајте или барем така изгледаја, па.. Чуда.. Јако беше шо Баленсијага последно или претпоследно имаше најлони за ѓубре шо ги продаваше за енормни суми и фала богу овие инфлуенсериве се тепаја кој да ги носи и кој да ги…
Прочитај повеќе
Магијата на јагодите – домашен џем што ги украсува студените денови

Магијата на јагодите – домашен џем што ги украсува студените денови

Магијата на јагодите стартува! ! Со јагодите започнува шарената палитра на можноста за нивна консумација. Освежувачки сокови, кремаст милкшејк, прекрасни колачи. Јагодите на секоја трпеза доаѓаат со обилност на вкусови и мириси. Меѓу оваа многубројна понуда, едно класично задоволство опстојува: домашен џем од јагоди. Овој мал деликатес од природата, трајно остава свој потпис на трпезата. Особено во студените месеци, кога сонцето е ретка појава, а јагодата, присутна. Процесот на приготвување на овој џем е лесен, а мирисот кој ќе се рашири околу вас ќе ве пренесе во светот на слатките задоволства. Подготовката започнува со средување на јагодите. Тие се мијат,…
Прочитај повеќе
Никаде не брзаме, успех доаѓа секако

Никаде не брзаме, успех доаѓа секако

Зошто оној за кого не очекувате успех, успева побргу? Тајната за успех, и тајната на успешните луѓе е комплексен систем. Систем на изграденост на личноста... На воспоставени релации со околината, изоштрена интуиција и рискантност, посветеност и знаење, и пред сите овие карактеристики, чувство на самодоверба. „Изброј до три, пред да кажеш/направиш нешто“, „размисли, па кажи“, „три пати мери, па сечи“. Многу често слушаме дека паметните молчат, мудрите го одредуваат вистинскиот момент. Тогаш зошто младиот човек најчесто избрзува? Која е тајната на еден успех? Сакајќи да се докаже, да ја задоволи потребата од да биде пофален, да се истакне, неговата брзоплетост, најчесто го води до губење…
Прочитај повеќе
ЉУБОВ И ИДЕНТИТЕТ – Одаја на автентичност – Колумна на Ромина Марковска

ЉУБОВ И ИДЕНТИТЕТ – Одаја на автентичност – Колумна на Ромина Марковска

Љубов и идентитет е топ тема на сите времиња. Љубовта како симбол на емоционалната интимност и социјална врска, идентитетот како отпечаток на индивидуалноста. Од моментот на зачнување го бараме значењето и допирот со другите срца за да го истражиме горивото на животот. И за да го отвориме вистинското есенцијално лице преку интензивни интеракции и значење на другите. Најверојатно во утробата на мајката започнува нашето патување по патеката на љубовта и тој идентитет. За нив знаеме откако знаеме за себе. Љубовта и идентитетот како универзални концепти го определуваат начинот на кој ја доживуваме реалноста Искуствено - од еуфорија на вљубеност до…
Прочитај повеќе
Мет Гала 2024 со скриени пораки – Видео

Мет Гала 2024 со скриени пораки – Видео

Црвениот тепих на Мет Гала 2024! Мет Гала, секоја година привлекува внимание со својата неверојатна колекција на модни дизајнери. На модели и најсветли ѕвезди на музиката и филмот. Изложбата на Институтот за костими, оваа година е насловена како „Заспани убавици“ – повторно будење на модата. „Модата е е една од најемотивните уметнички форми поради нејзината поврзаност со телото“, објасни Ендрју Болтон, куратор на Венди Ју, одговорен за Институтот за костими. „Тоа е проткаено со меморија и емоции, а ние многу се поврзуваме со него преку нашите сетила. Едно нешто што се надевам е дека ова шоу ќе го активира е…
Прочитај повеќе
Празнична кошарка-Велигденскиот турнир 2024 ја оживува Битола

Празнична кошарка-Велигденскиот турнир 2024 ја оживува Битола

Празнична кошарка! Велигденскиот турнир ја оживува Битола! Отворањето на Велигденскиот турнир на кошарката во средното медицинско училиште д-р Јован Калаузи во Битола ќе се случи на 11ти мај, 2024 година во сабота во 13 часот. Тоа е повеќе од само спортско настапување. Toa e празник на младоста, на историјата на нашиот град и на вистинската љубов кон кошарка та. Турнирот е организиран од страна на кошаркарскиот клуб „Младост“ Битола и поддржан од Rhino Entertainment Group. Тој ги обединува децата и младите во љубов кон еден од омилените спортови, кошарката. Во таа смисла, Горјан Стојановски, претседателот на клубот „Младост“ од Битола,…
Прочитај повеќе
Моден настан и креатива која излегува од клишеата! – Разговор со еден од тимовите на „Креативен ден“

Моден настан и креатива која излегува од клишеата! – Разговор со еден од тимовите на „Креативен ден“

За „Разбуди се“ следењето на овој настан, беше патување и креатива која излегува од клишеата за сѐ што се очекува од еден голем ден. Брилијантни умови, креативци, талентирани ученици и дами кои знаат што значи модниот пулс, реализираат фантастична приказна, на која искрено (ако можеби не бев толку заангажирана) ми доаѓа да им се придружам. Од досегашните разговори, видовме дека тоа се уникатни луѓе со уникатен стил…На живот, на создавање, на битисување. Живеат во име на модата, на стилот, на боите и сето она што е убаво. Креациите кои ќе ги претстават на настанот ги изработуваат до најмал детаљ. До…
Прочитај повеќе
Мими ,,стегна заби” и му го даде југото на Александра Јанева – Почуден? Сто посто!

Мими ,,стегна заби” и му го даде југото на Александра Јанева – Почуден? Сто посто!

Талент си е талент и така Александра Јанева го покажала афинитетот за пеење уште од мали нозе. Јако е оти не почнала со зборање, ами со песна. ,,Милке душо" е првото нешто шо го запеала. Јанева го сподели овај интересничок детал, али како публика се разочаравме оти сето то било евидентирано на касета, ама сега го нема. Е сеа знајме оти касетите не трат, па не можиме да го видиме тој момент. Мислам замисли, да ти започни животО со песна. То е то. А баш по ова се гледа оти Александра Јанева е позитивен чоек со позотивен и оптимички став.…
Прочитај повеќе
Велигденско сакме на САРКОНИ и ,,БРИЧ” парти ,,ин лајф”!

Велигденско сакме на САРКОНИ и ,,БРИЧ” парти ,,ин лајф”!

Колумната подолу, (тогаш за друг веб сајт, насловена како,, Велигденско сако и ципела нова", е од архива од пред едно 7-8 години, али ваљда и не се Ногу менати работите... Ете како таа звучеше: ,,Велигден! За многу години да ни е! Ама она шо се изнадеси по корзото некни, кои ноџиња го испогазија, со проштење али и кадро и некадро! Велигденско расположење на Широк Сокак во кабадајски брич ,,стајл". Ако не се излезени од дома, ако еднаш годишно излегват со новите челиња и ги газат плочките и седнуват по ресторани, не значи дека треба да се некултурни. Изгледа се обратно…
Прочитај повеќе
Велигденски необични традиции од целиот свет – Ќе го разубават вашето секојдневие

Велигденски необични традиции од целиот свет – Ќе го разубават вашето секојдневие

Велигденски необични традиции од целиот свет! Велигденските традиции иако со различни интерпретации, една работа е сигурна: тоа е време на прослава и обнова. Откријте некои од најневеројатните начини на кои луѓето го прославуваат овој голем ден. Мистериозни криминални приказни во Норвешка Во Норвешка, Велигден е време за читање криминални приказни и детективски трилери. Оваа необична традиција ги заплетува луѓето во мистериозни светови. Се добива впечаток дека „целата земја е во неизвесност бидејќи издавачите, радиото и ТВ станиците создаваат мистерии за убиства, па дури и млечната компанија придонесува со печатење приказни на кутии со млеко.“ Летање змејови на Бермуди Бермудите го…
Прочитај повеќе