Кој е најчестиот сон, каква порака носи?
Одговорот го добивме од Amerisleep. Нивното истражување e спроведено на над 2 000 Американци. Прочитајте кој е најчестиот сон и каква порака носи? Најчестиот повторлив сон е „паѓање“ со 53,5 % од учесниците кои го доживеале овој сон повеќе од еднаш. Други чести соништа вклучуваат бркање, враќање на училиште, неподготвеност за тест и летање. Овде ви го откриваме нивното значење: -Паѓање - симболизира емоционални падови или губење контрола -Бркање - укажува на избегнување конфликти или обврски -Назад на училиште - поврзано со стрес од работа или кариера -Неподготвеност за тест - симболизира срам или вина за професионални или лични обврски…