Година: Г

Лилето и Гичето под скриената камера на „Разбуди се“ – Епизода 2: Шубо е да си мажена!

Лилето и Гичето под скриената камера на „Разбуди се“ – Епизода 2: Шубо е да си мажена!

Гичето и Лилето си ги знаеме сто години. А можда и појќе. И се некако не е мрдната работата од место. Па така и Лилето и Гичето остануваат истите жени низ времињата. Истите мајки, со истите фути, исти костими, тенџериња, штавиња, лајци, кутлачи и пајнци. „Шубо е да си мажена!“ си велат и клават уше две јајца во тестото. ...И ако не си го напрајме филмо оти е најубо, шо муабет… Овој пат, „Разбуди се“, намести скриена камера и можда партали е снимката, али муабето е јак. А и друго е ко ќе ги видиш реакциите. Затоа одлучивме да ја…
Прочитај повеќе
Кога ќе се ослободиш од сите драгони – Почнуваш да живееш!

Кога ќе се ослободиш од сите драгони – Почнуваш да живееш!

Драгони, Демони, Пандорина кутија, Ниски страсти, Стравови? Која е пораката? Како да се ослободиме, кога не ни знаеме кои се? Што порачуваат филозофиите за добар живот низ вековите? Кога ќе се ослободиш од сите драгони- почнуваш да живееш! Ќе цитирам Библиска мудрост: „На почетокот беше мисла, па стана реч, рече Бог и би така“. Многу често се радуваме на позитивни, ведри, храбри личности и се прашуваме како го постигнале тоа. Вообичаено, истите тие личности се и доста успешни во тоа што го прават, имаат позитивна енергија во своите семејства и со своите деца. Релаксирани се и финансиски, уживаат некоја комоција,…
Прочитај повеќе
Најновите филмски хитови во 3Д КИНО БИТОЛА: „Despicable me 4“ и „A Quiet Place DAY ONE“

Најновите филмски хитови во 3Д КИНО БИТОЛА: „Despicable me 4“ и „A Quiet Place DAY ONE“

Најновите филмски хитови ќе ве остават на работ на седиштето во 3Д Кино Битола. „Подлиот Јас 4“ и „A Quiet Place DAY ONE“ се незаборавни авантури полни со хумор, акција и емоции. Уживајте низ световите на подлите и смешните како и на напнатите и емотивни семејни драми. „A Quiet Place DAY ONE “e еден од најновите филмски хитови во 3Д Кино Битола „A Quiet Place DAY ONE“ е филм кој ги истакнува семејните вредности и силните семејни врски. Во свет каде што тишината е клучот за опстанок, семејството се наоѓа пред огромни опасности. Оваа драма на напнатост е исто така…
Прочитај повеќе
Холивудски трачарлуци – Марго Роби ја чека првата радост

Холивудски трачарлуци – Марго Роби ја чека првата радост

„Трудноча - мајата“ фати и кај барбиките во Холивуд. Марго Роби трудна! Уау! Шо мислеше? Така ќе помини актеркава? Гарант нема лабаво и во Холивуд. Стапнуваш и одма те тероризират: „Ајде до кај сте?“ Така и Роби со избраникот. Инаку парот се запознал на сет во 2014 додека работелe на филмот Suite Française од 2014 година. До тогаш (барбиката шо после филмот „Barbie“ донесе пинк треска и попара напрај кај чупињата оти сите си мислат оти станаЈа кукли наеднаш), абер немала да „земи некој на душа“. Марго Роби, не планирала врска, не се замислувала во брак, а камоли да има…
Прочитај повеќе
„Спојвам беќарчиња и стари моми“ – Ново видео на Марјан Георгиевски

„Спојвам беќарчиња и стари моми“ – Ново видео на Марјан Георгиевски

Плус 50 степени, ама Жана клима не пушта. Ги вентилира собите и се трпи и со притисоци. Кафето се шмрка, традицијата продолжува. Жана и Мирето на Марјан Георгиевски и на жешкото муабетат. До душа потојни ја искинаја Мирето в полојна, се плаши да не изнастини и ама то е… Живечката мора да се одржава и во најновата епизода и видеото на Марјан Георгиевски, а понекогаш и кафето е лек за сѐ. Е сеа на муабето за климата и Жана како змија с'ска, па ја мава в клизачи комшивката: „Вие не вентилирате, на пуфлојна ви мириса стано“. Епа богами нe се…
Прочитај повеќе
„Слушни ме” – Проект кој гласно зборува за проблемот меѓуврсничко насилство

„Слушни ме” – Проект кој гласно зборува за проблемот меѓуврсничко насилство

Меѓуврсничко насилство постои. Го има и демнее од секој ќош и за жал се повеќе се случува. За да го спречиме - треба да го препознаеме. А, за да го препознаеме, треба отворено, гласно, без заобиколувања, страв и срам да зборуваме за проблемите. Токму тоа е целта социјалната иницијатива „Слушни ме" на Едукативниот Центар Едусфера. Оваа иницијатива е дел од проектот „НЕ за меѓуврсничко насилство" соработка на ЕЦ Едусфера и НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски". Социјалната иницијатива тежнее кон запознавање на учениците со формите на меѓуврсничко насилство, несаканите последици и траумите кои може да настанат од истото, охрабрување да…
Прочитај повеќе
Повеќе од 4000 посетители на The Stars Symphony во Битола – Импресиите сè уште траат

Повеќе од 4000 посетители на The Stars Symphony во Битола – Импресиите сè уште траат

На речиси една недела по спектакуларниот настан The Stars Symphony во Битола, воодушевувањето и импресиите од настанот сè уште траат меѓу учесниците и посетителите. Овој музички настан собра преку 4000 луѓе од Битола и регионот, вклучувајќи и посетители од нашите соседни држави. Од Грција и Србија уживаа во врвни изведби од домашни и меѓународни ѕвезди. Изведбите на познати артисти како Паркети, Суперхикс, Каролина, Констракта, Love Itoya, Schiller, Pig&Dan, Brass Brothers и секако локалните DJ Ile the Hair и DJ Boc. A во придружба на Камерен Оркестар Битола ја развеселија публиката... Поставија нови стандарди за квалитетот на културните настани во Битола…
Прочитај повеќе
Како да се ослободите од мисли што ве вознемируваат – „Што Ако?“

Како да се ослободите од мисли што ве вознемируваат – „Што Ако?“

Прекумерното размислување за иднината може да предизвика вознемирени мисли. Нестабилноста на работното место, порастот на цените, глобалното затоплување, потенцијалните пандемии и сите овие фактори создаваат вознемирени мисли. Обидот да ги скротите овие мисли може да биде тешка борба. И покрај тоа, постојат начини да си помогнете. Д-р Мириам Приес, специјалист по психосоматска медицина, вели: „Имајте на ум дека имате поголемо влијание врз сопствениот живот отколку врз глобалната слика на светот.“ Разбирање на стравот Стравот и анксиозноста се нормални реакции на закани. Во еволуцијата, стравот им помогнал на поединците да се заштитат од опасности. Денес, овие чувства се појавуваат како резултат…
Прочитај повеќе
Жителите на овој грчки остров живеат долго и здраво: Како е можно?

Жителите на овој грчки остров живеат долго и здраво: Како е можно?

Жителите на Икарија живеат долго и здраво. На овој грчки остров, третина од населението е над 90 години. Како успеваат да живеат толку долго? Тие ги следат деветте правила кои ги водат кон здрав и долг живот. Да. Жителите на Икарија живеат долго и здраво. - Тајните на долговечноста од Икарија Икарија е еден од петте изолирани острови прогласени за „сини зони“ – места каде што луѓето живеат значително подолго отколку во остатокот од светот. Покрај Икарија, Сините зони ги вклучуваат Сардинија во Италија, Никоја во Костарика, Окинава во Јапонија и Лома Линда во Калифорнија. Овие заедници ја делат моќта…
Прочитај повеќе
Што никогаш не треба да објавувате за вашите деца на социјалните мрежи?

Што никогаш не треба да објавувате за вашите деца на социјалните мрежи?

Што никогаш не треба да објавувате за вашите деца на социјалните мрежи? За вашите деца да бидат безбедни, овие нешта не ги споделувајте: Локација Објавувањето на фотографии кои откриваат локации како улични знаци, куќни броеви или адреси, може да изгледаат безопасно... Но, може да го направи вашето дете потенцијална жртва на кражба на идентитетот или киднапирање. Исто така, не објавувајте фотографии од омилените паркови на вашето дете. Од причина што може да се открие многу за вашите дневни активности. Лични идентификатори Информациите како датумот и местото на раѓање на вашето дете, целосно име, па дури и роденденските фотографии со целосен…
Прочитај повеќе