Година: Г

Атлетскиот клуб ОЛИМП го заврши првиот дел од сезоната шампионски

Атлетскиот клуб ОЛИМП го заврши првиот дел од сезоната шампионски

Викендов, во Скопје се одржа Државното првенство за младинци/ки. Двете наши атлетичарки Дарија Крстевска и Антониа Крстевска се враќаат со 4 медали. Во дисциплината 1.500 метри Дарија го освои 1 место, додека Антониа го освои второто место. Следниот ден, во дисциплината 800 метри, уште еднаш двоен пиедестал за АК ОЛИМП. Дарија Крстевска го освои и вториот златен медал овој викенд. А Антониа Крстевска ѝ се придружи на подиумот со освоено трето место и тоа во дисциплина во која обично не се натпреварува, што го прави овој нејзин резултат уште позначаен. „Горди сме на успесите на нашиот атлетски клуб и на…
Прочитај повеќе
Малдивите и еден патопис за душата

Малдивите и еден патопис за душата

Малдивите и еден патопис за душата! Во ова прекрасно и сублимирано патување ќе ве поведеме низ рајот на Земјата- Малдивите. Овој текст го пронајде нашиот портал со потпис на Матеја Новак и сакаме да ги споделиме убавините на оваа неверојатна дестинација со вас. Патување во Рајот Бел песок, кристално чисто море, палми и сонце. Дали ви треба нешто повеќе? Малдивите се место каде што времето запира, а сите грижи исчезнуваат во небото. Оваа мала островска држава во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка е составена од 26 атоли (острови – прстени) и повеќе од 1 000 корални острови.…
Прочитај повеќе
Блескав фестивал кој ја слави серенадата во Битола – ноќ за паметење пред Офицерски дом

Блескав фестивал кој ја слави серенадата во Битола – ноќ за паметење пред Офицерски дом

Долги аплаузи одекнуваа синоќа на платото пред Офицерски дом. Фестивалот кој ја слави серенадата „Ех, таа серенада” ја направи Битола по втор пат музичко прибежиште за оваа музичка форма како македонското музичко наследство. Битолскиот камерен оркестар, беспрекорно ги придружуваше и легендарните македонски музичари и ѕвездите во подем избрани преку претходно објавем конкурс за фестивалот. Беа изведени 16 нови композиции кои остануваат како свежо музичко богатство кое ги негува македонските музички традиции. Овој фестивал кој се одржа на платото пред Офицерски дом, го враќа сјајот на Битола, како најопеаниот град. Исто така е и настан што не само што ја прослави…
Прочитај повеќе
Reprim – Високорастечка компанија со визионерски пристап и длабока посветеност

Reprim – Високорастечка компанија со визионерски пристап и длабока посветеност

Reprim - Високорастечка компанија што освојува врвови. Со континуирано следење на светските трендови оваа семејна компанија е во чекор со времето, новитетот, брендот. Потребен е  визионерски пристап и длабока посветеност кон негување на динамична компаниска култура. Клучот на успехот е комплетната посветеност, котинуираниот ангажман и вложување во производи кои го следат светскиот пазар. Reprim е компанија која ги одржува и имплементира иновациите, па со оглед на брзите промени во индустријата, адаптибилноста и склоноста кон континуирано учење и следење на светски познатите брендови, тимот на Reprim комплетно се вложува за да ги задоволи апетитите на клиентот. Ги исполнува барања и секогаш е…
Прочитај повеќе
„Кажи, кажи, Широк Сокак“ – Извонредна серенада со музика и аранжман на Мими Марковски

„Кажи, кажи, Широк Сокак“ – Извонредна серенада со музика и аранжман на Мими Марковски

Синоќа Битола сјаеше во име на романтиката, на драмата, уметноста, културата и музиката. Пет нешта (би рекле елементи) кои го опишуваат урбаниот етер во градот под Пелистер. Серенадата некогаш била дел од стилот, била крик на љубовта и јазик со кого вљубените комуницирале. Најопејаниот град Битола, го враќа токму тој сјај и продолжува да ја негува традицијата со фестивалот кој се одржа втор пат насловен како „Ех таа серенада“. Камерниот оркестар на Битола веќе е бренд. Бренд со кој ние битолчани онака одважно и градски си се фалиме. А синоќа уште еднаш покажа дека во конзулска Битола музиката не застанува…
Прочитај повеќе
Обединети за ПРЕСПА

Обединети за ПРЕСПА

Викендов (12-14 јули) на неколку локации во Преспа започнува уште едно издание на „МЕЕТ PRESPA”. Ова е фестивал кој настана од иницијативата да ги поврзе луѓето од сите три страни на езерото. И тоа со добра музика, локална храна и дружење. Преку фестивалот „Запознајте ја Преспа”, се запознавате со културното наследство на регионот. Тоа е регион преполн со историски и културни локалитети, вклучувајќи антички цркви... Манастири и археолошки локалитети. Регионот има неколку живописни села познати по својата традиционална архитектура и мирен амбиент. „Бидете гости на фестивалот каде музиката, гастрономијата и животот го формираат совршениот триаголник на регионот Преспа”, порачуваат организаторите.…
Прочитај повеќе
Македонските Фанк Шуи, Луфтанза, Зи Бомб, Матеј Фолц и Јанг Дади настапуваат на ЕГЗИТ 2024!

Македонските Фанк Шуи, Луфтанза, Зи Бомб, Матеј Фолц и Јанг Дади настапуваат на ЕГЗИТ 2024!

Синоќа со специјалниот нулти ден беше обележано официјалното отворање на ЕГЗИТ. Водечки музички фестивал во нашиот регион и еден од најголемите светски фестивали ЕГЗИТ. ЕГЗИТ 2024 се одржува со спектакуларна програма на повеќе од 40 бини и зони. Од 10 до 14 јули во Нови Сад, Србија. Новото, 24-то издание на ЕГЗИТ 2024 ќе ги собере дел од најголемите светски ѕвезди. Музичарите во подем кои ја обликуваат сцената на денешницата во најширок жанровски спектар. Меѓу нив, како претставници на македонската сцена годинава се запишуваат четири популарни музички имиња. Меѓу нив се докажаниот еклектичен рок бенд Фанк Шуи (недела, 14 јули). Исто така се истакнува и едно од…
Прочитај повеќе
Вечерва СЕРЕНАДА за градот наш БИТОЛА

Вечерва СЕРЕНАДА за градот наш БИТОЛА

На платото пред Офицерски дом, вечерва во 21.00ч ќе се започне второто издание на фестивалот ЕХ, ТАА СЕРЕНАДА Штотуку заврши последната проба со Камерниот оркестар на Битола кој во живо ќе ги прати познатите македонски легенди и новите сили на македонската естрада кои беа селектирани на конкурс распишан за овој фестивал. “Сите шеснаесет нумери се нови и авторски и тоа е значаен чекот во зачувувањето на традицијата на македонската музика, на серенадата и на традицијата која некогаш била присутна овде.Ќе ви подариме една прекрасна вечер каде ќе го вратиме сјајот на најопејаниот град, Битола.“ - истакна директорот на КИЦ Благојче…
Прочитај повеќе
Сончевите и топлотни удари не се шега – Фактори кои го зголемуваат ризикот од топлотен удар

Сончевите и топлотни удари не се шега – Фактори кои го зголемуваат ризикот од топлотен удар

Сончевите и топлотни удари не се шега, особено во летните месеци. Предизвикани од изложеност на екстремни температури, може да изненадат. Одредени фактори можат да ве направат подложни на овие опасности. Кои се најпогодените од сончеви и топлотни удари? Некои луѓе се повеќе склони на сончеви и топлотни удари, вклучувајќи ги оние кои: Имаат прекумерна тежина или страдаат од дебелина Се соочуваат со знчителни попречености Имаат изгореници од сонце Се помлади од 13 години или постари од 65 години Користат одредени лекови за срцеви проблеми или висок крвен притисок, особено диуретици Искусуваат ненадејни промени во температурата, како патување од ладна во…
Прочитај повеќе
Романса со господин Бриџертон – Предлог книга, посебно книжевно искуствто

Романса со господин Бриџертон – Предлог книга, посебно книжевно искуствто

„Романса со господин Бриџертон“ е книга наменета само за вистинските книжевни „апетитлии“. Посебно искуство и приказна. Романса со господин Бриџертон, најшармантниот маж во Лондон, започнува со Пенелопе Федерингтон. Но, зад светската фасада на Колин Бриџертон се крие сложена и длабока личност која малкумина ја познаваат. Пенелопе Федерингтон, скромна но интелигентна девојка, го обожава Колин уште од мали нозе. И сонува за романса која ќе вклучува страст, романтика и приказна за љубов. Таа едвај чека да доживее развој на емоции и среќен крај со овој човек. Верува дека го познава подобро од било кој, благодарение на тајното набљудување низ годините. Но, еден…
Прочитај повеќе