Наследството на Битола во модерен контекст:   ЕТНО 3/4

Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4

Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4 На 16 септември, во Пациото на Завод и музеј Битола, ќе се одржи специјалниот настан ЕТНО 3/4. Настанот ќе понуди незаборавно патување низ историјата на модата во Битола, со фокус на спојувањето на традицијата и современото. Оваа вечер ќе биде посветена на реинтерпретација на модната култура од крајот на XIX и почетокот на XX век, со посебен акцент на стиловите А ла Турка, А ла Франга и етно модните трендови. ЕТНО 3/4 е уникатен проект кој ја слави богатата модна историја на Битола. Целта е да ја претстави на младите генерации и…
Прочитај повеќе
Битолскиот театар со премиера на претставата „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов

Битолскиот театар со премиера на претставата „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов

Премиера на Театарска претстава „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов ќе биде сензација претставена на битолската публика во Битолскиот Театар... Во Сабота 14.09.2024 г. со почеток во 20.00 ч. За делото на Чехов: „Неколкумина блиски луѓе, посветени на уметноста и заљубеници во неа, се собираат на имотот (познатото Чеховско место на дејствие во неговите пиеси) на најстариот од нив на вообичаена семејна средба, но таа станува повод за соочување со сопствениот живот и преиспитување на меѓусебните односи. Во таа „проверка“ на своите животи, судирајќи се еден со друг и секој самиот со себе, во потрага по сопствениот идентитет, се обидуваат да дојдат до…
Прочитај повеќе
MOTOCAST – Првиот подкаст за мотоцикл на Балканот

MOTOCAST – Првиот подкаст за мотоцикл на Балканот

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST. Ова е првиот подкаст од ваков вид во регионот. Посветен е на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот. Првата епизода беше премиерно прикажана во среда, 11 септември 2024 година. Се емитуваше на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube. А во 23:00 часот во рамки на нејзината телевизиска програма. Подкастот ќе биде поставен и ќе може да се следи и на официјалниот канал на MOTOCAST во четврток во 21:30 часот. MOTOCAST, за своите гледачи…
Прочитај повеќе
Петок 13ти – Дали оваа „фобија“ потекна од Холивуд?

Петок 13ти – Дали оваа „фобија“ потекна од Холивуд?

Петок 13ти е датумот кој често се смета за несреќен во многу култури. Овој феномен е познат како  „triskaidekafobija“ што значи страв од бројот 13 и од петок-13ти. Комбинацијата петок и број 13 е често поврзана со лоши случувања  во многу фолклори и суеверија. На овој ден, луѓето ги откажуваат обврските, патувањата па дури одат до таму што не стануваат од креветот. Целиот ден го поминуваат дома и со нетрпение го чекаат наредниот ден. Петок 13ти, дефинитивно се смета за „баксуз ден“ во многу култури и предизвикува вознемиреност кај луѓето. Дури и сериозни корпорации и бизниси сметаат дека овој ден…
Прочитај повеќе
ЗАВРШУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА СТУ 1

ЗАВРШУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА СТУ 1

ЗАВРШУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА СТУ 1 Со асфалтирање на вториот дел од улицата СТУ 1, општина Битола го финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СТУ 1 во АРМ Четврт 1. На асфалтирањето како завршна фаза, претходеше изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација и поставување на улично осветлување. Со спроведувањето на сите проектни фази, овој простор ќе биде целосно инфраструктурно уреден, согласно проектната документација и потребите на граѓаните. ПР Текст
Прочитај повеќе
Завршува 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Завршува 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Вечерва во Струмица ќе додели наградата за високо актерско достигнување. Со тоа ќе заврши и 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. „Фестивалското жири го предводи ланскиот лауерат, актерот Јордан Симонов, режисерот Александар Ивановски и драматургот Билјана Крајчевска. Вечерва пред полноќ жирито треба да донесе одлука. Кому ќе му припадне златниот медалјон со ликот на Шишков и паричната награда во износ од 1.500 евра? 45 актери од осум претстави од земјава и Бугарија се во конкуренција за единствената фестивалска награда. Претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски од Драмскиот театар од Скопје,…
Прочитај повеќе