Месец: м.г

Слепа кукла Барби – Претставена со сите детали

Слепа кукла Барби – Претставена со сите детали

Слепа кукла Барби - претставена со сите детали! Првата слепа кукла Барби  ја лансира американската компанија Mattel. Ова инклузивно издание ја збогати колекцијата Fashionistas 2024. Покрај слепата барбика, новата линија вклучува и прва Барбика со Даунов синдром. Инспирација и приказни за сите деца - Mattel истакнува дека новите кукли ќе им овозможат на уште повеќе деца да се идентификуваат со своите играчки. Ќе ги инспирираат сите да создаваат повеќе приказни преку играта. Соработувајќи со Американската фондација за слепи (AFB), компанијата се погрижи слепата кукла Барби да ги прикажува слепите и слабовидни луѓе со најголема прецизност. Ги вклучува деталите во стилизирањето…
Прочитај повеќе
Што е ефектот на пеперутката? – Најголемите проблеми започнуваат од најмали ситници!

Што е ефектот на пеперутката? – Најголемите проблеми започнуваат од најмали ситници!

Што е ефектот на пеперутката? Како научниците го користат ефектот на пеперутката и ја наоѓаат убавината во математичкиот хаос? Ефектот на пеперутката е идеја дека малите нешта можат да имаат нелинеарни влијанија врз сложен систем. Овој концепт е популаризиран преку метафората на пеперутката која мафта со крилјата и предизвикува тајфун. Иако ова може да звучи како научна фантастика, суштината на теоријата на хаос е дека мали настани можат да послужат како катализатори.  Влијаат на почетните услови и водат до големи, непредвидливи промени. Како што пишува Џон Грибин во неговото култно дело „Deep Simplicity“, некои системи се многу чувствителни на нивните…
Прочитај повеќе
Хургада Египет – Историска таписерија на волшебност, посебно искуство и безвременски шарм!

Хургада Египет – Историска таписерија на волшебност, посебно искуство и безвременски шарм!

Хургада! Вашата  идеална летна авантура во Египет... таписерија на волшебност, посебно искуство и безвременси шарм! Хургада Египет - Импозантно светилиште каде визијата и решителноста се испреплетуваат со безвременски раскош, убавина, сензуалност и пустински и историски шарм. Египет е земја која го привлекува вниманието на патниците со свој уникатен потпис. Спојува древна историја и современ живот. Од мирис на зачини кои се распрснуваат низ традиционалните пазари и волшебство од бои и ткаенини, до атрактивните и безвременски пирамиди и древни храмови, Египет нуди бесконечни авантури, историска авангарда, френетична енергија во микс од современи ритми, емоција и истражување. Разгледајте ги Легендарните Пирамиди на Гиза!…
Прочитај повеќе
Концерт – гудачки квартет – Посебно „Балканско патување“

Концерт – гудачки квартет – Посебно „Балканско патување“

Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, Пламенка – гудачки квартет ќе одржи концерт насловен како „Балканско патување“. Концертот ќе се реализира на 28 јули со почеток во 21.00 на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Концертот е со наслов „Балканско патување“ и тој претставува музички истражувачки проект. Во истиот, преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори. На концертот ќе бидат изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни теми во аранжман на Пламенка Трајковска. Во гудачкиот квартет ќе учествуваат музичките имиња на: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска…
Прочитај повеќе
Памучна торта – Веројатно најмекиот десерт на светот!

Памучна торта – Веројатно најмекиот десерт на светот!

Памучна торта! Веројатно најмекиот десерт на светот, а се прави од само три состојки. Овој рецепт ќе ве воодушеви со својата едноставност. Овие се трите состојки: 3 јајца 120 грама бело чололадо 120 грама крем сирење Начинот на подготовка: 1.Ставете го чоколадото да се растопи на пареа. 2.Одделете ги жолчките и белките на јајцата. Изматете ги белките. 3.Кога ќе се растопи чоколадото, додадете го крем – сирењето и жолчките и полека измешајте ги со цврсто, изматените белки. Овие се претпоследните три , гастрономски допири : 1.Печење  на 170°С - 15 минути и уште 15 минути на 160°С; 2.Ладење на постоечката…
Прочитај повеќе
Елизабет Тејлор после смртта е наратор во филмот за нејзиниот живот

Елизабет Тејлор после смртта е наратор во филмот за нејзиниот живот

Елизабет Тејлор - Актерка, секс бомба, активистка. Нема кој не ја знаеше оваа холивудска икона, а сега после 13 години после нејзината смрт, е снимен филмот за нејзиниот живот. Интересно е што за документарецот за Елизабет Тејлор, насловен како „Elizabeth Taylor: The Lost Tapes“, таа е наратор, а притоа не е користена вештачка интелигенција. Всушност искористено е интервју што актерката му го дала на новинарот Ричард Мериман во 1964 година. Нанет Бурстајн е потписот на режисерот на оригиналниот филм, а истиот ја доживеа својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал на Tribeca оваа година. Режисерот добил пристап и до лични…
Прочитај повеќе
Бети Буп – Која жена стои зад нејзиниот лик?

Бети Буп – Која жена стои зад нејзиниот лик?

Бети Буп – Која е тајната на вечната икона? Бети Буп како цртан лик, стана икона на поп културата. Таа  е симбол на безвременски шарм. Тајната на Бети Буп лежи во нејзината способност да биде вечно млада, свежа и модерна, без оглед на времето. Бети Буп ја претставува женската независност и самоувереност. Нејзиниот лик е инспирација за многу генерации. Покрај тоа, визуелната естетика и заводливост што ги поседува, ја прават препознатлива. Исто така, не смееме да заборавиме дека нејзината популарност е резултат на креативниот гениј на нејзиниите создавачи.  Успеале да создадат длабочина и карактер во ликот на хероината и да…
Прочитај повеќе
Вагата е пазарџија, а лавО пред жената, маче! – Смешен хороскоп

Вагата е пазарџија, а лавО пред жената, маче! – Смешен хороскоп

Сите си ги знајме карактеристиките на хороскопските знаци. Ги знат и оние шо не ги пратат до толку ѕвездите и оние шо не верват во астрологиите. Па верваме оти тајно сите ѕиркате шо ви пиши за денес во хороскопот и дали тие ѕвездетините ви се поклонвале. Али шо ако ја гледаме работата инаку? Смешен хороскоп. Патем, си неаме со Љутење. Смешен хороскоп - Овен или: „Шо си во хороскоп? - Победник! “ Најак кабадаја и коловоџа! Само тие рогојте тро инает му прат! Бик - Ц ц ц терсене. Понекогаш теленце или вол. Зависи од големината, родот, полот. Близнаци -…
Прочитај повеќе
Најдобрите фризури за ова тропско лето/24

Најдобрите фризури за ова тропско лето/24

Најдобрите фризури за ова тропско лето/24 ќе направат да останете свежи и модерни. Најдобрите фризури од високо опавче до боб ќе го одржат вашиот најубав изглед  без многу напор. Високиот реп и ова лето е тренди опција и една од најдобрите фризури Високото опавче е класична летна фризура која ја држи косата подалеку од лицето и вратот. Можете да го носите уредно за софистициран изглед или малку неуредно, за порелаксиран стил. Додадете ластик со интересен дезен или марама за да ја направите фризурата поспецијална. Плетенки Плетенките се одличен избор за лето затоа што ја одржуваат вашата коса на место и…
Прочитај повеќе
Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца

Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца

Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца, потекнува од срцето на Тунис. Шакшука е гастрономска прегратка од Блискиот Исток. Ова јадење со необично име – шакшука,  го пленило светот со едноставност и богатство на вкусови. Пржени јајца потонуваат во топол, ароматичен сос од домати и пиперки. Комбинацијата од топли зачини како ким и мелена пиперка додава нежен шмек на секој залак со шакшука, Иако е популарна во Израел, шакшука го носи духот на Северна Африка и Блискиот Исток. Името – шакшука потекнува од арапскиот збор за „измешано сè“. Тоа е гастрономски мозаик од вкусови кој е одличен…
Прочитај повеќе