Ден: д.м.г

Неделен вечерен концерт во Битола: Марко Виденовиќ и КВИНТЕТО

Неделен вечерен концерт во Битола: Марко Виденовиќ и КВИНТЕТО

Вечерва, во Битола летен предполноќен концерт ќе приреди Марко Виденовиќ и неговата исклучителна формација, КВИНТЕТО.Концертот ќе се одржи на шармантното мало плато на Офицерскиот дом, со почеток во 22:00 часот. КВИНТЕТО го сочинуваат Игор Бакревски - кларинет, Владимир Лазаревски-обоа, Кристијан Коџумановски-бас гитара, Благоја Антовски-тапани и Марко Виденовиќ како композитор, но и на виола и клавијатури. Музиката на КВИНТЕТО е волшебна фузија на етно-џез, а понекогаш и класични жанрови. Уникатната комбинација на инструменти - што ги вкрстува класичните тонови на обоа и виола со популарните ритми на бас гитара и тапани, надополнети со кларинет - создава извонредна палета на музички бои…
Прочитај повеќе