Месец: м.г

Судбината  – Дали ја избираме или ни е предодредена?

Судбината – Дали ја избираме или ни е предодредена?

„Полека ни го снемува разговорот. Немаме што да си кажеме. Јадеме од мали порции декорирани исто како нас. „Судбина“, велиме!“ Дали ја избираме судбината или ни е предодредена? Тој неуловлив и мистериозен концепт, толку долго се протега низ времето и просторот. Влегува низ порта како некој тивок шепот. Како невидлива сила, неизбежност и мистерија на иднината. После полноќ, истата дилема околу прашањето за слободната волја! Дали ја имаме?  Моите одлуки навистина го менуваат текот на иднината или пак се дел од некоја поголема, веќе напишана приказна? И оваа ноќ, интроспекција. Го слушам  истиот одговор. Нема ново полирање. Судбината – Дали…
Прочитај повеќе
Безалкохолно коктелче, удобна фотелја и добра книга: „Анатомија на скандалот“ од Сара Вон

Безалкохолно коктелче, удобна фотелја и добра книга: „Анатомија на скандалот“ од Сара Вон

Па кој вели дека книгата не одговара и во лето? Агендата за викендот што следи: Безалкохолно коктелче, убава книга во раце од „Book's House“ и секако удобниот стол или фотелја на вашата тераса, балкон или двор. Имено ви ја препорачуваме Anatomy of a Scandal или „Анатомија на скандалот“ од Сара Вон. Нешто околу приказната: Софи Вајтхаус има сè што некогаш посакувала: прекрасен дом, две деца и привлечен, успешен маж. Но, нејзиниот идеален живот се руши кога Џејмс, нејзиниот сопруг, доаѓа дома и го признава неверството. Светот на Софи се превртува наопаку. Дали навистина го познава човекот за кој се омажи?…
Прочитај повеќе
Жана на Марјан се враќа на голема врата! – „КлучО од штабо!“

Жана на Марјан се враќа на голема врата! – „КлучО од штабо!“

Епа богами Жана фалеше, а едно врапче ни шепна оти и на Марјан му фалеше Жана. И секако... како и секое македсонско семејство шо е во тек со ситуациите, ете и Жана го следи „актуелното“. Напнатоста продолжува, а терапијата е секако македонска кујна и некоја цреша од централа со ракиче успат. Колку за циркулација. Туку пуста Мира, комшивката многу саклдисана. Насекирана му се жали на Жана во оваа епизода на Марјан Георгиевски. Абре не знај кај тера со тој пусти Ицо. Ама кој знаел оти нема да победат нивните? Му велела на Ицо да се тргни совреме од та пуста…
Прочитај повеќе
Донација во пресрет на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ

Донација во пресрет на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ

Вчера, дворот на општина Битола беше точка за едукативна и атлетска соработка. Бидејќи наставниците по физичко образование и директорите на основните училишта се собраа да добијат донации. Овие донации, обезбедени од организаторите на познатата градска трка Трчај бе и Атлетската федерација на Македонија, опфатија основна атлетска опрема... Опрема за 12 основни училишта во општина Битола и 3 во општина Могила. Како дел од кампањата за пријавување на трката МИНИ ТРЧАЈ БЕ, под слоганот „Мали чекори за големи соништа”, претходно организаторите донираа и 50 стартни пакети за децата од социјално загрозените семејства. Со ваквиот гест, се обезбеди повеќе деца да имаат…
Прочитај повеќе
Народниот театар Битола го започнуваме чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија

Народниот театар Битола го започнуваме чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија

Во месец јуни најстариот театар во Македонија, Народниот театар Битола го започнува чествувањето на 80-тиот роденден кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14.11.2024. Во рамките на прославата ќе имаме серија гостувања на театари од земјата и од регионот. Чествувањето на 80-тиот роденден на Народниот театар Битола започнува со претставата ,,НА ДНОТО НА ОКЕАНОТ ПОСТОЈАТ НЕКОИ СВЕТОВИ “. Истата ќе се одржи на 12.06.2024 год. Претсавата е во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска.Автор :Романо НиколиќДраматург: Оља ЛозицаАктери: Анита Макиќ ДелиќФрањо Мешковиќ Имено, ,,НА ДНОТО НА ОКЕАНОТ ПОСТОЈАТ НЕКОИ СВЕТОВИ “ е претстава што…
Прочитај повеќе
25 годишнина од Центарот за германски јазик ЦГЈ ИЛИЕВИ – Незаборавен настан

25 годишнина од Центарот за германски јазик ЦГЈ ИЛИЕВИ – Незаборавен настан

Крајот на оваа учебна година означува посебна пресвртница за Центарот за германски јазик, познат и како ЦГЈ ИЛИЕВИ. Тие ја слават нивната 25 годишнина. Во чест на овој јубилеј, организираа незаборавен настан. Настан во Пациото на Завод и музеј Битола, инспириран од неодамна завршениот Интернационален фестивал на монодрамата. Учениците од Центарот за германски јазик ИЛИЕВИ, ја превзедоа одговорноста за настанот низ еден демократски и слободен процес, носејќи сами одлуки како сакаат да изгледа нивниот настап. Подготвија драмски текстови на различни интересни теми и креираа мини-сцени за да ја покажат својата визија поврзана со темата. Овој настан така се претвори не…
Прочитај повеќе
,,На гости кај Кате и Фреда” – Бабец театар, денес со детска претстава

,,На гости кај Кате и Фреда” – Бабец театар, денес со детска претстава

…И како што кажавме во еден од нашите текстови:„ Театарот е слух за доброто, пост и поздрав за убавото. Извик на душата, повик кон свесноста!“ Се сеќавате ли како малечки кога ќе не водеа на театар? Кога ќе се „стопевме“ на црвените фотелји и ќе уживавме во оној друг свет пред долгата црвена тешка завеса. …И едвај чекавме да се крене. Едвај чекавме да видиме што има внатре во таа приказна… Да ја почувствуваме таа магична сцена… И денес го имаме истото чувство, но време е да го разбудиме. Време и вашите деца да ја допрат таа магија. Таа театарска…
Прочитај повеќе
Време е за лето, време е за мохито! – Оригинален рецепт!

Време е за лето, време е за мохито! – Оригинален рецепт!

Не знаеме за вас, но нам првата асоцијација за лето и плажа, ни е МОХИТО! Со две Мохито до Долче Вита - Коктел што мириса на возбуда, а ако до сега не сте научиле рецепт, еве го оригиналот. Ниту еден коктел не го доловува духот на возбудлива летна ноќ како мохито. Имаме рецепт за него, а и безалкохолна верзија! Сместете се на удобна тераса (чисто колку да ја отворите сезоната) и уживајте! Почувствувајте ја возбудата на летната ноќ! Оригинално Мохито рецепт: Состојки: 50 мл бел рум 1 лимета 2 лажици шеќер 6-8 листови свежо нане минерална вода и мраз Инструкции:…
Прочитај повеќе
20тина до 30 илјади евра и ќе имате прва класа кабина – Вирално видео!

20тина до 30 илјади евра и ќе имате прва класа кабина – Вирално видео!

Како живеат богатите? Веројатно до пред некое време можевме само да замислуваме и... Верувавме дека филмовите се само една фантазија, но денес со помош на интернетот, сè е достапно. Гледаме реални видеа што за момент знаат да не прошетаат низ тој фамозен свет на луксузот. Имено, во текстот споделуваме видео кое зборува токму за животот на богатите. Е па ете што можи да се случи ако имате подлабок џеб! Сигурно нема да бидете во економска класа (секако ако не сте некој скромен тип, но со толку длабок џеб?! Епа како беше онаа: „Дај им само 5 минути моќ, па ќе…
Прочитај повеќе
Биби и Боби во 3D Кино Битола – Јипи рипиии!

Биби и Боби во 3D Кино Битола – Јипи рипиии!

„Светот на Биби“ веќе неколку години ги освојува детските срца, а сега пристигнува во 3D Кино Битола. Преку приказни и авантурите на Биби, децата учат, се смеат... Запознаваат еден свет полн со емпатија, добрина, вистински вредности. Децата стекнуваат знаење, по што „Светот на Биби“ има и едукативна намера. Голема и волшебна е приказната на Биби и Боби, а овој пат најмладата публика ќе има можност уште еднаш да ужива во нови проекции. Подгответе се за уште едно филмско уживање во 3D Кино Битола со нивните неверојатни авантури во Волшебната шума! Подгответе се за многу смеење, возбуда и моменти полни со…
Прочитај повеќе