Месец: м.г

„Ќе преживеам“ – прв дует на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски

„Ќе преживеам“ – прв дует на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски

„Ќе преживеам“ - прв дует на Тара и Димитар „Ќе преживеам“ е насловот на новата, дуетска песна на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски. Станува збор за брза песна која претендира да стане вистински летен хит. Дуетот доаѓа како резултат на долгогодишна соработка и пријателство... Всушност значи остварување на нивните дамнешни планови, но е и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа. „Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел... Потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш…
Прочитај повеќе
Најдоброто пилешко гиро од рерна

Најдоброто пилешко гиро од рерна

Најдоброто пилешко гиро од рерна, лесно се прави. Вкусот му парира на оној од грчката кујна. Секогаш може да го ставите во тортилја со салата. Состојки? Бидете трпеливи, следуваат: 1 кг. пилешки батаци и батаци без коска и кожа 3 супени лажици грчки јогурт 4чешниња лук 1 лажица маслиново масло сок од еден лимон 3 лажици зачини за грчко гиро Подготовка? Прочитајте подолу: Ставете го пилешкото, маслото, јогуртот, лукот, сокот од лимон и зачините за грчко гиро. Ова последното е неизбежно. А, како поинаку би му парирало ова пилешко гиро на она од грчката таверна? Оставете да маринира во фрижидерот…
Прочитај повеќе
Што значи да се биде кум и што ќе се случи ако одбиете кумство?

Што значи да се биде кум и што ќе се случи ако одбиете кумство?

Кум, избран при крштевањето како духовен отец или сведок на бракот, симболизира длабока и трајна врска што наликува на семејство. Кумството, како посебен облик на сродство, ги прeминува границите на обичниот однос и се издигнува до највисоките сфери на верност. Кога мислиме на кум или кума, првата асоцијација е неизмерно пријателство, непоколеблива поддршка и сигурност. Преку овој однос, пријателството добива нова димензија. Станува света и нераскинлива врска. Но, дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако не прифатите да бидете кум? Едно древно верување вели дека одбивањето на оваа чест може да донесе несреќа и осаменост. Легендите зборуваат…
Прочитај повеќе
Второ издание на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА – Пријаевa за учество

Второ издание на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА – Пријаевa за учество

Центар за европски развој и интеграција од Битола ги повика сите заинтересирани лица. Лица кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија, да се пријават за учество во второто издание на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА. Еве што велат во соопштението: „ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА ќе вклучи 12 фотографи кои ќе имаат можност да бидат дел од дводневна фото работилница. Истата ќе ја водат Роберт Јанкулоски и Мери Бошкоска. Обучувачите ќе ги водат учесниците на обуката низ процесот на фотографирање. На обработка на фотографиите и со нив ќе споделат искуства и совети за мајсторијата на фотографијата. Сите учесници на колонијата ќе имаат можност за…
Прочитај повеќе
Револуционерна диета со брзи ефекти!

Револуционерна диета со брзи ефекти!

Ева Мендес и Алиша Кис се колнат во оваа диета. Диетата од 5 фактори е револуционерен план на Харли Пастернак. Харли е нутриционист и фитнес тренер. Гарантира дека со само пет недели и пет едноставни оброци дневно ќе имате „фит“ тело и виталност. Што го прави овој план за диета толку посебен? Диетата трае само пет недели – тоа е првиот фактор. Ако ви се допаѓа, може да стане вашиот нов начин на живот. Вториот фактор е бројот на оброци дневно, кој мора да биде пет. Со пет оброци на ден ќе ги задоволите сите ваши нутритивни потреби. И ќе…
Прочитај повеќе
Пелистер има гастрономска приказна: „Are you ready for Pelister?“ – Podcast 2

Пелистер има гастрономска приказна: „Are you ready for Pelister?“ – Podcast 2

„Имавме патување на Пелистер низ пејсажите и адреналинските спортови…“ - ќе нагласи Љубица Ангелкова на почетокот од втората епизода од поткaстот со автентична идеја што продолжува да коегзистира во име на планината. На планината и етерот кој како да „се лепи“ за душата преку екран. Мириса на молика, на диви јагоди, капини… И од тука ја започнуваме приказната… Од цела таа магична хедонистичка сензитивност што ги привлекува и најголемите гурмански апетити на ова место. Подготвени ли сме за Пелистер и ова незборавно искуство или... „Are you ready for Pelister?“ „Сега нурнуваме длабоко во срцето на оваа извонредна дестинација за храна……
Прочитај повеќе
МИНИ ТРЧАЈ БЕ – Детски спектакл на трчањето во Битола

МИНИ ТРЧАЈ БЕ – Детски спектакл на трчањето во Битола

Битола викендов беше сведок на најмасовниот детски спортски настан во градот досега. МИНИ ТРЧАЈ БЕ Над 900 деца од 4 до 12 години во различни возрасни категории си ги измерија силите на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ. Имено, трката се организираше по втор пат. Минатата година на инаугуративната трка учествуваа 380 учесници. Оваа година, тој број се зголеми речиси тројно, што ја одразува растечката популарност и влијанието на настанот. Децата се натпреваруваа во девет категории, трчајќи на растојанија меѓу 150 и 400 метри, олицетворувајќи го инспиративниот слоган на трката: „Мали чекори за големи соништа“. „Децата сакаат да трчаат, иако возрасните…
Прочитај повеќе
„Бардо Тодор“ – Претставата која на сатиричен начин носи силна порака, сега и во Битола

„Бардо Тодор“ – Претставата која на сатиричен начин носи силна порака, сега и во Битола

Црната комедија „Бардо Тодор“ ќе се одигра во Битола, јуни 2024! По премиерата во општините Могила и Новаци, битолчани, на 11 јуни, „Во паркот кај саатот“, ќе имаат прилика да ја проследат црната сатирична комедија „Бардо Тодор“. Истата е изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер - Сашо Миленковски. -„Бардо Тодор“е црна сатирична комедија. Зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им…
Прочитај повеќе
Разбуди се: Утрински Смути за Енергија

Разбуди се: Утрински Смути за Енергија

Еве еден возбудлив и хранлив утрински појадок – рецепт кој ќе го носи името „Разбуди се“ со смути. Состојки за смути какво што не стте пробале до сега: 1 банана (зрела) зелено јаболко (исечкано) 1 чаша спанаќ (свеж) чаша бадемово млеко или друго по вкус 1 лажица чиа семе лажица овесни снегулки 1/2 чаша замрзнати малини 1/2 чаша јогурт (по желба) лажичка мед или јаворов сируп (по желна) Подготовка на состојките: исечкајте ја бананата и јаболкото. Подгответе ги сите останати состојки за лесно додавање во блендерот. Блендирање Во блендер ставете ги бананата, јаболкото, спанаќот, бадемовото млеко, чиа семето, овесните снегулки…
Прочитај повеќе
„Раде ќе те скинам Раде“ – Марјан, епизода 12: „СТЕЊЕ“

„Раде ќе те скинам Раде“ – Марјан, епизода 12: „СТЕЊЕ“

Времето жешко, а овие па и високо живеат, на 4ти. Се качи некако Раде на Марјан Ѓеоргиевски по скали и набра 3 Кила цреши… Си ја гледа женичката. А ова па уште мани му наоѓа. Ќе го скинела оти се пентерел на дрво…Резил ќе се стореле пред комшите и пред цела јавност ако го виделе оти кради цреши качен на дрво. На фејсбук ќе го калеле, шо прајме после! -Ама на никој не е црешата - се правдаше Раде на Марјан. Ја сретнал и Мирето комшивката по скали, па ај вели да и дај и неа едно кило. Нека каснат…
Прочитај повеќе