Месец: м.г

Ко ќе се дерат билдерите уствари е СКРОС нормално – Mimi YUGO i Ceca – Fitness mum!

Ко ќе се дерат билдерите уствари е СКРОС нормално – Mimi YUGO i Ceca – Fitness mum!

Дисциплината е основа за добар живот. Колку и да имаме некоја замисла за некоја неодредена - патека која треба да ја поминеме и да стигнеме до тој посакуван таргет и успех, доколку не сме одговорни и „рецка“ не му маваме на ова работа, ваљда џабе ни е се. Апсолутно се согласуваме со гостинката на Mimi YUGO - Цветанка Огненовска Аврамовска, фитнес тренер, инструктор, а богами ние би рекле и мотивациски говорник. Mimi YUGO i Ceca - Fitness mum! Мими не можело да го натерат да вежба и ваљда то беше причината шо ја викна Цветанка. Некој плаќа пари за ваква…
Прочитај повеќе
„На крајот сите ќе станеме приказни во нечиј животи!“ – Рандом цитати

„На крајот сите ќе станеме приказни во нечиј животи!“ – Рандом цитати

И ако размислиме малку подлабоко, животот навистина е предизвик со милион прашања. А има ли одговори на сето тоа? Како и да е, рандом наидовме на цитати кои се надеваме дека ќе ви се допаднат, но и ќе ве замислат. Дали ќе не снема како приказни кои е голема веројатноста брзо да се заборават и да не не читаат? Ако ова е бајка, кој лик би го играле и дали тој нешто би придонел за делото? Прочитајте подолу за што станува збор.: -Немањето причина да останеш, е многу добра причина за да заминеш! -Можеби логиката ќе те однесе од точка…
Прочитај повеќе
На Земјата има доволно злато за да ја обложи целата планета! – Интересни факти

На Земјата има доволно злато за да ја обложи целата планета! – Интересни факти

Откријте факти што го преиспитуваат нашето разбирање за светот. Интересни факти кои можеби никогаш не сте ги замислувале вака. Неочекувани и невообичаени, ќе ја задоволат вашата љубопитност! Од најстаро дрвено тркало до мрежата на истрошените клетки од кожата. Овие Интересни факти можеби никогаш не сте ги сретнале. Најстарото дрвено тркало, старо повеќе од 5 000 години е пронајдено во 2002 година во Словенија. Ова тркало, сега се чува во музејот на Љубљана. Мртвите клетки на кожата се главната состојка на домашната прашина. Луѓето фрлаат околу 200 милиони клетки од кожата секој час. Судан има повеќе пирамиди од било која друга…
Прочитај повеќе
Турбулентниот живот на Ејми Вајнхаус во 3D Кино Битола

Турбулентниот живот на Ејми Вајнхаус во 3D Кино Битола

Со посебен пристап и вистинското значење на седмата уметност, 3D кино Битола ги отвара вратите за посетителите... За оние кои знаат што е необично филмско доживување. Филмот е во режија на Сем Тејлор-Џонсон, а главната улога ја толкува актерката Мариса Абела. Имено, после „Challengers“ и „Кралството на Планетата на Мајмуните“, во 3D кино Битола, не смеете да го пропуштите „Back to Black“. Тоа e автобиогравскиот филм на едно од најпознатите имиња, славната пејачка Ејми Вајнхаус. Насловот е олицетворение на самата песна, која денес е и тоа како позната за светскиот публикум. Познато е дека пејачката имала бурен и турбулентен живот.…
Прочитај повеќе
Излезе од печат годишна публикација „World Press Photo Yearbook“ 2024 – Најдобрите фоторепортерски и документарни фотографии 

Излезе од печат годишна публикација „World Press Photo Yearbook“ 2024 – Најдобрите фоторепортерски и документарни фотографии 

Излезе oд печат годишна публикација „World Press Photo Yearbook“ 2024! Оваа публикација „World Press Photo Yearbook“ - 2024, ги менува правилата на играта. Ги истакнува најдобрите фотографии и ги открива најсилните приказни од целиот свет. Сакате да влезете во циклусот на акција? Во секојдневието, вестите можат да бидат еднообразни, но овде: во една книга стотици фотографии што ја повикуваат вашата внимателност во насока на размислување. Годишната публикација на „World Press Photo Yearbook “ 2024, ве повикува да го разгледате светот околу вас на потполно нов начин. Со повеќе од 61 000 фотографии избрани од страна на 3 851 фотографи од…
Прочитај повеќе
Попара е работата во модниот свет! – Овие фармерки се продават на големо?!

Попара е работата во модниот свет! – Овие фармерки се продават на големо?!

Фала Богу одма си помисливте оти овие фармерки ги дизајнирал Баленсијага. Ама има уште едни несфатени уметници во светот на модата. Епа ко можи во секоја сфера се да е однопаку, зошто да не и во модата. И ко ќе видиш шо да се измислува појќе се исповидовме. Гали вечери, принцези, пуф ракај, „нејкет лукој“… Па едно време излегваја водени во глајте или барем така изгледаја, па.. Чуда.. Јако беше шо Баленсијага последно или претпоследно имаше најлони за ѓубре шо ги продаваше за енормни суми и фала богу овие инфлуенсериве се тепаја кој да ги носи и кој да ги…
Прочитај повеќе
Магијата на јагодите – домашен џем што ги украсува студените денови

Магијата на јагодите – домашен џем што ги украсува студените денови

Магијата на јагодите стартува! ! Со јагодите започнува шарената палитра на можноста за нивна консумација. Освежувачки сокови, кремаст милкшејк, прекрасни колачи. Јагодите на секоја трпеза доаѓаат со обилност на вкусови и мириси. Меѓу оваа многубројна понуда, едно класично задоволство опстојува: домашен џем од јагоди. Овој мал деликатес од природата, трајно остава свој потпис на трпезата. Особено во студените месеци, кога сонцето е ретка појава, а јагодата, присутна. Процесот на приготвување на овој џем е лесен, а мирисот кој ќе се рашири околу вас ќе ве пренесе во светот на слатките задоволства. Подготовката започнува со средување на јагодите. Тие се мијат,…
Прочитај повеќе
Никаде не брзаме, успех доаѓа секако

Никаде не брзаме, успех доаѓа секако

Зошто оној за кого не очекувате успех, успева побргу? Тајната за успех, и тајната на успешните луѓе е комплексен систем. Систем на изграденост на личноста... На воспоставени релации со околината, изоштрена интуиција и рискантност, посветеност и знаење, и пред сите овие карактеристики, чувство на самодоверба. „Изброј до три, пред да кажеш/направиш нешто“, „размисли, па кажи“, „три пати мери, па сечи“. Многу често слушаме дека паметните молчат, мудрите го одредуваат вистинскиот момент. Тогаш зошто младиот човек најчесто избрзува? Која е тајната на еден успех? Сакајќи да се докаже, да ја задоволи потребата од да биде пофален, да се истакне, неговата брзоплетост, најчесто го води до губење…
Прочитај повеќе
ЉУБОВ И ИДЕНТИТЕТ – Одаја на автентичност – Колумна на Ромина Марковска

ЉУБОВ И ИДЕНТИТЕТ – Одаја на автентичност – Колумна на Ромина Марковска

Љубов и идентитет е топ тема на сите времиња. Љубовта како симбол на емоционалната интимност и социјална врска, идентитетот како отпечаток на индивидуалноста. Од моментот на зачнување го бараме значењето и допирот со другите срца за да го истражиме горивото на животот. И за да го отвориме вистинското есенцијално лице преку интензивни интеракции и значење на другите. Најверојатно во утробата на мајката започнува нашето патување по патеката на љубовта и тој идентитет. За нив знаеме откако знаеме за себе. Љубовта и идентитетот како универзални концепти го определуваат начинот на кој ја доживуваме реалноста Искуствено - од еуфорија на вљубеност до…
Прочитај повеќе
Мет Гала 2024 со скриени пораки – Видео

Мет Гала 2024 со скриени пораки – Видео

Црвениот тепих на Мет Гала 2024! Мет Гала, секоја година привлекува внимание со својата неверојатна колекција на модни дизајнери. На модели и најсветли ѕвезди на музиката и филмот. Изложбата на Институтот за костими, оваа година е насловена како „Заспани убавици“ – повторно будење на модата. „Модата е е една од најемотивните уметнички форми поради нејзината поврзаност со телото“, објасни Ендрју Болтон, куратор на Венди Ју, одговорен за Институтот за костими. „Тоа е проткаено со меморија и емоции, а ние многу се поврзуваме со него преку нашите сетила. Едно нешто што се надевам е дека ова шоу ќе го активира е…
Прочитај повеќе