Месец: м.г

YUGO – Трифун Костовски „Битола ја сакам“

YUGO – Трифун Костовски „Битола ја сакам“

Битола има нешто што е многу силно. Скопјани треба да учат од битолчани и обратно. Треба да се надоградуваме и да растеме заедно - Парафразирајќи го Трифун Костовски, звучно и познато име за македонската јавност, го најавуваме најновото видео на Мими YUGO. Имено во Југото, сe повози и познатиот македонски стопанственик, дарител и поранешен градоначалник на Град Скопје (2005-2009). Трифун Костовски во YUGO раскажуваше колку го сака овој град. Колку е вљубен во оваа наша конзулска Битола и колку тоа наше битолско кафе на Широк Сокак е секогаш долгоочекувано. Како да го подигнеме убавото, да го направиме уште поубаво? Како…
Прочитај повеќе
Наскоро нова премиера на НТБ –  ,,НА ДНОТО“ во режија на Ќендрим Ријани

Наскоро нова премиера на НТБ – ,,НА ДНОТО“ во режија на Ќендрим Ријани

Битолскиот народен театар неуморно работи. Наскоро публиката ќе има можност да проследи уште една премиера. Станува збор за претставата ,,НА ДНОТО“ од Максим Горки. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани, докажано име во театарскиот свет. Eден од најпрогресивните театарски режисери на нашата сцена во последните неколку години. Ќендрим Ријани се зафаќа со важни теми, големи драмски текстови и ни пренесува пораки низ светската драматургија. Со оглед на фактот дека екипата е пол погодок, очекуваме добра премиера што ќе ги задоволи апетитите на публиката и не се сомневаме дека „На дното“ ќе заслужи громогласен аплауз. Премиерата ќе се прикаже на…
Прочитај повеќе
„Никаде без ќерка ми“ – искуство на една жена во борбата за љубовта и слободата

„Никаде без ќерка ми“ – искуство на една жена во борбата за љубовта и слободата

„Никаде без ќерка ми“ е заедничкиот избор на предлог книга на книжарата Book's House и „Разбуди се“. „Никаде без ќерка ми“ е вистинска приказна за љубов, драма и опстојување на една современа Американка. По разводот, Бети се вљубува во харизматичен дипломиран лекар од Иран. По две-три години на среќа, се венчаваат. Но, за време на посета во Иран, заедно со својата тригодишна ќерка, нивната идила се претвора во кошмар. Со промените во политиката, земјата станува Исламска Република и тие две стануваат заложници на семејството на сопругот. Преку драматични околност, таа успева да избега со своето дете и да се врати…
Прочитај повеќе
TikTok со нова апликација која ќе му конкурира на Instagram

TikTok со нова апликација која ќе му конкурира на Instagram

TikТok како патформа е во план да објави нова апликација за споделување фотографии. Истата е слична на социјалната мрежа Instagram. Новиот производ ќе се именува како TikTok Notes, пренесува порталот TechCrunch. Веќе е испратено известување до некои корисници на платформата. Во соопштението се вели дека компанијата наскоро стартува нова апликација за објави со фотографии и дека постоечките објави на корисниците ќе ги дели во апликацијата Tiktok Notes. Корисниците ќе можат да изберат и да не ги споделуваат своите објави со фотографии во новата апликација. Tiktok, исто така, експериментира и со други формати како што се видеоснимки од 30 минути, па…
Прочитај повеќе
Македонски Вруток – Kонцерт на НУ Камерен Оркестар на Битола

Македонски Вруток – Kонцерт на НУ Камерен Оркестар на Битола

НУ Камерен Оркестар на Битола го најавува концертот Македонски Вруток кој претставува спој на минатото со сегашноста. Македонски Вруток е концерт кој ги слави животите и делата на великаните на македонската музичка сцена. Властимир Николовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски, Ристо Аврамовски, Кирил Македонски и многу други. Овој настан е посветен на нивниот неизмерен придонес. Придонес како дел од втората генерација на повоени македонски композитори кои играат критична улога во развојот и збогатувањето на македонското културно наследство, претставувајќи ги како стожери на музичката традиција. Со овој концерт, НУ Камерен Оркестар на Битола ќе води патување низ времето и просторот. Ќе стражува…
Прочитај повеќе
Спенџарска: Нашите мажи се емоционално нестабилни – ПОТКАСТ

Спенџарска: Нашите мажи се емоционално нестабилни – ПОТКАСТ

Во новата епизода на поткаст Искрено повторно без влакна на јазикот двете водителки разговараат за теми кои ги засегаат и мажите и жените, но гледано од женска перспектива, овој пат со една добро позната гостинка на македонската јавност. Ивана и Адријана во новото издание на Искрено со Јелена Спенџарска ја анализираа темата комуникација на мажи и жени. Какви се мажите во Македонија, а какви се во странство? Како да го одбереш вистинскиот партнер, кој на кого треба да пријде?  Кај нас во Македонија мажите се емоционално незрели. Мене мажот ми се појави кога не го барав, рече Спенџарска во сочниот…
Прочитај повеќе
Едукативен Центар Едусфера со ново видео – Уметноста е одраз на емоциите, а музиката универзална емоција!

Едукативен Центар Едусфера со ново видео – Уметноста е одраз на емоциите, а музиката универзална емоција!

Во епизодата Deutsche Musik средношколците од Едукативен Центар Едусфера зборуваат за најдобрите германски пејачи. Aктуелни, но и за оние кои веќе станале евергрин. Едусфера е едукативен центар и место каде се негуваат индивидуалните таленти на ученици и во склоп на активностите, секогаш на учениците им се нуди шанса за развој и напредок.  Шанса со насмевка да го прават тоа што сакаат. Па така, во епизодава пејат, свират и раскажуваат за германските пејачи, секако на германски јазик! Истражуваа за Marius Müller Westernhagen, го спомнаа Herbert Grönemeyer со апсолутниот хит „Currywurst“, и Klaus Meine кој со својот бенд Scoprions испиша историја, посебно…
Прочитај повеќе
„Адамс Арт“ – Уметничко ателје и дијалог што ги поттикнува младите талентирани генерации да сонуваат, креираат, создаваат!

„Адамс Арт“ – Уметничко ателје и дијалог што ги поттикнува младите талентирани генерации да сонуваат, креираат, создаваат!

Кога една уметност е поттик и фундаментален потсетник за младите генерации, се развиваат најубавите креативни приказни. „Секое дете е уметник... Проблемот е како да се остане уметник откако ќе пораснеш." Апро по на маестралниот Пикасо, уметник кој го победува времето и сеуште е нераскинлива нишка помеѓу тие светови низ историјата и денес, ќе се надоврзиме на денешниов текст. Имено, станува збор за една брилијантна дама која навистина ја креира приказната на задржување, растење и одново будење на уметноста кај секој човек. Анкица Стевановска со школата за ликовна уметност Адамс Арт оваа година ќе го прослави својот петти роденден. Стевановска е…
Прочитај повеќе
„Градот ме тера да пеам“ – Mузичка програма во Битола

„Градот ме тера да пеам“ – Mузичка програма во Битола

„Градот ме тера да пеам“ музичка програма во Битола Оваа сабота, 13 април, во Битола ќе се реализира целодневен музички настан. „Градот ме тера да пеам“ во рамки на програмата на фестивалот АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“. Истиот е во партнерска соработка со платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Во рамки на настанот со концертни и диџеј настапи ќе се претстави дел од македонската музичка сцена. Составена е од млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура. Програмата ќе се реализира на две локации. Преку ден во кафе барот Јагода…
Прочитај повеќе
НАСА – Возила за истражување на Месечината преку приватни партнери

НАСА – Возила за истражување на Месечината преку приватни партнери

НАСА - Возила за истражување на месечината преку приватни партнери! НАСА потпиша историски договор  со три приватни компании за изработка на прототип на лунарни возила. Оваа стратегија отвора нова ера во истражувањето на космосот. Во вистински чекор кон вратите на месечината! Три приватни компании „Интуитив машинс“, „Лунар аутпост“ и „Вентури астролаб“ го дефинираа  договорот од НАСА. Истиот е вкупно вреден 4,6 милијарди долари што ја најавува следната фаза во лунарните истражувања. Оваа претходна фаза ќе ги види компаниите како работат на прототипите на возила за идните години. По ова ќе се одбере кои ќе бидат испратени на Месечината. Секоја од…
Прочитај повеќе