Ден: д.м.г

Велигденско декорирање на јајца – Супер креативни и забавни идеи

Велигденско декорирање на јајца – Супер креативни и забавни идеи

Веќе се во тек подготовките за прославување на најголемиот христијански празник Велигден, празникот на Христовото воскресение. Ова e најсветлиот христијански празник и добро знаеме дека јајцето е најголемиот симбол. Традиционално пред Велигден, на Велики Четврток, во секој дом се вапсуваат јајца. Токму тие го симболизираат воскреснувањето и почетокот на нов живот. Ова е еден од најубавите и највеселите православни обичаи кој се негува до ден денес. А нему најповеќе му се радуваат децата. Во прилог, ви пренесуваме неколку креативни и забавни идеи за декорирање на велигденски јајца, со кои најповеќе веруваме дека ќе се израдуваат вашите малечки. Сепак, не заборавајте…
Прочитај повеќе
„Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ – Проект на Здружението за развој на ромската заедница

„Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ – Проект на Здружението за развој на ромската заедница

Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница го имплементира проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ . Истиот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија. Целта на проектот е да им се обезбеди на младите девојки и жени со помали можности од општина Битола и пелагонискиот регион, теоретско знаење. Знаење кое ќе им помогне подобро да го разберат системот. И доследно да ги користат демократските алатки. Токму со тоа да ја зајакнат нивната политичка зрелост и да бидат активни граѓани во општеството…
Прочитај повеќе
„Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух“ – Денес – Меѓународен ден на танцот

„Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух“ – Денес – Меѓународен ден на танцот

По повод меѓународниот ден на танцот, како интернет портал и сајт кој ја буди свеста кон убавото, креативното и уметноста во целост, ви ја пренесуваме пораката на примабалерината Александра Мијалкова: „Со огромно задоволство ја пишувам пораката до сите танчери кои својот живот го посветија на оваа уметност и до сите љубители на танцот. Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина. Трансформативната моќ на танц от како уметничка форма. Форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност. Уметност на движење…
Прочитај повеќе
НУ Камерен Оркестар со спектакуларен концерт – Македонска Рок Симфонија во спортската сала Боро Чурлевски во Битола

НУ Камерен Оркестар со спектакуларен концерт – Македонска Рок Симфонија во спортската сала Боро Чурлевски во Битола

Минатата вечер, НУ Камерен Оркестар на Битола направи вистинско музичко уживање насловено „Македонска Рок Симфонија“ во спортската сала „Боро Чурлевски“. Концертот беше вистински музички спектакл. Ги потсети сите присутни на извонредната музика и квалитетот кој македонската музика го има. Истиот, го стави македонското музичко наследство на едно друго ниво кое е од непроценлива вредност за нашето општество. Јужната трибина на спортската сала Боро Чурлевски беше целосно исполнета... А публиката во еден глас со Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет ги пееше најдобрите македонски рок хитови од добропознатите Конкорд, Архангел. Од Леб и сол, Лева…
Прочитај повеќе
Првиот поткаст од серијалот „Are you ready for Pelister?“

Првиот поткаст од серијалот „Are you ready for Pelister?“

„Are you ready for Pelister?“ е насловот на првиот поткаст чија крајна евидентна цел е да ја зголеми туристичката привлечност на оваа планина. На Pelister. Ова е клучна туристичка дестинација и на далеку познато име, па време е да се промовираат неговите убавини. Да се потсетиме на она што го имаме... Преку визуелна и вербална дискусија да ја вратиме довербата кај домашните и странските туристи. Имено, како што е и запишано во известувањето за оваа иницијатива, поткастите се снимаат во рамките на проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? („Are you ready for Pelister?) На ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува…
Прочитај повеќе