Во на Мими југото се повози и Кузевски Душан
Прво прашање: „Дали работи парното оти зиморлија сум!“ - си праша гостинот, па од ко се кандиса некако, влезе во југцето. Кузевски Душан - Дуле во југото на Мими. https://www.youtube.com/watch?v=bf4X7R3BYQU Дуле го знаеме како актер кој брилираше во претстави кои ден денес се паметат. Секогаш со уникатен пристап кон изработката на ликовите и автентичност, Дуле стварно ја полнеше сцената и беше големо парче од мозаикот во урнебесните комедии. И да не го креваме „Ногу“ во облаци, да не се испозанеси после, шо прајме… Имено Дуле во југото на Мими, си призна дека страшно му фали театарската сцена. Отсекогаш сакал да…