Месец: м.г

Град на Алјаска е сместен во една зграда! – Жителите не ја напуштиле со години

Град на Алјаска е сместен во една зграда! – Жителите не ја напуштиле со години

Цел живот го минуваат во зграда! - За нив, пандемијата сеуште трае! Прашањето е како издржале, а богами и како се истрпиле досега. Се чини дека жителите на Витир се затворени во една бетонска џунгла „Begich Towers Condominium“. Имено, во градот Витир, малиот рад во Алјаска, животот се одвива во само една зграда, создавајќи атмосфера како од хорор филм. Во Витир, луѓето користат лифт како своја основна врата за излегување. Некои дури и години не ја напуштаат зградата во која живеат. Со својата изолација и непредвидливи временски услови, градот претставува непрофесионална атмосфера за живеење. Патувањето низ посебен тунел за жителите…
Прочитај повеќе
Врвни модели на јакни за преодниот период

Врвни модели на јакни за преодниот период

Врвни модели на јакни ќе го задоволат вашиот вкус на модно изразување. Откријте ги новите трендови на јакни кои ќе ги носите со задоволство и секако ќе бидете во центарот на модното внимание. Кожна моторџиска јакна Исконската кожна јакна доживеа трансформација, претставувајќи се во поелегантна верзија, без незгодни детали и џебови. Минималистичка бомбер јакна Бомбер јакната во нови луксузни варијанти со намалени детали, стана must-have во гардеробата. Твид јакна Ова парче се издвои како симбол на деловниот стил. Доаѓа во разновидни облици кои нудат вистински естетски допир. Карирана јакна Карираниот дезен е во центарот на вниманието и добива различни варијации.…
Прочитај повеќе
Време е за смеење до солзи – „Добриот шеф“, комедија во 3 Д Кино Битола

Време е за смеење до солзи – „Добриот шеф“, комедија во 3 Д Кино Битола

-„Добриот шеф“ е комедија која ќе ве развесели од почеток до крај. Запознајте го шефот кој се обидува да ја подобри својата компанија. Во таквиот обид, предизвикува лавина од смешни и хаотични ситуации. - велат од 3 Д Кино Битола. Во врска со кратката содржина и синопсисот, за филмот е објаснето: „Во очекување на посетата на комисијата која би можела да и додели награда на неговата деловна извонредност, сопственикот на компанијата за производство на индустриски размери се обидува да ги реши сите проблеми на неговите работници.“ Во продолжение погледнете го трејлерот и подгответе се за едно вистинско уживање и филм…
Прочитај повеќе
„Креативен ден“ – Кога уметноста и љубовта кон модата се прегрнуваат и стануваат едно

„Креативен ден“ – Кога уметноста и љубовта кон модата се прегрнуваат и стануваат едно

Ги сакам луѓето кои креираат. Тие личности некако поблиску се до моите сфаќања. Според мене, створени сме да создаваме и секој може да влезе во тој творечки моментум. Само треба малку насмевка и убава енергија. Ако сето тоа го зачиниме со талент, добиваме совршен микс. Во нашот случај, на 1ви Јуни ќе добиеме совршена модна приказна, настанот насловен како „Креативен ден“.   На кафе во Бела Куќа Хотел Бистро, поразговаравме со уште еден од тимовите на настанот кој според нашиот фокус, е тенденција што ги спојува модните иновации со едукативниот процес. Големината на идејата се препознава во апелот кој самиот…
Прочитај повеќе
Животни лекции: „За кого малку не е доволно, ништо не е доволно!“

Животни лекции: „За кого малку не е доволно, ништо не е доволно!“

Епикур рекол:„За кого малку не е доволно, ништо не е доволно“ . Оваа мисла на Епикур е повик за гледање на животот преку призма на благодарност и задоволство од она што веќе имаме. Наместо за постојано трагање за повеќе. Ова е само една од многуте животни лекции на Епикур. Истите, ни даваат до знаење дека вистинската радост е во едноставноста. Следејќи ги, се движиме низ врските со другите, низ скромноста и малите работи за да ги прераснеме стравовите. Замислете, Епикур творел во п.н.е., а неговата филозофија е релевантна и денес. Епикур бил грчки филозоф кој ја развил филозофијата на епикуреизмот…
Прочитај повеќе
Најужасната храна во светот според Ентони Бoрдејн, легенда од кулинарски свет

Најужасната храна во светот според Ентони Бoрдејн, легенда од кулинарски свет

Eнтони Бoрдејн останува легенда и е повеќе од кулинарски виртуоз! Eнтони Бoрдејн, останува легенда. Иако не е повеќе меѓу живите, неговиот авторитет во кулинарството сѐ уште е значаен. Eнтони Бoрдејн споделувал искуства за различни видови храна. Истите се прифатени и имаат големо влијание во светот на гастрономијата. Бoрдејн, познат по својот остар јазик, споделил искуства со најлошата храна во светот. Иако неколку пати го споменал ректумот на намибиска свиња како непријатно гастрономско искуство, тој признал дека пробал многу полоши работи. Едно од неговите мислења беше и за храната во авиони, која ја нарече „ужасна“. Тврдеше дека „луѓето ја јадат само затоа што…
Прочитај повеќе
,,Јас ќе бидам последната битолчанка шо ќе ја угасни струјата” – Јасна Николовска во Mimi Yugo

,,Јас ќе бидам последната битолчанка шо ќе ја угасни струјата” – Јасна Николовска во Mimi Yugo

https://www.youtube.com/watch?v=L_cqZCGQfkE Шо има во то југото не знајме, ама стално позитивна енергија се шири од секоја емисија. Овој пат во Mimi Yugo, се повози Јасна Николовска. На битолчани, гостинката им е позната од социјалните мрежи. Јасна е дел од популарни женски битолски фејсбук групи, а и зад нејзините статуси (без влакна на јазикот, а понекогаш и пикантни), се кријат моќни пораки и апели кои би требало да ја разбудат свеста околу сето она шо го велиме „људско“. Е прашањето е дали го имаме. Николовска се отвори во Mimi Yugo и ја раскажа својата приказна. „Ова гушката од баба ми Живка…
Прочитај повеќе
Една емотивна и конзулска – За Битола

Една емотивна и конзулска – За Битола

На секое „зошто“ има „затоа“, а за нашата Битола има повеќе одговори што кријат историја, незаборавни и урбани приказни. Еве нeколку „затоа“ на прашањето: „Зошто душата на Битола има конзулска гордост?“ - Една емотивна и конзулска - За неа... Затоа што од „украсите“ на Отоманската империја до европските палати, овој град бил сведок на многу дипломатски договори и културни разменувања. Овде, во овој град, конзулите биле пријатели на луѓето. Затоа што Битола се наоѓа на работ на овој Полустров. На Балканскиот, со стратешка положба и моќ. Затоа што токму оваа локација им овозможувa на конзулските преставништва во Битола да бидат…
Прочитај повеќе
Внимавајте со кого излегувате! – Му стигнале 150 000 пораки после само еден состанок

Внимавајте со кого излегувате! – Му стигнале 150 000 пораки после само еден состанок

Луда љубов-уапсена е жена од Аризона за 159 000 пораки по само еден состанок Замислете, Жаклин Адес од Аризона, која се вклучи во животот на еден маж, само по еден состанок му испратила 159 000 пораки! Мајстор на љубовни прекршоци со неверојатни 159 000 пораки! Како ли само успеала да ги „состави“?! Успеала и да го посети неговиот дом и да ја користи неговата када, додека мажот бил надвор од државата. Видео надзорот покажал  четири случаи кога Адес го посетила неговиот дом или работното место во периодот од јули 2017та до мај 2018та година. Времето минувало, а лудата љубов на…
Прочитај повеќе
Вашите омилени цвеќиња ги откриваат вашите скриени квалитети

Вашите омилени цвеќиња ги откриваат вашите скриени квалитети

Се вели дека вашите омилени цвеќиња ги откриваат вашите скриени квалитети. Интересна аналогија меѓу омиленото цвеќе и вашите квалитети што ви дава можност за размислување во насока на процветување како личности. Ако орхидејата е вашето омилено цвеќе... Вие сте мистериозни и умешни во смисла на креативност и авантуризам. Оттука, можеме да заклучиме дека љубителите на орхидеи ја прифаќаат животната авантура со страст и умешност. Во морето на цвеќиња,  орхидејата го открива оној кој има смелост за истражување на нови области во животот. Љубителите на рози Оние кои обожаваат рози, се опишуваат како вистински романтичари и љубители на убавината, природата и…
Прочитај повеќе