Грчка гастрономска закуска -Тиропита

Грчка гастрономска закуска -Тиропита

Во светот на кулинарството, секоја култура има своја симболична закуска. За Американците, тоа е питата со тиква, за Британците - пита со стек и кромид, за Грците - тиропита. Вистинско искуство на вкусот. Со своите тенки слоеви хартиено - фило тесто и сочната мешавина од јајца и фета сирење е повеќе од обичнo мезе. Оваа лесна и ронлива закуска стои во малите чинии - мезеди, на грчката трпеза. Ниту едно собирање околу неа не е комплетно без мезеди на масата и мали чаши со узо. Всушност, мезедите се од турско потекло, а тие пак позајмени од персискиот „mazze“ што значи вкус…
Прочитај повеќе
ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт на Шаде

ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт на Шаде

ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт насловен „Sweetest Taboo“, посветен на Шаде. Концертниот трибјут се случи во Битола на сцената на Народниот театар. Вокалите на Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Рената Симоновска изведуваа најомилени хитови на Шаде. Публика од сите возрасти ги исполни седиштата до последното место, а нивната возбуда беше опиплива уште кога бендот излезе на сцената и ги отсвири воведни акорди на легендарната Sweetest taboo, која донесе моменти на носталгија. ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт на Шаде и тој не беше само настап, туку патување низ најголемите хитови на британската поп дива, а секоја песна…
Прочитај повеќе
Црвена роза – Која е приказната зад оваа убавица?

Црвена роза – Која е приказната зад оваа убавица?

За денот на вљубените, секоја црвена роза носи во себе нешто повеќе од самата своја убавина. Розата со црвена боја е израз на љубовта и нежноста, но има и вкоренето длабоко значење во културата на живеење. Зошто е прва асоцијација за денот на вљубените? Што се крие зад цела таа приказна? Некои приказни и преданија, раскажуваат дека токму овој цвет се поврзува со љубовта. Еве неколку занимливости околу оваа тема: -Првата црвена роза била создадена кога грчката божица Афродита била изгребана од трн на бела роза, поради што розата станала црвена -Црвената боја на роза порано била особено скапа и…
Прочитај повеќе
„ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ“ – Предлог книга во име на месецот на љубовта

„ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ“ – Предлог книга во име на месецот на љубовта

Нурнавме во книжевните полици на Book's house. Па во име на месецот на љубовта, најдовме совршена книга што би го опишала. „ОД ЛУКОВ СО ЉУБОВ“ е нашиот предлог за вас! Совршена книга за еден прекрасен Февруари. Еве што е запишано во краткиот синопсис за книгата насловена како „ОД ЛУКОВ, СО ЉУБОВ“: „Љубов е кога некој ќе ве поттурне затоа што верува во вас кога и самите не верувате во себе. Ако некој ја праша Џасмин Сантос со кој збор би ги опишала последните неколку години од нејзиниот живот, тоа дефинитивно би бил збор од пет букви. Поминале седумнаесет години, безброј…
Прочитај повеќе