Месец: м.г

За Солуна, за Стамбола…Битола моја не давам!

За Солуна, за Стамбола…Битола моја не давам!

„За Солуна, за Стамбола...Битола моја не давам! “ - Ове е запишано во постот на фејсбук профилот на Агим Џело. Прекрасен видео запис со дрон од нашата снежна Битола. Имено пред извесно време со Агим Џело, познат кај битолчани како Забот, направивме интервју, а од нашиот разговор со него, во овој текст, би издвоиле дел од сторителингот: „Aгим е ЧОВЕК КОЈ НАВИСТИНА ЈА САКА ОВАА НАША КОНЗУЛСКА БИТОЛА И НЕУМОРНО СЕ ТРУДИ ДА ГО ВРАТИ НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД.“ Во продолжение погледнете го видеото и уживајте.  
Прочитај повеќе
Нова театарска сензација : Премиера на најновата претстава на Битолскиот Театар: ВУЈКО ВАЊА

Нова театарска сензација : Премиера на најновата претстава на Битолскиот Театар: ВУЈКО ВАЊА

Битолскиот Народен Театар со нова претстава: ВУЈКО ВАЊА Нова година, нови театарски искуства. Време е за уште една театарска еуфорија, што и во 2024 ќе ни покаже посебна уметничка димензија над штиците што живот значат. Нашите актери се подготвени, а ние како публика едвај чекаме да се сместиме во удобните црвени фотелји и да видиме што се „готви“ зад завесата. Имено, од Народен Театар Битола соопштија дека на 26ти Јануари Петок, со почеток во 20 часот претставата ВУЈКО ВАЊА од А.П.Чехов ќе ја доживее својата премиера за сите театарски љубители во нашиот град. Првата реприза ќе се „емитува“ на 27ми…
Прочитај повеќе
Најдобрите европски, ски центри за најеуфоричните

Најдобрите европски, ски центри за најеуфоричните

Зимата во Европа ќе ве остави без зборови со своите величествени планини и најдобрите ски дестинации и центри. Во овој текст, ги избравме петте врвни места кои несомнено ќе ги освојат срцата на секој скијач. Од Швајцарија до Франција и Австрија, овие дестинации и ски центри нудат преубави искуства во светот на зимските спортови. Zermatt, Швајцарија View this post on Instagram A post shared by Zermatt - Matterhorn (@zermatt.matterhorn) Уредени падини, бесплатно скијање и хеликоптерски тури го красат ова место за зимување. Ресторани со Мишелин ѕвезди доаѓаат како екстра заокружување на ова зимско искуство. Val d lsere, Франција View this…
Прочитај повеќе
Дизни авантура – Магична турнеја на крузер

Дизни авантура – Магична турнеја на крузер

Приказните на Дизни ќе пловат по Карибите - Disney Treasure - крузна авантура Ова веруваме дека ќе ја заинтересира најмладата публика, но се разбира и оние кои сеуште се чувствуваат како деца. Епа, ако го негувате тоа дете во себе, тогаш сте на вистинското место од каде започнуваат воодушевувањата. Имено, декември, 2024 година ветува едно вистинско чудо во источните Кариби. Пристигнува Disney Treasure, најновиот член на флотата на Disney Cruise Line. Брод во кој чудата се остваруваат, а вие ќе бидете уште еден член од екипажот на бајките. Ова екстравагантно крузно искуство ги спојува приказните од Дизни, Пиксар, Војната на…
Прочитај повеќе
Зачините можат и леќата да ја претворат во луксуз – Кулинарски совети

Зачините можат и леќата да ја претворат во луксуз – Кулинарски совети

Зачините се влезна точка во готвењето која прераснува во бестселер на вкусови. Кога ги додавате во јадењето, режирате вкусна и неодолива претстава. Не само што ќе ви аплаудираат, ќе ве враќаат на бис и ќе го бараат  вашиот личен потпис под  рецептот. Еве неколку совети за оние кои сакаат да експериметнираат со нив. Кога зачините ќе се потопат во масло на средна температура, една до две минути, тие споделуваат ароми. Ги прославуваат вкусовите заедно со вашето внимание. Овој метод се користи кога започнувате со подготовка на рецептот или како последен допир. Ако пак ги истурите во суво тавче на средна топлина,…
Прочитај повеќе
Од југото на Мими моќна порака: ,,Никој не е имун на љубов!”

Од југото на Мими моќна порака: ,,Никој не е имун на љубов!”

https://youtu.be/l2H9D4V-m_o?si=vsrs86NXUi-osN87 Најново видео во олдтајмерот и мотивирачка порака од југото на Мими. Омилен на социјалните мрежи. Колиште шо се ми се чини сите потајно го посакуваат. Е тој е моментот да напрајш од ништо нешто. Али од навидум ништо. Се си изгледаше онака ок. Просечно. Мими има југо и толку. Ама Мими имаше голем сон од то навидум ништо или малку. Причината ради која шо успеа и стигна и на time.mk да е главен, секако е неговата верба и љубов кон она што го работи. И не за џабе тро ја драмиме во интрото. Од југото на Мими, во најновото…
Прочитај повеќе
Урбана и шармантна ноќ – Битола во зима, низ објективот на Сашо Ставрев

Урбана и шармантна ноќ – Битола во зима, низ објективот на Сашо Ставрев

Битола - урбана зимска убавица низ фотографиите на Сашо Ставрев Зошто пишувам на вечер? Зошто после 12 часот ми доаѓа да палам тутун, да седнам покрај прозорецов... (фото - Сашо Ставрев) Да се стуткам во тоа исто меко ќебе и во пролет и лето и есен и зима…? Исто топли. Исто гушка. Делува приспивно и не толку приспивно. Можеби му се спие само на оној кој не знае и не сака да пишува. И во право е. Сака да си одмори човекот. Да си регенерира., да се опушти. Да го испразни цел тој фолдер од обврски, работни, љубовни, семејни и…
Прочитај повеќе
Ако си успешен, си надмен, ако не, тогаш си мизерен – Ќе те осудувааат и онака, па..?

Ако си успешен, си надмен, ако не, тогаш си мизерен – Ќе те осудувааат и онака, па..?

Ако имаш од повеќе килограми, ќе велат дека си дебел/а, а ако ги изгубиш тие килограми, ќе мислат дека си болен/а! Ќе те осудуваат луѓето и онака... Ако си успешен, мислат дека си надмен, а ако не си, тогаш си мизерен. Луѓето ќе те критикуваат и осудуваат и да си добар! Тогаш си наивен и глупав! Ако пак си строг, тогаш си луд! Ќе те осудуваат посекако! Не регистрирај! Ако се облекуваш убаво, ќе мислат дека си драматичен. Ако се облекуваш пак скромно, ќе те жалат. Е ако не те жалат, ќе те мразат. Подобро е второво! И на строг…
Прочитај повеќе
Всушност, НАВИСТИНА може да умрете од смеење! – Фасцинантни факти

Всушност, НАВИСТИНА може да умрете од смеење! – Фасцинантни факти

Сонцето испушта звук, но ние не го слушаме! Да се умре од смеење е навистина возможно! - Фасцинантни факти што го изменуваат начинот на кој го гледаме светот На нашата чудесна планета Земја како и на нашата природа, одново ѝ се чудиме на неверојатните феномени и тајни што ги содржи. Секој дел од тие фасцинантни факти е како камче во големиот мозаик на природата што неизбежно предизвикува восхит и почит. И секој детал на оваа планета е уште едно чекање да биде истражено. „Едно“ ни е јасно: што и да биде разголено е во синхроницитет со законите на универзумот. Ова се…
Прочитај повеќе
Биполарно растројство, страв од инсекти, смрт! – Тајните фобии на големите уметници

Биполарно растројство, страв од инсекти, смрт! – Тајните фобии на големите уметници

Во светот на креативноста и уметноста, многумина од најголемите уметници и креатори биле жртви на морничави фобии и психичка дисфункција. Сепак, овие аспекти често биле игнорирани и сокриени зад сјајот на нивните дела. Прочитајте ги скриените трагични истории и фобии на големи уметници: од Ханс Кристијан Андерсон до Винсент Ван Гог: Ханс Кристијан Андерсон, омилениот автор на бајки како „Малата сирена“ и „Снежната кралица“, стравувал од тафефобија (страв дека ќе биде погребан жив) што го водело кон необични барања пред своите пријатели во деновите што биле последни во неговиот живот. Салвадор Дали, генијалниот сликар не само што креирал уметнички дела,…
Прочитај повеќе