Фестивалот на музика од светот со спектакуларен настап на Лајбах – прослави 15 години
Фестивалот на музика од светот, кој се одржа од 23 до 25 ноември под мотото „Една сцена, звук на светот“, заврши со спектакуларниот концерт на Лајбах, оставајќи неизбришлива трага на културниот пејзаж на Битола. Овогодинешното 15. јубилејно издание, не само што ја зацврсти позицијата на Битола на глобалната мапа на град кој го слави жанрот •world music•, туку покажа и спектар на извонредни музички артисти и жанрови. Маја Андоновска-Илијевски, директорката на Центарот за култура - Битола го истакна значењето на овој фестивал на музика од светот, истакнувајќи ја извонредната листа на уметници кои со години ја красат фестивалската сцена. Но,…