Актерот Александар Копања во југото на Мими – Каде е интелектуалниот капацитет од градот?
Празен ли е градот и во која смисла е празен? Така некако спонтано започна муабетот на Александар Копања во југото на Мими. А Копања на ова констатира: - Некако е празен од страна на интелектуалниот капацитет. Како да одеднаш заминаа тие личности… И откако се ,,даруваја" наваму - натаму (ко невести), Копања во југото на Мими, раскажа како се вљуби во театарот. Како започна неговата актерска приказна. Според него, интересен е моментот кога сите од публиката, молчат, а еден зборува на сцена. Се согласваме дека е фасцинантен тој момент и таа енергија шо актерот ја пренесва преку претставата и фидбекот…