Овие денови во Битола ќе биде празник на музиката. Со концертот во Офицерскиот дом на минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц - сопран, исто така од Србија, свечено беше отворено 5-то издание на меѓународниот натпревар по пијано, пијано дуо и соло пеење "ПИЈАНОФЕСТ 2023". Приказната започна во 2019 та година, со 80 учесници од повеќе земји, а оваа година таа бројка се искачи на 120 од 8 земји: Србија, Македонија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска и Бугарија. Натпреварот е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози…