Година: Г

Понеделнички со убава мисла – Цитати за прекрасно утро

Понеделнички со убава мисла – Цитати за прекрасно утро

Ова е твое Понеделничко утро кое ти соопштува: Можеш да се соочиш со сите предизвици кои следат деновиве! Убавото нешто на она што ќе се случува денес, е тоа што можете да ги поправите грешките од вчерашниот ден! Телото го постигнува она во кое умот верува! Направете го првиот чекор и верувајте и тогаш кога не верувате! Бидете благодарни, останете будни и слушајте го внатрешниот глас! Убаво утро значи убав ден! Убав ден значи убава недела и одличен месец кој преминува во прекрасна година! А убави години, значат совршени моменти и совршен живот што започнува токму од ова утро!
Прочитај повеќе
Жените во Битола никогаш не се откажуваат од целта! – Одржана првата женска трка,,Биди своја”

Жените во Битола никогаш не се откажуваат од целта! – Одржана првата женска трка,,Биди своја”

Под мотото „Биди своја“, вчера вечер во Битола се одржа првата женска ноќна трка. На ,,Биди своја" навистина беа СВОИ над 200 девојки и жени и ја почитуваа пораката што се криеше зад насловената трка:,,Во преносна смисла и кога губиш и кога добиваш, во животот секогаш биди своја! " Следејќи ја оваа порака на Маја Атанасовска, имено организатор на трката, припадничките на понежниот пол, енергично и борбено во име на спортскиот дух и достоинствено и гордо, (би рекле во битолски mood,) се движеа кон целта. Оваа натпреварувачка трка со моќна порака, ја имаше својата стартно-целна местоположба што секако беше пред…
Прочитај повеќе
,,Охридски бисери”- Меѓународен натпревар на млади музичари во најромантичниот град

,,Охридски бисери”- Меѓународен натпревар на млади музичари во најромантичниот град

Охрид е уметност, историја, поезија, песна, бисер со посебен автентичен потпис. Деновиве градот блеска во тоа име со настани кои му прилегаат на најромантичниот град. Имено од таму ни доаѓаат и музички вести. Станува збор за дваесет и вториот Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ кој веќе е во тек, а истиот ќе се одржува до 18 Јуни. Под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија и градоначалникот на Охрид, надалеку прочуениот музички натпревар, се одржува во 20:00часот во салата на Општина Охрид. Млади уметници од десет држави -Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Турција и…
Прочитај повеќе
Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации

Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации

Од 23 до 25 јуни, по петти пат тромеѓето на Преспанското Езеро е локација за автентичниот фестивал кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион. Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници. Со разновидна програма која опфаќа гастрономија, еко уметност, работилници, презентации за туризам и презентирање на грантова програма на ЕУ за овој регион, овој уникатен фестивал ветува незаборавно искуство, преку еуфорична прослава на единството, креативноста и заедничкото наследство. Фестивалот започнува во селото Брајчино,…
Прочитај повеќе
Поетски вести од Охрид – Јубилејно издание на поетското читање,,Имам нешто да ти кажам”

Поетски вести од Охрид – Јубилејно издание на поетското читање,,Имам нешто да ти кажам”

Aко сте љубители на поетскиот збор, „Имам нешто да ти кажам“ ќе биде вистинско освежување за вас. Имено, пет годишното јубилејно издание на поетското читање насловено како „Имам нешто да ти кажам“ зад кое стои Културолошка Иницијатива 5 до 12, се одржува на 16ти јуни во Shilla-coffee & bar во Охрид со почеток во 20 часот. Отворете ги сетилата и наслушнете што имаат да кажат поетите или можеби вие имате своја автентична поетска порака која силно би прозвучила низ етерот...
Прочитај повеќе
Претставата ,,My name is Medeja”со награда за најдобра претстава на театарскиот фестивал,, Војдан Чарнодрински”

Претставата ,,My name is Medeja”со награда за најдобра претстава на театарскиот фестивал,, Војдан Чарнодрински”

,,My name is Medeja" во режија на Себастијан Хорват донесе уште една награда за Битолскиот Народен театар. Станува збор за наградите на 57мото издание на македонскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински" - Прилеп. Во продолжение прочитајте ги наградите. 1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ - САШО ИЛКОВСКИ. 2. НАГРАДА ЗА МУЗИКА - ДРАГО ИВАНУША. 3.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА - ИЛИНА ЧОРЕВСКА. 4.НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА - СЕБАСИЈАН ХОРВАТ. 5.НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА "MY NAME IS MEDEJA" ОД МИЛАН РАМШЕК МАРКОВИЌ, ВО РЕЖИЈА НА СЕБАСТИЈАН ХОРВАТ, ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР - БИТОЛА. Имено околу претставата My name…
Прочитај повеќе
„Сликам цвеќе за да не овене!“ – Фрида Кало и едно поинакво мислење околу креативноста

„Сликам цвеќе за да не овене!“ – Фрида Кало и едно поинакво мислење околу креативноста

Со автентичен изглед, маркантност и завиден сликарски талент, Фрида Кало сеуште ивее низ нејзината уметност. Некои луѓе никогаш не умираат или можеби тоа се уметниците чија смрт е незначајна бидејќи оставиле дела зад себе кои и денес зборуваат. Многумина го знаат тешкиот животен пат на оваа жена кој постојано се движел на удолници. Но, Фрида е симбол за храброст, издржливост и непокорливост. Имено, Кало, доживеала сообраќајна незгода во судар со автобус и трамвај, по што имала фатални последици и бројни операции за на крај да биде врзана за својот кревет 4 месеци. Нејзините слики зборуваат за нејзините животни приказни, па…
Прочитај повеќе
Идеален летен оброк – Уживајте во нови гастрономски искуства

Идеален летен оброк – Уживајте во нови гастрономски искуства

Храната е уметност, па од тука и идејата да уживате во нови искуства и да експериментирате во кујната. Во продолжение прочитајте го рецептот наречен како индиска салата и вкусете еден поинаков летен оброк. Состојки: – 2 јаболка – 300 гр пилешко бело месо – 2 лажички кари – 100 гр мајонез -1 дл јогурт – 2 лажички мед -1 лажица сок од лимон – 1/4 лажичка ѓумбир – 1/8 лажичка сол -1 шака бадеми Подготовка: Во блендер измешајте кари, мајонез, јогурт, мед, сок од лимон и ѓумбир, па измешајте ги во прелив. Подготвеното исечкано пилешко, ставете го во сад за…
Прочитај повеќе
„Улаф сте?“- Кога уметноста има слух за глувите лица во нашата земја, а сите останати молчат! Претстава која мора да ја гледате!

„Улаф сте?“- Кога уметноста има слух за глувите лица во нашата земја, а сите останати молчат! Претстава која мора да ја гледате!

„Ако македонскиот јазик е идентитетот на нашиот народ, тогаш и знаковниот македонски јазик е дел од тој идентитет“ Во систем во кој владее вечниот апсурд, во систем кој секогаш е ограден и се „крепи“ над маргините на општеството, театарската претстава „Улаф сте“ или „Are you crazy“, го истакнува стереотипот, недоволната информираност, апстрахирањето од индивудуалната, а потоа општата свест кон глувата заедница. Всушност, распадот на едно општество, започнува токму од тоа. Од целосната незаинтересираност на поединците кон проблематики кои ги интересираат ранливите групи. Глуви ли сме за проблемите на глувите лица во нашата земја? „Зборуваме, зборуваме, зборуваме...“ Ќе рече Кристијан Танчевски…
Прочитај повеќе
Научниците во прашалници: Женка крокодил забременила без мажјак!

Научниците во прашалници: Женка крокодил забременила без мажјак!

Во Костарика се случи навистина чудна ситуација која ги остави научниците без зборови. Имено, во зоолошката на ова добро познато место (барем по звучност или од филмовите), женски крокодил ги изненади експертите со тоа што сама забременила. Хм... Ситуацијата се „десила“ во паркот Рептиланија уште во 2018 година, каде 18-годишната женка крокодил, снела јајце. Иако фетусот бил целосно оформен, за жал, тој бил мртвороден. Најинтересно е што оваа „женка“ веројатно телепатски забременила, затоа што животното било целиот живот одделено од останатите крокодили. Тимот во зоолошката сеуште е шокиран, светот е во паника, настанува хаос за кого и не многу се…
Прочитај повеќе