Година: Г

Пристигнува едно од најсилните изданија на EXIT – Регионалниот фестивал го освојува летото!

Пристигнува едно од најсилните изданија на EXIT – Регионалниот фестивал го освојува летото!

Пристигнува едно од најсилните изданија на EXIT! The Prodigy, Wu-Tang Clan, Skrillex, Eric Prydz и многу други ја преземаат Тврдината!Регионалниот фестивалски гигант EXIT повторно го освојува летото! Најголемиот музички собир во југоисточна Европа од 6 до 9 јули ја претставува една од најсилните програми во својата историја, која ја предводат најбараната светска турнеја The Prodigy, боговите на рапот Wu-Tang Clan, осумкратниот „Греми“ добитник Skrillex, бројот 1 на електронската музика Eric Prydz и славниот шведски продуцент Alesso. Покрај нив во EXIT универзумот на повеќе од 40 фестивалски бини и зони ширум Петроварадинска тврдина ќе слетаат имиња како што се Dimitri Vegas & Like Mike, Chase & Status, Claptone, CamelPhat, Hot Since 82 и стотина други! Денс Арената оваа година…
Прочитај повеќе
Второ издание на „Модерно Скопје“ –  Музичко сценски спектакл во срцето на главниот град

Второ издание на „Модерно Скопје“ –  Музичко сценски спектакл во срцето на главниот град

На 25-ти јуни, во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, по втор пат скопјани ќе уживаат во музичкиот спектакл, фестивал насловен како „Модерно Скопје“. И ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство со најдобрите македонски артисти. Исото, ќе биде со слободен влез и ветува богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле. „Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде…
Прочитај повеќе
Кафтан како модно парче, не само за на плажа

Кафтан како модно парче, не само за на плажа

Кафтан е модно парче кое денес им припаѓа на жените, но идејата всушност доаѓа од мажите или од нивната традиционална облека во источните земји, Азија и делови од северна Африка.Порано, најчесто бил направен од комбинација на свила и памук. Кафтанот е препознатлив по нагласените шари, а како дел од секојдневната облека, ова модно парче се,, наметна" од страна на хипи модата и етно креациите. Но, набрзо овој модел стана стилско урбано парче кое го најде својот простор во модниот свет. Познат уште под името мароканска прекривка, кафтанот е во улога на заштитник од жешкото сонце во лето кога сте на плажа,…
Прочитај повеќе
„На театар па олабај“! – Деновиве, Битола пулсира во име на културата и уметноста!

„На театар па олабај“! – Деновиве, Битола пулсира во име на културата и уметноста!

Само за апетиетлиите на уметноста, а и за оние кои сакаат да го дознаат овој поинаков универзум кој дише во нашиот град. Од денес - 22 јуни, започнува ново уметничко доживување. Со цел да се задоволат апетитите на театарџиите, љубителите на музиката и уметноста воопшто, во Битола започнуваат креативни проекти насловени како „На Театар па олабај“! Мотивирајќи ја публиката комплетно и во целост да ја конзумира фестивалската уметност, оваа идеја се задржува на целта да ги промовира програмите на меѓународните фестивали во Битола. „Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите во локалната заедница.…
Прочитај повеќе
Неверојатни факти за нашата земја – И светот пишува за Македонија

Неверојатни факти за нашата земја – И светот пишува за Македонија

„На шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе...“ - Искористувајќи го познатиот стих од ,,Умилкување" на великанот на македонската поезија Петре.М. Андреевски, за миг ги средивме мислите, впечатоците од сé она што сме го поминале, од сé она што сме го турнале, не турнале, сме го затвориле, не затвориле, се обиделе...Колку и да не знаеме за сонцето, знаеме дека изгрева од овде! На една виртуелна прошетка низ интернетот, наидовме на едни интересни факти, кои не натераа повторно да се вратиме кон она наше, кон она кое го претсавуваме, не претсавува, го сакaме и не сака. И макар колку…
Прочитај повеќе
Дали знаете кои се седумте дејности што не може да ги замени вештачката интелигенција?

Дали знаете кои се седумте дејности што не може да ги замени вештачката интелигенција?

Рапидниот развој на вештачката интелигенција, сепак не може да загрози некои дејности . Извештајот од Goldman Sachsa од 2023 година зборува за тоа дека пазарот на работа во САД и Европа би можел да се соочи со сериозни пореметувања доколку вештачката интелигенција би ги исполнила своите очекувања. Во Извештајот се наведува дека околу две третини или поточно околу 300 милиони дејности веќе се во „опасност од исчезнување.“Но, со седумте дејности што во моментот се пред вашето читателско око, тоа не е случај: -Сертифицирани водоинсталатери и електричари кои имаат комплетен сет на умешност и знаење како незаменлива човечка вештина; -Градежни работници…
Прочитај повеќе
„Битола отворен град“, го трансформира нашиот град во урбана уметничка сцена

„Битола отворен град“, го трансформира нашиот град во урбана уметничка сцена

Оживувајќи различни урбани простори, денес млади луѓе менторирани од уметници, ги претворија ѕидивите во уметничко платно. Настанот е инспириран од говорот на омраза на битолските ѕидови и претставува Уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи.“– изјави Маја Ангеловска, програмска менаџерка во МКЦ – Битола. Откриј, креирај и инспирирај на Битола Отворен Град 21-24 јуни 2023! Познатиот полигон кој повеќе од две децении ја слави уметноста, музиката и волонтерството, започнува денес. Ова е 22 издание на меѓународниот арт фестивал и истото започнува од мигот кога сакаме омразата да ја претвориме во љубов. Преку говорот на уметноста, го заменуваме…
Прочитај повеќе
Битола продолжува да брилира во име на уметноста: „Битола Шекспир фестивал“ 2023

Битола продолжува да брилира во име на уметноста: „Битола Шекспир фестивал“ 2023

Со претставата „Магбет“ во режија на Ниќита Миловојевиќ ќе започне деветтото издание на Шекспир Фестивалот. Свеченото отворање на брендираниот фестивал кој го слави делото на најголемиот англиски и светски драмски писател, ќе биде на 23 Јуни со почеток од 20 часот.   „Судбината за играчка ме има“ е овогодинешното мото на фестивалот, а за тоа што стои зад оваа приказна, Илина Чоревска ќе рече: -„Судбината за играчка ме има.“ Тоа е реплика на Ромео и токму од неа се променува текот на неговиот живот. Сета убавина што до тогаш ја знае како едно невино младо момче, станува различна реалност. Ние…
Прочитај повеќе
Каде ќе се најдеш по неколку месеци, зависи од тоа каде си денес!

Каде ќе се најдеш по неколку месеци, зависи од тоа каде си денес!

Убави мисли за убаво утро! Разбуди се: Вљуби се во процесот и резултатите ќе дојдат сами! Ако сте сонувале нешто и тоа не ве плаши, тогаш вашите соништа се многу мали! Во животот 10 проценти се однесуваат на оние нешта што ви се случуваат, а 90 проценти остануваат на тоа како реагирате на тие случувања! Најважен е фокусот! Кога ќе се фокусирате на доброто, тоа расте! Секој ден е повод за прославување! Прославете ги и малите достигнувања или воопшто, прославете го тоа што денес сте се разбудиле и бидете благодарни!
Прочитај повеќе
„Ако ја барате среќата, всушност ќе сфатите дека сте несреќни“ – Необични тајни на најсреќните луѓе!

„Ако ја барате среќата, всушност ќе сфатите дека сте несреќни“ – Необични тајни на најсреќните луѓе!

Сите сакаме да бидеме постојано расположени и среќни. Ако го постигнеме тоа, позитивното расположение делува како магнет и освен тоа е заразно. Но, добро знаеме дека тоа е многу тешко да се постигне и затоа сме во двоумици како тоа би можело да биде константо чувство и да живееме без стрес, оптоварувања, лоши спомени… Ако некогаш сте се запрашале како некои луѓе успеваат да бидат среќни постојано, подолу е листа на тоа што прават среќните луѓе, пишува Тајмс оф Индија. 1. Не бараат среќа Ако се насочите кон потрагата по среќа, веројатно нема да успеете. Барајќи ја среќата, всушност сфаќате…
Прочитај повеќе