Година: Г

„Home sweet home“? – Сте се запрашале ли од каде доаѓа овој израз?

„Home sweet home“? – Сте се запрашале ли од каде доаѓа овој израз?

„Home sweet home“ е изразот на задоволство и среќа. Сте се запрашале ли од каде доаѓа? Еве ја приказната од каде всушност потекнува оваа позната изрека. „Доме, слатки доме “ или „Home sweet home“ е песна од операта „Clari“ или „Слугинката од Милано“ која за прв пат била изведена во Covent Garden во Лондон во 1823 година. Автор на текстот бил американскиот актер и драматург John Howard Payne (1791-1852). Кон крајот на 19 век , песната станала химна за војниците за време на американската граѓанска војна. Ако сте љубопитни, ви доловуваме дел оригиналните стихови : „...Таму се чини дека не…
Прочитај повеќе
Започнува Д ФЕСТИВАЛ – Најголемиот летен музички фестивал во земјава досега!

Започнува Д ФЕСТИВАЛ – Најголемиот летен музички фестивал во земјава досега!

Започнува Д ФЕСТИВАЛ Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат. Го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на уметностите, мирот, слободата и заедништвото. Повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма, како и најголемиот интерес за влезниците навестуваат дека пред нас е најдоброто издание на Д Фестивал досега чија тридневна…
Прочитај повеќе
Курбан Бајрам – Празник за хуманоста, хармоничните односи, благосостојба и мир

Курбан Бајрам – Празник за хуманоста, хармоничните односи, благосостојба и мир

Курбан Бајрам e вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. Верниците од исламска вероисповед, денеска го слават овој магичен празник кој раскажува чудотворна приказна за убавината на доброто во светот. Во величествена атмосфера на првиот ден од празникот, верниците ја изведуваат молитвата за Бајрам – Бајрам намаз. Ова е најмоќна молитва која започнува уште во раните утрински часови, а со неа верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Хуманоста, како и стремежот кон хармонични односи меѓу луѓето, благосостојба и мир се сето она што зборува…
Прочитај повеќе
Битолчани повторно ќе уживаат на Копанки – Започна реконструкција на планинарскиот дом

Битолчани повторно ќе уживаат на Копанки – Започна реконструкција на планинарскиот дом

Освен како урбано место, Битола е позната и по мирисот на молика, планинскит воздух и местото кое го знаат генерации наназад - Копанки. После немилиот настан пред 10 години и после опожарувањето на домот, вчера започна реконструкцијата на истиот. „КОПАНКИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ ЗА БИТОЛЧАНИ! Денес, после 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки. Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот…
Прочитај повеќе
Светот е полн со чудесни места – „Салар де Ујуни“ – Боливија

Светот е полн со чудесни места – „Салар де Ујуни“ – Боливија

Постојат магични места кои доколку имате прилика, би требало да ја искористите и да ги посетите додека сте дел од овој свет. „Салар де Ујуни“ - Боливија, е најголемата солена платформа во светот со површина од 10 000 квадратни километри. Лоцирана кај Андите во Јужна Америка, интересна е приказната што стои зад формирањето на ова место. Се верува дека станува збор за остатоци од праисториското солено езеро - Лаго Минчин. Минералите во солената кора претставуваат вистинско чудо на богатство за секој оној кој знае да ужива во вакви благодети. Солената платформа доловува надреален пејсаж. Кога е суша, рамното пространство на…
Прочитај повеќе
ПЕСНИ ЗА ШЕКСПИР – Вечерва завршува  Шекспир Фестивал

ПЕСНИ ЗА ШЕКСПИР – Вечерва завршува Шекспир Фестивал

Вечерва, 29.06.2023 со почеток во 20 часот, светски познатата Марија Жоао од Португалија, веројатно најдобрата и најталентирана пејачка на денешнината, со ОГРЕ електрик кватрет, ќе го затворат овогодинешното издание на Битола Шекспир Фестивал. red stage curtain background with heart symbol ligst shape Од Народниот Театар Битола, информираат дека како гости ќе настапат, нашиот актер Огнен Дранговски, Славчо Јовев на тапани и музичари од камерниот оркестар од Битола под водство на маестро Владимир Димовски. Ова ќе биде навистина сензационална вечер која ќе стави финиш на брендираниот фестивал кој го слави делото и уметноста на маестралниот драмски автор Шекспир.
Прочитај повеќе
„Налеј, налеј“ на  Миле Кузмановски ежи и плени со емоции

„Налеј, налеј“ на  Миле Кузмановски ежи и плени со емоции

„Налеј, налеј“ е песна која често и со огромно задоволство ја изведувам на моите настапи.“ -Верувам дека преку овој проект ќе успееме убавата македонска песна да ја доближиме до младите луѓе. „Налеј, налеј“ се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа“, вели Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“, а чија изведба е всушност третата по ред нумера што јавноста добива можност да ја чуе. „Налеј, налеј“ е македонска народна песна, чии стихови според достапните податоци се…
Прочитај повеќе
Ако лежи на улица, не значи оти е пијан или дрогиран! – Сите на „бело“, а ние на „црно“

Ако лежи на улица, не значи оти е пијан или дрогиран! – Сите на „бело“, а ние на „црно“

Ако лежи на улица, не значи оти е пијан или дрогиран! Црната хроника одамна е докажано дека е најчитана по весниците, а и во живо уште котира на врвот. И дури негде светот полека се преселва на Марс и хотели се ,,билдат" и на небо и под земја, кај нас останват најбитни муабетите од типот: Кој умре, шо умре, кој се исколи, на која улица се деси собраќајка, се предозирал, се истепал со комшијата, пари од лихвари зел и го заклале, болен бил, цела фамилија психопати биле и се испоубиле, сната и свекрвата очи си извајле и толку многу небитни…
Прочитај повеќе
„И тумбе и кафе и сцена за градот“ – Кога рециклираната пластика се креира во скулптура и станува уметност

„И тумбе и кафе и сцена за градот“ – Кога рециклираната пластика се креира во скулптура и станува уметност

Од ништо нешто! Токму тоа е целта на уметноста воопшто. Креативноста значи создавање и вдахнување на дух на она што навидум изгледа уништено и мртво. ПВеројатно поведувајќи се од оваа идеја, волонтери рециклираа пластика и креираа скулптури од отпад. „На 27 јуни 2023, на Летната сцена на „Тумбе кафе“ ‒ Битола се одржа волонтерската акција „И тумбе и кафе и сцена за градот“. Акцијата вклучуваше симулирана потрага по отпад којшто волонтерите на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола го искористија за уметнички да се изразат и да ја рециклираат пластиката преку креирање скулптури од отпад.“ стои во соопштението од организаторите на ова несекојдневно…
Прочитај повеќе
Џез, уметност, Италија – Романтично место со фузија од емоции

Џез, уметност, Италија – Романтично место со фузија од емоции

Santa Domenika Talao е волшебен италијански планински град во провинцијата Cosenza , Calabria. Градот е дом на голем број уметници чии погледи се свртени кон приморското село Scalea. Palazzo Campagna е централната зграда во селото. Оваа зграда постоела уште во 17 век и му припаѓала на истакнат лекар и неговото семејство. Денес, кустосот на палатата, Vilma Laudrau го нуди просторот како центар за настани и сместување. Градината е уредена за одржување на „Tиренскиот џез фестивал“ кој оваа година се одржува на 27-30 јули, 2023. На овој незаборавен настан во волшебната бразилска кантана, секоја година посетителите уживаат во мајсторијата на џипси…
Прочитај повеќе