Филмот за Барби го полуди светот, а богами и GOOGLE – Еве што се случува таму
Барби-манијата го зафати светот, а изгледа и Google е воодушевен или можеби тука се крие нешто друг? Дигитален маркетинг, органски пребарувања или нешто друго? Би си го поставиле прашањето колку пари има „вложено“ Барби за да се случува ова? Имено, како што велат, Google одлучи да ги изненади обожавателите на филмот Барби. Така, кога ќе го впишете името на Рајан Гослинг кој го игра Кен, во пребарувачот, целиот екран ќе ви стане розов и ќе ви се појават розови ѕвезди. Истото се случува кога ќе го внесете името на филмот во прелистувачот. Инаку, изминативе денови низ светот се одржаа премиери…