Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано!
„Понекогаш се преправам дека сум нормален, но потоа станува досадно и се враќам да бидам јас!“ Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано! Пред некое време во мала дискусија со пријатели, заглавивме во доста позната проблематика. Дали комплицирам (e)? И колку ни е гајле ако некој мисли така? Прашањето е дали станува збор за медиокритети кои доколку им „нафрлиш“ сериозен разговор кој вклучува психолошки или (според нив) философски осврти, или уметнички пристапи, интернационализми и така натаму, веднаш те напаѓаат. Одеднаш, се случуваат опасни генерализации. Симптомите се детектираат и ти си конзистентно лудиот човек кој и не баш припаѓа во таа средина. И…