Нејзините ликови долго живеат, а театарската сцена пишува историја – Илина Чоревска со награда за најдобра женска улога на ИФАД СТОБИ 2023
Илина Чоревска со награда за најдобра женска улога на ИФАД СТОБИ 2023 Илина Чоревска се закити со уште една награда за која жири комисијата на XX ИФАД Стоби, во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург, едногласно ја донесе следнива одлука - Награда за најдобра женска улога се доделува на Илина Чоревска за улогата на Медеја во претставата “My name is Medeja”, режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Н.У. Народен Театар Битола. - известуваат од Народен Театар Битола. Имено околу „My name is Medeja“, драматургот Рамшак Марковиќ, ќе рече: -Toa e претстава за женската моќ.…