„Жената со часовникот“ на Пикасо продадена за астрономска цена
Сликата на Пабло Пикасо „Жена со часовник“ (Femme a la montre) од 1932 година, е продадена на аукција за астрономска цена од 139,4 милиони долари, објави Сотби. „Ремек-делото на Пабло Пикасо беше продадено за 139,4 милиони долари, што го прави второто највредно дело на уметникот некогаш продадено на аукција и највредното оваа година“, се вели во соопштението на аукциската куќа на социјалната мрежа Икс (Твитер), пренесува telegraf.rs. Пабло Пикасо, шпански сликар и скулптор, бил еден од највлијателните и најиновативни уметници во 20от век. Сликата „Жената со часовник“ (Femme a la montre) е едно од најпознатите дела. Femme a la montre…