Битолчани од Мелбурн со донација за Светскиот ден на дијабетесот во Битола
14 ноември е светскиот ден на дијабетесот. Здружението на дијабетичари на Општина Битола по овој повод доби донација од 1.000 австралиски долари. Донацијата е од Bitola Social Club - заедницата на битолските иселеници во Мелбурн, Австралија. Овој активен клуб, претставува жива заедница на иселениците во Австралија со потекло од Битола. Тој подаде рака на помош нагласувајќи ги силните врски и заедничките вредности на глобалната битолска заедница. „Нашите корени и врски со Битола остануваат силни, без разлика каде сме во светот. Оваа донација е доказ за нашата постојана посветеност да поддржуваме важни каузи во нашиот роден град. Привилегија е да се…