Месец: м.г

Зимска хармонија во вашиот дом – Дизајн инспирација

Зимска хармонија во вашиот дом – Дизајн инспирација

Ајде да се нурнеме во атмосфера на удобност, стил и дизајн што само зимата може да ни ги понуди. Во оаза на удобност и топлина, зимата станува насловна страница од најубавата сликовница. Префрлете се во светот на белата нежност со зимски дизајн и ентериер. Вклучете топли дрвени акценти во комбинација со овчи кожи, кадифени и кашмирни  перничиња и килими со длабоки влакна кои ќе ви ги галат стапалата. Канализирајте топлина и текстура која ќе го поттикне семејството на пријатен разговор. Поставете гранки од природна елка со сребрени акценти  во аголот кој повикува на елегантно дополнување.  Не заборавајте на топлите светилки…
Прочитај повеќе
Ако СИ одам од Битола…

Ако СИ одам од Битола…

Ако заминам и си одам од Битола... https://youtu.be/LWUEYAXLCr4?feature=shared Саботно кафе и низ црни очила несврзан муабет со пријатели.. Лабав навидум... Благ ко кафето со шербет на изглед, а толку горко во душата. Оти фала Богу си следи тоа клише:,, Ти не си за тука! Се бориш цело време! Со поезија, со глума, со театри... Како да сакаш нешто, а не можиш... Сега имаш и интернет простор, ама гледаш? Тешко е! Овде ништо не е лесно. Не е ова Битола во која верувавме. Не си ти за тука. Замини. Премини на амерички пазар. Светски пазар. Продај се. Мудро. Редно е! ".…
Прочитај повеќе
Раде се туфка за платата, а Жана се саклдисва со снаата! – Кратко видео на Марјан Георгиевски

Раде се туфка за платата, а Жана се саклдисва со снаата! – Кратко видео на Марјан Георгиевски

Раде се туфка за платата, а Жана се саклдисва со снаата! - Кратко видео на Марјан Георгиевски Тежок е живото и за Раде во на Марјан,, Лудата куќа". И то е... Пусто наше. Колку и да есапиш, гумите се лижат и барем две ако ништо друго, мораш за на зима да земиш. А треба и компресорче и моторче... И така Раде есапи со глата нурната, а Жана чади. Туку и та се шаштиса… Сашо ќе ја носел неговата, а та од сега ги сука ракајте за куклици, кифлиња, потурено, шеќер паре да прај. Не моЈ то туку - така. Ќе…
Прочитај повеќе
Опера торта – Кога чоколадото е композитор, а кремот либретo

Опера торта – Кога чоколадото е композитор, а кремот либретo

Опера торта е француско пециво препознатливо по своите тенки слоеви од следните компоненти: Три слоја пандишпан со бадем натопен во сируп од еспресо; еспресо путер крем  и ганаш и глазура од темно чоколадо. Традиционално е украсен со името Опера со златен сјај напишано на врвот врз квадратната форма на тортата. Да започнеме со разделување на секоја компонента: Пандишпанот за оваа т.н. опера торта е лесен и нежен со етерична структура  и составен од  две чаши бадемово брашно, две чаши шеќер во прав , шест цели јајца, две лажици стопен и изладен путер, лажиче четвртина кујнска сол и половина чаша брашно…
Прочитај повеќе
За човекот кој не разбрa дека не разбира

За човекот кој не разбрa дека не разбира

Ова е приказна за човекот кој не разбра дека не разбира и притоа сѐ, ама буквално сѐ му е јасно.   Во овој свет, полн со мистерии и збунетост, има едно убаво искуство, наречено чисто постоење. Додека некои луѓе се тресат и „дрхтат“ од несигурност пред неописливите тајни на светот, други се одвојуваат со удобност и безгрижност не освестувајќи дека не разбираат. Секојдневните ситуации им стануваат авантури, а грешките , пратеници на среќата. За овој човек, животот е едно платно, а интуицијата, четка што го бои во неочекувани и различни нијанси. Логиката нема никакво влијание со неговото постоење. Информациите и…
Прочитај повеќе
BMW M5 во 2025та-Кралица на асфалтот

BMW M5 во 2025та-Кралица на асфалтот

Се крчка нешто екстра зачинето во фурната на BMW за следната генерација на BMW М5. Префинет седан од М дивизијата ќе излезе на пазарот со 735 коњски сили и четири електромотори  во 2025та година. BMW M5 се смета за рафиниран седан од М дивизијата поради неколку главни аспекти како што се извонредните перформанси -М5 е опремен со робустен мотор дизајниран да издржи сурови услови. Вклучен е интелигентен систем за контрола на возењето, инфозабавни системи и безбедносни технологии. Ова создава премиум технологија. Следната генерација М5 воведува управување на задните тркала и поголеми сопирачки. Погонот на задните тркала или RWD е типично…
Прочитај повеќе
Во кое општество живееме? 8% – Претстава што гласно извика: Болните во нашата земја се само бројка

Во кое општество живееме? 8% – Претстава што гласно извика: Болните во нашата земја се само бројка

Исти ли сме сите пред законот во ова општество? Постои ли грешка во ,,авторскиот" пристап? Има ли оваа приказна јунаци и треба ли да има? За што зборува приказната на Македонија? Каде е човечноста? Пред некој ден... Се облековме убаво, ставивме од омилениот парфем и тргнавме на театар. Но мириса ли на омилено и убаво ли сме облечени? Што се крие зад костимот? ... Прва грешка доцневме, па уште од старт се обвинивме, а потоа следеше уште еден час и половина кој го испочитува нашето време, но не натера да се запрашаме...Го почитуваме ли и ние нивното? Времето на човечноста?…
Прочитај повеќе
2 години од постоењето на Book’s House – Роденденска хуманитарна забава

2 години од постоењето на Book’s House – Роденденска хуманитарна забава

Најурбаното место, книжевното катче во срцето на Битола - Book's House, слави две години од отварањето, одличен повод за уште една хуманитарна роденденска забава. Како и секогаш, нашите пријатели со полно срце сакаат да ги израдуваат оние кои немаат, оние чии срца скоро и да се прзни, а нели.... Нашето малку, за некого може навистина да значи многу. Токму и тоа е мотото на оваа роденденска хуманитарна забава на Book's house. „Нашето малку за некој ќе ја донесе најголемата празнична радост!“ Имено, настанот ќе се случи на 16 ти Декември, во Сабота, а ќе трае од пладне до 22 часот.…
Прочитај повеќе
Европска кино ноќ 2023: Прослава на европската филмска култура во битолското 3D кино

Европска кино ноќ 2023: Прослава на европската филмска култура во битолското 3D кино

Центарот за култура во Битола беше домаќин на престижната European Cinema Night,Европска кино ноќ одбележувајќи значајна пресвртница како единствено македонско кино меѓу 85-те кино сали избрани ширум Европа. Овој настан, (Европска кино ноќ 2023) дел од прославата на европската филмска култура ширум континентот, го прикажа францускиот филм „Злосторството е мое“, на извонредниот режисер Франсоа Озон. По неговата проекција, следеше панел-дискусија која предизвика мноштво дискусии и размислувања поттикната од филмот. Филмот е комедија-драма, лоцирана во 30-тите години на 20 век, а ги истражува темите на правдата, личниот морал и сложеноста на човечките односи во кои жената е центар на анализа. Изборот,…
Прочитај повеќе
Ново: Марјан Георгиевски секој ден со кратки видеа!

Ново: Марјан Георгиевски секој ден со кратки видеа!

Милена калдиса, Жана под притисок - Марјан Георгиевски секој ден со кратки видеа Долго време ја нема лудата куќа на Марјан Георгиевски. Мирето комшивката насекирана, дури ојде да потслушни шо се дешава. И не оти оговара, ама ко да и се слушнало стенкање, лелекање. Цела збунета му се јави на Жана да види да не се изматуфи на стари години. Али друго било работата, се вели во едно од кратки те видеа на Марјан Георгиевски. (Секако креатор на најурнебесното шоу) Милена почна да шишти.. Калдисала скрос после тие сокојте од јаболка. Сите дома пеплосани.. Камен во бубрего му најдоја. Притисоко…
Прочитај повеќе