Месец: м.г

Интимен Театар вечерва со премиера на претставата КУКЛЕН ДОМ

Интимен Театар вечерва со премиера на претставата КУКЛЕН ДОМ

Вечерва (Среда, 15ти ноември), во 19ч, ќе се случи премиерата на театарската претставата КУКЛЕН ДОМ. Претставата е работена по текстови на Хенрик Ибзен, како и по авторски материјали на Билјана Крајчевска. „Куклен Дом“ е во продукција на Интимен Театар Битола, а режијата е на Софија Ристевска Петрушева. Се разбира дека очекуваме експлозија од емоции. Посебно театарско искуство со докажаните актерски имиња. Валентин Дамчевски и Катерина Аневска Дранговска. Знаеме дека Софија со Интимен Театар уште еднаш подготвуваат театарска сензација што задолжително треба да ја погледнеме. Имено проектот е поддржан од Министерството за култура, а ќе се изигра во просториите на Приватната…
Прочитај повеќе
Краткометражни филмови кои ќе ви го стопат срцето

Краткометражни филмови кои ќе ви го стопат срцето

Годишниот анимиран филмски серијал на Chick-fil-A со своите краткометражни филмови навистина знае да ги стопи срцата на бројната публика низ светот. Станува збор за кратки видеа, краткометражни филмови кои на едноставен начин не потсеќаат на вистинските вредности. На вербата, надежта, часовите кои ги губиме без или едвај да ги заприметиме нашите најблиски. Овие филмови, зборуваат за времето што лета, за изгубеното време и токму тоа скапоцено време со саканите. За искрата, за простувањето и колку понекогаш не ги гледаме работите иако тие се пред нас. Секоја година низ празнична еуфорија, приказните на Chick-fil-A, поттикнува значајни моменти на поврзување меѓу саканите.…
Прочитај повеќе
Време е за чистка на вашиот плакар! Но, што ако сте емотивно поврзани со облеката?

Време е за чистка на вашиот плакар! Но, што ако сте емотивно поврзани со облеката?

Дали парчињата што висат во вашиот плакар се рефлектираат во вашите инспиративни слики? Погледнете ги деталите како копчињата, џебовите, должината и ширинатата на панталоните, обликот на рамената и заситеноста на бојата. Размислувајте на овој начин: класичните црни панталони што ги купивте во 2013 година сега имаат 10 години! Стилот, линијата, конструкцијата и целосното вклопување се застарени. Само стојат во вашиот плакар и се разбира им држат место на некој нов модел. Чистењето на облеката е емотивно. Што треба да остане, а што да оди веднаш?! Бидејќи нашата облека е продолжение на она што сме, врска со нашето минато и иднина,…
Прочитај повеќе
„Престанете да се грижите и да контролирате!“ Мотивирачка порака од Бентињо Масаро

„Престанете да се грижите и да контролирате!“ Мотивирачка порака од Бентињо Масаро

Порака од Бентињо Масаро (екстра-обичен-необичен човек, мотивациски говоник). Задолжително прочитајте ја оваа мотивирачка порака! Кога велиме светот ни е на дланка, навистина го мислиме тоа. Со сериозна свесност и фокус кон делата на умовите што не инспирираат, ги ползуваме нивните цитати. Истите ни дозволуваат и даваат можност да ги споделиме своите рефлексии и знаењето со другите. Во таа смисла, комплетно го користиме изворот за да го изразиме чувството на задоволство. Текстот што следи подуолу е содржински  длабоко мотивирачка порака од Бентињо Масаро. Имено овој човек го сретнавме на фејсбук. Тој е екстра-обичен-необичен човек кој ги споил нефизичките нивоа на сопственото…
Прочитај повеќе
…А што е театар?

…А што е театар?

Театар е слух за доброто, пост и поздрав за убавото.Театарот е ехо на уметноста, извик на душата, повик кон свесноста. Театарот е благодет во секој ден. И во оној кога има сонце, и во оној кога „гори“. Театар е елеганција, посебен приказ на уметност. Театарот е моментум, има посебен дух, миризба, опиум. Оној кој еднаш влегол во нашиот театар, можеби до некаде ја разбира моќта, вистинската причина и она магично чувство на димензионалност и длабочина. Тoa е волшебство уште од првиот миг кога само помислуваш на него. Театарот, особено битолскиот, нашиот, конзулскиот, започнува уште од дома. Од мигот кога ќе…
Прочитај повеќе
Ех кога би живееле тука! – Импозантна куќа со неверојатен поглед

Ех кога би живееле тука! – Импозантна куќа со неверојатен поглед

Изгледа „нестварно“: Импозантна недвижност, куќа со неверојатен поглед Звучи како фантазија. Изгледа „нестварно.“ Впечатливата куќа Биг Сур, Калифорнија, инспирирана од будистичкиот храм Паро Такцанг, наречен  „Тигрово гнездо“. Сместена е на карпа и има мистичен поглед на Тихиот Океан. Истата се појави на пазарот за 25 милиони долари. Ова драматична структура е поставена на 9,5 хектари.  Изградена од стакло, челик, дрво и камен, нуди длабоки и спектакуларни погледи на вода, според Coldwell Banker Realty. Океанските бранови се кршат веднаш под некои од прозорците на домот. Куќата од 3.635 квадратни метри е изградена од четири аголни, двокатни бетонски столбови кои се издигнуваат…
Прочитај повеќе
Интервју со Никола Пискачев, педагог и директор на ОOУ „Стив Наумов“ во Битола: „Не постои невозможна мисија, само треба да се пронајде вистинскиот пат!“

Интервју со Никола Пискачев, педагог и директор на ОOУ „Стив Наумов“ во Битола: „Не постои невозможна мисија, само треба да се пронајде вистинскиот пат!“

„Да се осмелите, тоа е цената на напредокот.“ – Виктор Иго. Разбуди се и овој пат зборува за амбиција. За смелост за таргетирање на одредена цел и упорна борба околу освојување на таа мисија. Посебно се фокусираме кон приказна што се креира заедно со оние кои знаат што е успех. Оние кои ја будат свеста околу позитивниот исход и мисла. Како медиум што ја поддржува културата, образовниот систем и секако амбициозните идентитети на кои како општество треба да се гордееме, гласно поддржуваме иницијативи кои зборуваат за промени, за освојување врвови и смелост да се направи првиот чекор. Токму овие епитетите…
Прочитај повеќе
„Нема грешки, само лекции!“: – Цитати како извор на мудрост, инспирација и охрабрување

„Нема грешки, само лекции!“: – Цитати како извор на мудрост, инспирација и охрабрување

Понекогаш ни е потребна инспирација за да продолжиме понатаму... Во моменти на несигурност, непрегледност и предизвици, инспиративните цитати стануваат фенер и ни го осветлуваат патот. Тие ни помагаат да ја пронајдеме нашата вистинска сила и потенцијал. Пронајдете ја и вие таа инспирација и отстранете ги сите пречки на животот. Зајакнете ја вашата ментална сила. „Не постои такво нешто како слаби луѓе! Постои само несвесна сила“ „Силата на карактерот не се мери според тоа што го имате, туку како се справувате со она што го немате“. „Најголемите триумфи доаѓаат од најголемите предизвици“. „Менталната сила не е способност да се избегне болката,…
Прочитај повеќе
Прокапи југото на Мими, масло на сите страни – Агим Џело во YUGO

Прокапи југото на Мими, масло на сите страни – Агим Џело во YUGO

Дефек во југото, ама то не го спречва Мими да сними емисија! Овај пат во најновото видео во југото на Мими се наоѓа Агим Џело. Камерман, режисер на познатиот документарен филм „Битолските кафичи низ времето“. Познат е по емисијата Металманија која датира уште од 1996 и е единствена во етерот низ Македонија со уникатна содржина. Агим е соработник со големи имиња од музичката алтернативна сцена. Со светски популарни оргазнизации на најпопуларни концерти, се разбира и наш соработник. И ми се чини оти доволно го исфаливме… Настрана шалата ѕирнете го видеото, ама наше е да си најавиме... Од ко се прегледаја…
Прочитај повеќе
Ѕвездите одговораат: Кој ќе има полн паричник во 2024та

Ѕвездите одговораат: Кој ќе има полн паричник во 2024та

2024 изгледа ќе го ,,усреќи" паричникот на многумина Ако ја подржуваме идејата дека позициите на планетите влијаат врз нашите животни аспекти, тогаш три хороскопски знаци ќе се радуваат на приливот на пари во Новата година. Еве кои хороскопски знаци ќе имаат полн паричник во 2024та. Ѕвездите велат дека 2024 година им носи пари на ОВЕНОТ, РАКОТ И ШКОРПИЈАТА. Периодот од јануари до март 2024 година ќе биде исклучително плоден за родените во знакот на ОВЕН. Парите ќе им пристигнат од „странство“. Пари ќе има и за РАКОТ многу повеќе од претходната година од очекувани и неочекувани извори. ШКОРПИЈАТА, одново и одново…
Прочитај повеќе