Месец: м.г

Единствено преживеано мени за вечера на Титаник, се продава на аукција

Единствено преживеано мени за вечера на Титаник, се продава на аукција

На луксузниот брод, Титаник, искуството со пловење не само што вклучувало удобност и луксуз, туку и богато мени.  Тоа обично се создавало имајќи ги во предвид префернциите и културните разлики на патниците. Едно такво богато мени и единствено преживеано за вечера на Титаник, се најде во фото-албум од 1960тите. Тој некогаш му припаѓал на Лен Стивенсон, историчар од Нова Шкотска. Истото, ќе се продава на аукција и се очекува да биде продадено за 70.000 фунти. Тоа, всушност бил оброкот кој бил послужен ден откако бродот го напуштил Квинстаун, Ирска, пловејќи за Њујорк. Само три дена пред да удри во пловечка…
Прочитај повеќе
5 Работи кои би ви се случиле доколку се ослободите од теретот од минатото

5 Работи кои би ви се случиле доколку се ослободите од теретот од минатото

5 Работи кои би ви се случиле доколку се ослободите од теретот од минатото Сите си имаме минато. Но, некои спомени ги влечеме со нас, без да знаеме дека токму тие претставуваат кочница. Ок, можеби го знаеме сето тоа, но само теоретски. Сепак, би рекле дека тоа и не е толку тешко колку што мислите. А доколку се решите конечно да го спакувате тој товар од минатото во куфер кој ќе го испратите токму на онаа дестинација каде припаѓа, во минатото, и решите повеќе воопшто да не му се навраќате, еве кои позитивни работи ве очекуваат: Ќе разберете дека тоа…
Прочитај повеќе
Неверојатно откритие – Сонцето се намалува

Неверојатно откритие – Сонцето се намалува

И замислете го дочекавме и тоа! Сонцето е многу помало отколку што се веруваше досега Радиусот на сонцето е еден од факторите што го одредуваат огромното влијание на гравитационото поле врз планетите и другите објекти во Сончевиот систем. Со развојот на технологијата се развиваат попрецизни методи за мерење на астрономските објекти, вклучувајќи го и него. Телескопи со висока резолуција, соларни сонди и други напредни инструменти се користат за проучување на сонцето. Како и за мерење на неговите различни својства, вклучувајќи го и неговиот радиус. Астрономите неодамна открија дека нашето сонце, централната ѕвезда на нашиот Сончев систем, има малку помал радиус…
Прочитај повеќе
Ирец влезе во Гинис со непрекинато готвење од 120 часа

Ирец влезе во Гинис со непрекинато готвење од 120 часа

Ирскиот готвач Ален Фишер го собори светскиот рекорд за непрекинато готвење од 24 часа. Ова време е подолго од времето на готвење на Хилда Бачи, готвачката која претходно го држеше рекордот. Нигериската готвачка Хилда готвела 93 часа и 11 минути е симната од тронот, јавува Би-би-си. Фишер, кој живее во Јапонија, готвеше без престан 119 часа и 57 минути во својот ресторан посветен на Ирска во градот Мацуе, според Гинисовата книга на рекорди. За време на маратонско готвење, Фишер направил 357 килограми леб и 3.360 порции храна и излупил 300 килограми компири. Времето на печење траело 47 часа и 21 минута.…
Прочитај повеќе
Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски

Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски

Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски Голем број култни телевизиски и филмски улоги, театарски претстави… Мето Јовановски беше едно големо звучно име на театарското глумиште. Со пиетет на маестрален актер, талент и пред се човек, Јовановски се збогува со театарската и сцената на животот на 77 годишна возраст. Јовановски ќе остане запаметен по филмовите „Трето полувреме“, „Среќна Нова 49-та“, „Тетовирање“, „Опстанок“ и многу други. Минатата година за за неговиот придонес во филмската уметност, актерот се закити со наградата „Златен чадор“. Стануваше збор за престижна награда на познатиот филмски фестивал во…
Прочитај повеќе
Петар Грашо со концерт во Скопје

Петар Грашо со концерт во Скопје

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, го најави својот ексклузивен концерт во Скопје. Истиот ќе се одржи на 26-ти април во „Македонска Филхармонија“.  Петар Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Со бројни хитови, е еден од најомилените за публиката во регионот.  - Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која повеќе од 25 години не може да се измери. Но, затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Помина низ безброј различни искуства, но сепак не ја изгуби својата природа и оригиналност. Tокму и…
Прочитај повеќе
Откриен нов вирус? – Уште ова ни фалеше!

Откриен нов вирус? – Уште ова ни фалеше!

Научниците открија вампирски вирус наречен MiniFlayer Во март 2020 година, научникот Тагиде де Карваљо видел нешто многу чудно, што никој претходно не го видел. Вирус. Згора на него друг, помал вирус што му бил прикачен на неговиот „врат“. Приказната зад ова откритие е вистински показател за тоа колку науката може да биде неверојатна, пишува Вашингтон пост. Двата вируса што таа ги видела биле бактериофаги. Вируси кои инфицираат бактерии и биле собрани од грутки од прашина во градот Пулсвил, Мериленд, САД. Бактериофагите или фагите се меѓу најраспространетите организми на земјата. Има неколку милиони од нив во грутка прашина, на пример. Преку електронски…
Прочитај повеќе
Eлка инспирирана од книгите – Новогодишно Лондонско уживање

Eлка инспирирана од книгите – Новогодишно Лондонско уживање

Направена од голема колекција книги, во срцето на Лондон, се наоѓа необична новогодишно декорирана елка Станува збор за десет метри високата елка поставена на метро станицата Св. Pancras во Лондон. „Истата е инспирирана од класичните библиотеки. Создава чувство на враќање во времето на старите филмови. На прекрасните дрвени библиотеки кои и денес ги красат престижните британски локации.“ - пишува 24sedam.rs View this post on Instagram A post shared by George Kimm (@christmas.in.london) Она што е најексклузивно и автнтично од своја страна, е тоа што оваа елка во основата има делови од клупи кои се тапацирани и кои се слични на…
Прочитај повеќе
Одбележан 79 роденден на Народен Театар Битола-Театарот е МАГИЈА

Одбележан 79 роденден на Народен Театар Битола-Театарот е МАГИЈА

-Театарот е вселена полна со противречности, дуалности и двојности кои тежнеат кон хармонија … - Не потсетија актерите Никола Стефанов и Илина Чоревска во улогата на водители кои не водеа низ автентичен музичко-сценски перформанс по повод 79 роденден на Народен Театар Битола. -Затоа сме тука да создаваме, да креираме твориме еден единствен, неповторлив и магичен свет... А тоа е светот на театарот… На оваа сцена поминале многу парови, успешни и неуспешни… Парови обични и необични…Парови на сцена, но и во приватниот живот…“ Вчеравечер пред преплна сала, Народен Театар Битола го прослави својот 79 роденден. Музичко-сценскиот перформанс „Парови“ не движеше низ…
Прочитај повеќе
Битолчани од Мелбурн со донација за Светскиот ден на дијабетесот во Битола

Битолчани од Мелбурн со донација за Светскиот ден на дијабетесот во Битола

14 ноември е светскиот ден на дијабетесот. Здружението на дијабетичари на Општина Битола по овој повод доби донација од 1.000 австралиски долари. Донацијата е од Bitola Social Club - заедницата на битолските иселеници во Мелбурн, Австралија. Овој активен клуб, претставува жива заедница на иселениците во Австралија со потекло од Битола. Тој подаде рака на помош нагласувајќи ги силните врски и заедничките вредности на глобалната битолска заедница. „Нашите корени и врски со Битола остануваат силни, без разлика каде сме во светот. Оваа донација е доказ за нашата постојана посветеност да поддржуваме важни каузи во нашиот роден град. Привилегија е да се…
Прочитај повеќе