Месец: м.г

Изненаџење во на Мими југото – ГостинО со срцев удар

Изненаџење во на Мими југото – ГостинО со срцев удар

Многу возбуди фаќат во југото на Мими. Емисијата стана многу популарна, видеата се вирални и не е туку така ај ќе се дуздисаме и ќе снимаме. Чачара-пачара и:,,Шо ти е бе браат?!" И ко сме кај ова последното, сигурно се сеќавате на Дади од Солза и Смеа. Битолска фаца шо публиката ја памети и од скечот и урнебесното видео кое сеуште е актуелно по социјални мрежи:,, Шо му е на келнерите бе браат! ". Владимир Ивановски Дади во југото на Мими е првиО гостин шо за тро ќе добиеше инфаркт. И дури нашиот Дади се спремал психички шо ќе кажи…
Прочитај повеќе
Утрото во недела – вистински сон. Во другите денови – Хаос!

Утрото во недела – вистински сон. Во другите денови – Хаос!

Недела, снег, утро. Седите на топло и претпоставуваме уште се одмарате во кревет. Или го пиете врелото кафе, а можеби топол чај и компот кој совршено му прилега на ваков ден. Недела. Без аларм, притисок, доцнење на работа и цел тој динамичен хаос. Размислувајќи околу утрото, сретнавме неколку цитати што веројатно го потврдуваат сторителингот на овој текст. Се надеваме ќе ви се допаднат и ќе ви одвовараат со утринскиот пијалок во ова неделно утро. „Најлошото е кога алармот ќе стане дел од сонот! Како тоа да му го објасниш на шефот?!“- непознат автор. „Мразам кога сонувам дека се вклучил алармот.…
Прочитај повеќе
ВИДЕО: Микеланџело имал тајна соба, а дури денес е отворена за јавност

ВИДЕО: Микеланџело имал тајна соба, а дури денес е отворена за јавност

„Тајната дневна соба на Микеланџело,  отворена  за јавноста за прв пат на 15ти ноември/23та.“,  според синтагмата на Liv Kelly во Time Out. Од истиот извор, дознаваме  повеќе во врска со Микеланџело, еден од највлијателните светски  уметници. Имено, Микеланџело,  италијанскиот скулптор и сликар од ерата на ренесансата, побарал политичко засолниште во 1530 година... Тоа е „тајната дневна соба“ во Фиренца. Собата била откриена во 1975 година кога тогашниот директор побарал реставратор за да го расчисти она што тие мислеле дека е тесен премин. Тоа бил обид да се создаде нов излез од Музејот на капелите Медичи. Во даден момент, реставраторот Сабино…
Прочитај повеќе
Белeнсијага и сѐ е можно! – Ќе почниме со „пацетите“ ко сукњи да се шетаме!

Белeнсијага и сѐ е можно! – Ќе почниме со „пацетите“ ко сукњи да се шетаме!

Модниот свет не полудува, ама Белeнсијага руши бариери. Секогаш по свое, со екстремна екстравагантност, докажува што значи звучно име. И навистина, што и да направи функционира! …Едно време имаше црни торби за отпадоци налик на чанти. Нешто пред тоа продаваше „испуфкани“ џемпери кои изгледаа стари, но Белeнсијага ги продаваше за милионски суми. И замислете, се продаваа „како алва“. Овој пат, Белeнсијага лансира здолништа креирани од материјалот кој е својствен за крпите. Ова е нова колекција за пролет 2024, а цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра). Имено истите веќе се во продажба и може да…
Прочитај повеќе
Приказната за Ла Бефана – Добрата вештерка што носи новогодишни подароци

Приказната за Ла Бефана – Добрата вештерка што носи новогодишни подароци

Оваа приказна зборува за една жена по име Ла Бефана. Оваа старица го заменува Дедо Мраз. Се спушта по оџаците и остава новогодишни подароци за децата Дали некогаш сте се запрашале зошто се ставаат оние топли, црвени и големи чорапи до елката и на влезната врата од домовите пред Божиќните празници? Што носи Ла Бефана - Новогодишни подароци, задоволства или карбонски бомбони за непослушни деца? Приказната доаѓа од Италија на 6от ден од  ѕвездениот јануар дури од 13от век, на Богојавление. Тогаш се случила  магијата која се раширила низ светот и се уште трае. И добро е што трае. Исчекувањето…
Прочитај повеќе
Културна фузијa и епска вечерво Центарот за култура во Битола – Први соло албум на Горан Таневски „Ascend“

Културна фузијa и епска вечерво Центарот за култура во Битола – Први соло албум на Горан Таневски „Ascend“

Синоќа, Малата сала во Центар за култура беше простор на мистичните ритми на првиот соло албум на Горан Таневски „Ascend“. Ова не беше само промоција на албум, туку и потсетник на богатото музичко наследство на Македонија. Наследство проникнато со тој прогонувачки шарм на готик рок. Настанот беше беспрекорен спој на уметничкиот израз на Горан Таневски, со хипнотизирачки видео клипови на Мијалче Ставрев и Светислав Подлешанов... Како и вокални изведби на Таневски кои се толку посебни, што не можат со зборови соодветно да се објаснат. Со својот карактеристичен глас, Таневски не врати во корените на македонската алтернативна сцена. Не потсети на…
Прочитај повеќе
Спектакуларна парада на Денот на благодарноста во Њујорк… Додека вие седите во канцеларија

Спектакуларна парада на Денот на благодарноста во Њујорк… Додека вие седите во канцеларија

Весело, живо, разиграно - Спектакуларна парада на Денот на благодарноста во Њујорк Огромни балони обликувани како омилените ликови на Сунѓерот Боб и Снупи, прелетаа низ улиците на Њујорк. Свиреа оркестри и бендови маршираа низ улиците. Ова се случи на парада та на Денот на Благодарноста во Њујорк. Парадираа 8 000 учесници, групи кловнови, а парадира дури и Дедо Мраз. Парадата започна на Апер Вест Сајд на Менхетен, го помина Централ Парк покрај големите толпи и националните телевизиски камери. И конечно се стационира пред водечката стоковна куќа Мејси на 34-та улица. Весело,  живо, разиграно.  Меѓу познатите изведувачи беше Шер, која штотуку го издаде…
Прочитај повеќе
Дишете длабоко битолчани! – Концерт на маестро Игор Џамбазов во градот на боемџиите, конзулите…!

Дишете длабоко битолчани! – Концерт на маестро Игор Џамбазов во градот на боемџиите, конзулите…!

„За мене барем со сигурност може да се каже дека ќе оставам нешто зад себе. Тука се моите песни, книги, улоги…така што не се секирам многу многу за бесмртноста. Тоа е и желбата на секој вистински уметник...“ - рече маестро Игор Џамбазов во нашето интервју. Големо искуство, безброј приказни, многу животи во еден. Големо уметничко име, вистински шоумен, маестро и човек кој неуморно се бори против кичот, шундот, плејбекот и турбо-фолкот. Човек кој навистина остави белег на македонската музичка, театарска сцена. Добро сме запознати со неговата музичка приказна, а богами и животен уметнички опус. Маестро Игор Џамбазов во градот на конзулите…
Прочитај повеќе
Кариран принт – Секогаш есенска и зимска модна сензација

Кариран принт – Секогаш есенска и зимска модна сензација

Кариран принт е секогаш актуелен. Тоа е модна визија која веројатно никако не умира и достојно одново се појавува на модната сцена. И овој пат е актуелен и тоа во различни бои. Секако на модните парчиња, ја разбива монотонијата и од едноставно, секое издание станува уникатно, блескаво и се разбира впечатливо. Кариран принт значи романтично есенско расположение, а секако знае да блесне и во зимските изданија. Во продолжение погледнете неколку идеи кои веруваме дека ќе ве инспирираат. Бидете евергрин и сепак без разлика какви се трендовите во моментот, направете да сте задоволни од оној автентичен изглед во вашето огледало.
Прочитај повеќе
Руска салата – Традиционално зимско гурманско искуство

Руска салата – Традиционално зимско гурманско искуство

Добро знаеме дека празничната зимска трпеза не може да креира било каква гурманска приказна, без веќе традиционалната руска салата. Имено, таа е позната на Балканот, но популарна е и низ цела Источна Европа, а со помош на социјалните мрежи, таа стана вирален хит и низ светот. Интересно е што таа има повеќе имиња и така можете да сретнете како се потпишува како „Салата Оливие“ ,„Салата од Оливие“ или „Енсалада Руса“ . Ако сте во потрага по оригинален рецепт за руска салата, се наоѓате на вистинската адреса. Сепак, имајќи го во превид фактот, дека кулинарската фантазија е безгранична, на секаде во…
Прочитај повеќе