Месец: м.г

Бојана Скендеровски за песната за Макфест: Инспирацијата е од романот „Дилбер Стана“ на Стале Попов

Бојана Скендеровски за песната за Макфест: Инспирацијата е од романот „Дилбер Стана“ на Стале Попов

Единствениот фестивал на забавна музика кај нас „Макфест“, годинава го има 38то издание. Двократниот победник од (2003 и 2015), Бојана Скендеровски ја збогати  сцената  со перфектната изведба „Да те немам“. Насловите на нејзините претходни песни беа „Немам одбрана“ и „Диви цветови“. Карактеристично за новата песна на Бојана Скендеровски е тоа што истата е брза, клупска песна во аранжман со потпис на изведувачот. Текстот е дело на Робин Зимбаков. „Песната е во малку поинаков стил, но некако сакав на мојата публика да и приредам мало освежување , а воедно сакав да донесам и нешто ново и поразлично и во мојот репертоар.“ -…
Прочитај повеќе
За да победиш на една трка, освен физичката подготвеност, најважен е и умот! – Тимот на „Биди своја“ руши рекорди

За да победиш на една трка, освен физичката подготвеност, најважен е и умот! – Тимот на „Биди своја“ руши рекорди

Силна волја, посветеност и доверба во себе – „Биди своја“ ги мотивира жените и руши рекорди! Тимот со прво место на познатата трка на прилепчани „Че трчаме“ Целта на нашиот интернет портал, е да успееме да ја разбудиме свеста. Човечката, онаа латентната, онаа која понекогаш е потисната далеку од сите во својата комфор зона. Надвор од тоа удобно, „Разбуди се“ претендира кон искачување на пиедестално место и ги промовира оние кои никогаш не се откажуваат од целта. Оние кои знаат да мотивираат, да не охрабрат, да ни влеат доверба. Оние кои знаат да ја истрчаат животната трка. Токму затоа Маја…
Прочитај повеќе
Што со родовата нееднаквост во платите? – Клаудија Голдин,светски Нобеловец за економија/23

Што со родовата нееднаквост во платите? – Клаудија Голдин,светски Нобеловец за економија/23

Најновиот светски Нобеловец за економија/23 е жена и се вика Клаудија Голдин - Што со родовата нееднаквост во платите? (СТОКХОЛМ)-Најновиот светски Нобеловец за економија за 2023 година е американката Клаудија Голдин (77), професор на Хардвар. Нејзиното истражување е околу родовата нееднаквост во платите , објавува Кралската шведска академија на науките. Голдин го актуелизира прашањето „Каде се жените?“ Со нејзиниот комплетен извештај за заработката на жените и нивното учество на пазарот на труд низ економската историја, открива причини за промените и главните извори на јазот во платите меѓу половите. Економијата како област, игнорантно се однесуваше кон жената низ историјата. Дури и кога семејната…
Прочитај повеќе
Miss Top Model Earth 2023: Две титули за Македонија

Miss Top Model Earth 2023: Две титули за Македонија

Во Тбилиси (Грузија), во елитниот хотел BILTMORE, на изборот за MISS TOP MODEL EARTH 2023, минатата седмица, две девојки од Македонија се закитија со титули. Титулата-Втора придружничка на MISS TOP MODEL EARTH 2023 ја освои Сара Дојчиноска и титулата Четврта придружничка ја освои Белисима Лукарова. Победничката на изборот е девојката од Украина , а Прва придружничка, девојката од Казахстан. Оваа унија од убавина е сосема нов избор во организација на AYA PRODUCTION од Бејрут , Либан. Целта на изборот е традиционална иднина која одново ќе ја величи убавината на понежниот пол. View this post on Instagram A post shared by…
Прочитај повеќе
Револуционерен бран на мислата – Цитати од македонски револуционери

Револуционерен бран на мислата – Цитати од македонски револуционери

„Труд и постојаност, тоа е силата со помош на која личноста станува најголема при секоја ситуација.“ Гоце Делчев, деец на македонската револуционерна организација и идеолог.- Цитат од македонски револуционери „Робот се бори за слобода, слободниот за совршенство.“. Јане Сандански, војвода и водач на македонската револуционерна организација- Цитати од македонски револуционери „Македонија ако ја немаше, би требало дипломатијата да ја создаде за доброто на Балканот.“- Петар Поп Арсов, основач на македонската револуционерна организација „Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужени.“- Иван Хаџи Николов, основач на македонската револуционерна организација „Ние револуционерите, под клетва дигнавме…
Прочитај повеќе
Енигмата на солзите – И плачењето има свои придобивки!

Енигмата на солзите – И плачењето има свои придобивки!

Мистеријата за плачењето и прашањето зошто плачеме, сепак останува мистерија. И покрај тоа што ги знаеме нејзините цели - од сосема едноставниот чин да ги држиме очите  „подмачкани“ до екстра сложената задача  да го исфрлиме дистресот од умот и телото. Плачењето како искуствено доживување е феномен кој докажува дека имаме капацитет за длабоко чувство на меѓусебна интеракција. Во човечкиот род има и такви, не да нема. Не има секакви. Нити плачат, нити се смеат. Можеби многу одамна потрошиле многу солзи и во моментот, немаат вакви  „стокови резерви.“  Кога ги имало, солта се фрлала по асфалтот , „да нема лизгање и недај…
Прочитај повеќе
Како до шеф во кујна? – Задолжителни вештини кои секој готвач треба да ги знае

Како до шеф во кујна? – Задолжителни вештини кои секој готвач треба да ги знае

Ниту еден готвач не е роден со ѕвезда на Мишелин, од Мишел Ру до Гордон Ремзи, сè започнува со основaта. Ако имате аспирации кон готвење дома или пак во својство на нов готвач, бидете целосно ажурирани во обуката. Потоа, вежбајте. Збирката на задолжителни готвачки вештини може да ве одведе до самоуверен готвач. Овие сетови на вештини нека стојат на патот до вашето совршенство. 1. Нож вештини-првиот и најважен сет кој укажува на правилно држење на ножот до прецизно сечење. 2. Совршена залиха-добрата залиха е срцето и душата на супи и чорби. Во секое време бидете подготвени да го имате совршениот…
Прочитај повеќе
Марија Луиса го кажа судбоносното „Да“ на Мими со југото!

Марија Луиса го кажа судбоносното „Да“ на Мими со југото!

Битолската фолк ѕвезда Марија Луиса го кажа судбоносното „Да“ на Мими со југото! Значи ете за шо ти било то југото на Мими. Цела работа била Марија Луиса. Вака оргинал битолски, да исчачориме. И не оти оговараме, само муабет си прајме. Ќе прам емисија ваква, таква, ама не знам за шо ќе биди. Па ај нека биди во југо... Па ај ќе викнам некоја позната фаца да биди дел од емисијата, и на крајот...Оп! Марија Луиса жена му стана на Мими со југото. Ѓом ела гостинка биди ми. Епа, богами, Мими им одржа лекција на сите фраери. Шала на страна,…
Прочитај повеќе
Сакаме спортска сала! – Учениците од Стив Наумов со одличен перформанс и посебен апел за одбележувањето на патрониот празник

Сакаме спортска сала! – Учениците од Стив Наумов со одличен перформанс и посебен апел за одбележувањето на патрониот празник

По повод патрониот празник на основното училиште Стив Наумов во Битола, се одржа свечена приредба во големата сала на Центар за култура Битола под мотото:,,Стив Наумов заслужува спортска сала!" Имено ова основно училиште навистина е позитивен модел за современо и модерно општество. Наставниот кадар со комплетна посветеност и љубов кон својата работа, ги едуцира и образова учениците. Со желба и надеж да станат идни академски граѓани на нашата држава, тие целосно се вложуваат. Преку современ пристап, сé повеќе и континуирано се вложува во подобрувањето на условите во Стив Наумов. А токму тој беше поводот за еден актерски перформанс на учениците.…
Прочитај повеќе
Најново видео на Марјан Георгиевски – „Бранч на балкански начин“

Најново видео на Марјан Георгиевски – „Бранч на балкански начин“

Бранч на балкански начин! Луда куќа втора епизода. Најновото видео на Марјан Георгиевски Бранч на балкански начин е името на најновото видео на Марјан Георгиевски. Сатиричниот пристап можда малку ќе не погоди. Ваљда многумина ќе се пронајдат во екипата ,,лудо балканско семејство". Али баш тоа е целта. До толку сме збркани, да не речиме почудени. Дишиме или поддишнуваме во тотален хаос и секој со табиетО. Балканизам на хајлевел. На инста инфлуенсеркава се фали оти имала бранч, ако по дома никој не е запознат со терминО. Дедото си крцори со чоканче, бабата во свој филм… Онака колку да прат гужва. (Да…
Прочитај повеќе