Месец: м.г

Дали навистина спротивностите се привлекуваат?Што велат психолозите?

Дали навистина спротивностите се привлекуваат?Што велат психолозите?

Психолозите немаат пронајдено убедливи докази дека спротивностите се привлекуваат.  Ретроспективно, почнувајќи од 1903 година. Истражувањата на психолозите покажуваат дека „луѓето кои се слични завршуваат заедно“, а оттука дали ова значи дека спротивностите не се привлекуваат? Оваа констатација ја нотирала Тања  Хорвиќ- автор и докторски кандидат од психологија. Таа анализирала повеќе од 130 особини на личности. Она до што дошла како заклучок е: помеѓу 82% и 89% на анализираните особини, партнерите биле повеќе слични отколку различни. Истражувањето на психолозите имплицира и друга констатација: Луѓето кои се блиску до верските убедувања како и до политичките и луѓето кои имаат подеднакво ниво на образование и донекаде…
Прочитај повеќе
Железно Небо на Марјан Георгиевски – Моќна претстава за реалноста со пиетет на моноспектакл!

Железно Небо на Марјан Георгиевски – Моќна претстава за реалноста со пиетет на моноспектакл!

Без претерувања, наклон до земја за одиграната претстава на Марјан Георгиевски „Железно небо“ која овој месец повторно беше дел од репертоарот на Народен театар Битола. Брилијантен спектакл кој еден исклучително талентиран актер сам на сцена одигра милион ликови. Марјан внесе арома на суптилна сатира (или можеби нагласена), урнебесна смеа која од друга страна тензично со возбудлива напнатост, не носеше низ моменти каде претпоставувавме дека можеби сѐ трагично ќе заврши. Сепак… Да ве воведиме во сето она што понатаму како публика го заклучивме. Накратко еве ја приказната. „Сопругата на Борис (Марјан Георгиевски) го изневерува. Заедно имаат ќеркичка, кредити над глава, неплатени сметки.…
Прочитај повеќе
Урбан крик за уметноста и културата во Битола! – 11то издание на фото – Изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“

Урбан крик за уметноста и културата во Битола! – 11то издание на фото – Изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“

Битола е вечна инспирација. Зародиш на уметноста, крик за убавото и урбаното. Битола е љубов и токму тој е поводот за насловот на изложбата посветена на нашиот град. Имено, на 25ти септември во галерискиот простор КЦ МАГАЗА свечено беше отворено 11тото издание на фото изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА. Оваа година, изложбата „коегзистира“ со мотото НА КИНО ПА ОЛАБАЈ во организација на Olabaj и Артакт од Битола. Отворањето на изложбата се реализираше во рамките на Manaki Off програмата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Темата на конкурсот „Просторни интерпелации“, како пресек на старата и нова архитектура, прокламира 20…
Прочитај повеќе
Апел до родителите: Писмениот состав на ова дете го расплачe интернетот

Апел до родителите: Писмениот состав на ова дете го расплачe интернетот

Писмениот состав на едно дете „За што копнеам и за што го молам Господ да ми даде“го расплачи интернетот! Ова утро, „Разбуди се“, се разбуди со солзи во очите. Состав на дете, што се појави  на веб -страницата , zadovoljna.rs интерпретиран од Зорица Антонијевиц, целосно го окупира нашето внимание. „Дословно“ ви го препраќаме. Не за да ве расплаче, туку да ви ја пренесе пораката на ова дете од едно основно училиште во соседна Србија. Нас, длабоко не замисли! Родители, што правиме?  „Неговата наставничка била фрапирана од едноставноста и длабочината на текстот . Таа побарала дозвола од мајката да го сподели…
Прочитај повеќе
Во домот на париските дами – Идеи за француски стил на уредување

Во домот на париските дами – Идеи за француски стил на уредување

Украсувањето на вашиот дом во стилот на домот од Париз е вистински  предизвик. За да бидете чекор поблиску до остварувањето на „француски дом од соништата“, без разлика на кој меридијан од светот живеете, првично  обрнете внимание на архитектонските карактеристики: антички камин, паркет дрвени подови, високи тавани и француски прозорци (со висина од подот до плафонот). Овие карактеристики е тешко да се најдат надвор од Париз, но кога е во прашање  „дом од соништата“,  би можеле да се создадат. Во суштина, дрвените подови лесно можат да бидат присутни и во вашиот простор на живеење. Вие само додајте карактер и шарм. Поставете…
Прочитај повеќе
Book’s House приреди извонредна вечер и докажа дека станува бренд на културната литературна сцена во Битола

Book’s House приреди извонредна вечер и докажа дека станува бренд на културната литературна сцена во Битола

Саботна ноќ, една посебна септемвриска магија, пријатен и урбан амбиент, книга и музика. Така изгледаше настанот кој Book's House го организира во локалот Бар Општина, место кое се наоѓа веднаш до книжарата. Именуван како „Хуманитарна вечер со македонски автори“, настанот зборуваше за истата цел. Се собираа средства за да се помогне на социјално загрозените семејства. Kако и за средношколците со попреченост (дел од паралелките на СОУ Таки Даскало Битола). Вокалот на Сара Петровска и Дејан Трајковкси, пијано, придонесоа за уште поголема величественост. Не потсетија на токму онаа Битола која ја знаеме. На евергрини и градски шмек. На класичното рандеву кое…
Прочитај повеќе
Промоција на албумот на Марко Николиќ – „Дојди да те сакам“ во Скопје во ноември

Промоција на албумот на Марко Николиќ – „Дојди да те сакам“ во Скопје во ноември

Марко Николиќ е автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот на поп и народната музика. На  новиот албум со наслов „Дојди да те сакам“ стои името Марко Николиќ. Албумот е музички проект исполнет со десет песни преполни со љубов, романтика и нежна вибрација која продолжува да вибрира во срцата на сите негови фанови. Она што претставува вистинско задоволство за македонската публика, е промоцијата на албумот на Марко Николиќ во градот Скопје. Има добра причина! Имено, станува збор за неговата љубов кон нашата земја која  е поврзана со преубави спомени од неговото детство. Марко вели: „Македонија, нејзината историја…
Прочитај повеќе
44 Издание на „Браќа Манаки“ – Фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом

44 Издание на „Браќа Манаки“ – Фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом

Започнува еуфоријата за 44 издание на меѓународниот филмски фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“ Кинематографијата на Балканот е актуелизирана со „Камера 300“ . Тоа е и името на главната награда за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Фестивалот останува во својот дом во - Битола, градот каде циркулира животот на филмот. -Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме…
Прочитај повеќе
Улична уметност кај нас во Битола и во светот! – Но, има една светла точка

Улична уметност кај нас во Битола и во светот! – Но, има една светла точка

Мурал со ликот на еден од најмаркантните современи македонски сликари на ѕидот на СОУ ,,Таки Даскало ‘’ Битола. Но, пред тоа, да видиме што се случува со уличната уметност во Битола кај нас и во светот. Малку самокритично и сепак реално! Кај нас: (Само најголемите уметници знаат за што зборува фотографијата! Арт човече!) Во светот: Кај нас: ВО СВЕТОТ: Кај нас: Имаме канделабри, романтичен е градот ама „осветлувањето“ е дел од арт арт инсталацијата... Или штедиме на струја?! ВО СВЕТОТ: КАЈ НАС: Тој шо не разбира, негова работа! Култура да се немало...Тоцку уметност барем... Постовите и фототографиите се превземени од…
Прочитај повеќе
И ова може да се случи! – Стадо овци изеле 100 килограми канабис во Грција

И ова може да се случи! – Стадо овци изеле 100 килограми канабис во Грција

Стадо овци  „налетале“ на стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и изеле околу 100 килограми од ова растение. Сопственикот на стаклената градина бил во „шок“ откако дознал колкава штета претрпел. Имено и онака неговото производство претрпело големи штети од невремето-разорните поплави кои го зафатија поширокото подрачје на Тесалија и сега уште овците да „докусурат“! „Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме силни топлотни бранови и изгубивне дел од производството. Имаме и поплави и уништија друг дел. А сега, после сето тоа, имаме стадо овци, кои влегоа во објектот и почнаа да јадат што останало.…
Прочитај повеќе