Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано!

Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано!

„Понекогаш се преправам дека сум нормален, но потоа станува досадно и се враќам да бидам јас!“ Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано! Пред некое време во мала дискусија со пријатели, заглавивме во доста позната проблематика. Дали комплицирам (e)? И колку ни е гајле ако некој мисли така? Прашањето е дали станува збор за медиокритети кои доколку им „нафрлиш“ сериозен разговор кој вклучува психолошки или (според нив) философски осврти, или уметнички пристапи, интернационализми и така натаму, веднаш те напаѓаат. Одеднаш, се случуваат опасни генерализации. Симптомите се детектираат и ти си конзистентно лудиот човек кој и не баш припаѓа во таа средина. И…
Прочитај повеќе
„Железно небо“, театарскиот моноспектакл на Марјан Георгиевски вечерва на репертоарот на Народен Театар Битола

„Железно небо“, театарскиот моноспектакл на Марјан Георгиевски вечерва на репертоарот на Народен Театар Битола

„Железно небо“ е насловот на претставата што ве чека вечер во 20 часот! Имено, ова е авторски проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски, го создаваат овој "cinema theatre". Користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот, се создаде театарски моноспектакл. Доколку ве копка што ќе гледате... Во описот за „Железно небо“ на фејсбук профилот на Народен Театар Битола, е запишано: „Ова е приказна за еден балканец. За сè она што што му е обесено на вратот. Неостварените мечти, „зацапаноста" во малограѓанштината, соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид -…
Прочитај повеќе
БАБЕЦ ТЕАТАР: БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ, дел од официјалната програма на 2то издание на ИФДТ “Игор Маџиров” во Скопје

БАБЕЦ ТЕАТАР: БРЕМЕНСКИТЕ МУЗИКАНТИ, дел од официјалната програма на 2то издание на ИФДТ “Игор Маџиров” во Скопје

„Визијата на Бабец театар е создавање на современ театар за деца кој ќе претставува уметничка, а не образовна институција. Театар што ги развива децата преку уметност.“ Вака е запишано во нашето недамнешно интервју со креаторите на Бабец Театар,  Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски директор на ИДТФ Битолино. Би го споменале и нивното достигнување со ИДТФ и развојот на нивната приказна. -Интернационалниот детски театарски фестивал БИТОЛИНО претставува ренесанса за детскиот театар во Македонија воопшто. Со создавањето на овој фестивал, Бабец театар ја разбранува театарската јавност. Создаде нешто за кое што многу генерации театарски дејци претходно мечтаеле да го направат. Фестивал кој поради…
Прочитај повеќе
Стварноста е многу убав материјал за работење во оваа земја – Врачена наградата „Прозарт“

Стварноста е многу убав материјал за работење во оваа земја – Врачена наградата „Прозарт“

Врачена наградата  „Прозарт“ на словенечкиот писател Драго Јанчар Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“  на 19 ти септември , вечерта, во Даут-пашиниот амам, му ја додели и врачи  наградата „Прозарт“ на словенечкиот писател Драго Јанчар кој  се обрати до публикумот  со следниве зборови:  „Ние му пркосиме на историското време и ја исмеваме човечката комедија или сочувствуваме со човечката трагедија. Но, истовремено знаеме дека не можеме да промениме нешто суштинско. А сепак, продолжуваме да пишуваме , бидејќи така сака нашата желба за пишување. И понекогаш му помага на некој читател, нема да речам да живее, туку да ги разбере човечката страст, тага,…
Прочитај повеќе