Месец: м.г

Модни совети за дамите над 50

Модни совети за дамите над 50

 Моден императив за дамите над 50 години „Облечи се старомодно, без оглед на годините, луѓето ќе го забележат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запаметат жената.“ - Коко Шанел Зрелите години носат стилско модно однесување. Дамата во овие години ја доловува целокупната слика за сопствената беспрекорност практикувајќи правила на модно однесување:  - кога носите кошула, откопчајте не повеќе од две копчиња; -одлучете се за здолниште со пократка  должина или деколте, двете не одат заедно; -деколтето на деловната гардероба не смее да биде пониско од 10 сантиметри од клучната коска; -Ако ја носите кошулата одвнатре, носете и каиш; -Препорачлкиви…
Прочитај повеќе
„Течен детокс“- ќе изгубите 3 килограми без напор за многу кратко време

„Течен детокс“- ќе изгубите 3 килограми без напор за многу кратко време

Детоксикација на организмот е процес на отстранување на токсините или штетните супстанции од телото заради подобрување на општото здравје. „Способноста на телото да се исчисти од токсините веќе е регулирано преку природните процеси во црниот дроб, бубрезите, плуќата и кожата.“ - пишува  - aktivni.si Можете да ја подржите природната детоксикација на организмот и да го одржувате здрав со помош на свеж микс-сокови од овошје и зеленчук, секојдневно. Експертите советуваат да одберите спанаќ, морков, коприва, рен. Вклучете  чорба од зеленчук, компот од сезонско овошје, растителни чаеви и пијте многу вода. Детокс-течноста ќе ви помогне да изгубите 3 килограми без напор и…
Прочитај повеќе
Милерам торта-никогаш нема да ве изневери

Милерам торта-никогаш нема да ве изневери

„Милерам торта“- никогаш нема да ве изневери  Ова лесно и „растресито“ тесто со милерам и пудинг од ванила ако еднаш го направите и вкусите,  постојано ќе биде присутно во „вашето мени“. Времето на печење на тестото трае 45 минути на температура од 180 степени. Започнете со 250 грама брашно и во него додадете 200 грама шеќер, едно пакетче ванила и едно пакетче прашок за пециво. Измешајте ги овие состојки и додадете 100 грама маргарин. Измесете го тестото, додадете едно јајце и една лажица кисела павлака. Замотајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер додека приготвувате две кеси пудинг…
Прочитај повеќе
Запознајте ја Тоскана – Богата историја, префинета кујна и извонредно вино

Запознајте ја Тоскана – Богата историја, префинета кујна и извонредно вино

Тоскана е преубава регија сместена во централниот дел на Италија. Повеќе од позната е по своите пејсажи, богата културна историја, префинета кујна и извонредно вино. Во следните редови прочитајте неколку клучни информации за ова бесценето место и доколку би имале прилика, веднаш ставете го како задолжителна дестинација која мора да се најде на вашата патувачка листа. Фиренца, главниот град на Тоскана е дом на уметнички ремек дела вклучувајќи ја надалеку прочуената катедрала Santa Maria del Fiore (Duomo) Во Сиена се наоѓа спектакуларната Piazza del Campo каде секоја година се одржува трка на коњи-Palio di Siena. Тука е Готската катедрала и…
Прочитај повеќе
Зошто седиштата во кино-салите имаат црвена боја?

Зошто седиштата во кино-салите имаат црвена боја?

„Зошто седиштата во кино - салите имаат црвена боја?“ Седиштата во кино-салите  имаат црвена боја затоа што црвената боја е првата боја која станува невидлива во отсуство на светлина. Кога би имало и малку светлина, сината боја ќе изгледа посветла од црвената. Обратна е состојбата кога има доволно светлина. Овој феномен се нарекува Пуркиние ефект и името го добил по чешкиот анатомист Јан Евангелиста Пуркине(1787-1869).  Вклучува промена во перцепцијата на бои меѓу светла и темна осветленост. Во услови на ниско осветлување како на пример во мрак, конусните клетки во ретината на окото кои се одговорни за препознавање на бои во…
Прочитај повеќе
Лидери или емотивци?- 5 Гестови преку кои телото може да ве издаде!

Лидери или емотивци?- 5 Гестови преку кои телото може да ве издаде!

Како зборува телото? Тајните на говорот на телото се однесуваат на начинот на комуникација преку невербални сигнали кои се  испраќаат преку него. Телесниот јазик ги открива вистинските намери, емоции и ставови. Во продолжение прочитајте нешто повеќе околу оваа ,,проблематика" на која едвај и обрнуваме внимание, а всушност може да зборува и открие многу за вас како личност. И да! Начинот на кој вашето тело зборува, понекогаш може и да ве издаде! 1.Гестови и покрети Склопените раце и наведнатата глава сигнализираат незаинтересираност и несогласност со одредена тема на разговор, додека пак директниот поглед во соговорникот и раширените раце покажуваат отвореност и…
Прочитај повеќе
Психопат и социопат, кој е првиот, а кој е вториот? Можеби и едниот и другиот се во ваша близина!

Психопат и социопат, кој е првиот, а кој е вториот? Можеби и едниот и другиот се во ваша близина!

Препознајте и разликувајте! Психопат и социопат, кој е првиот, а кој е вториот? Можеби и едниот и другиот се во ваша близина! Психопатијата е генетски условена и се развива во рана и адолесценска возраст. Социопатијата е резултат на околните влијанија и искуствено- негативни доживувања кои се развиваат во рана или средна возраст. Еве кој е психопат: - тенденциозно покажува отсуство на сочувство;   -нема морална емпатија кон другите, манипулативни се и ги искористуваат дригите за свои лични цел; - често покажуваат импулсивност, непромислено поведение; - имаат недостаток на одговорност за своите дејствија; - многу ретко се поврзуваат со вина, страв…
Прочитај повеќе
„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ –  Наум Петрески со нова моќна изведба

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ – Наум Петрески со нова моќна изведба

,,Чувајте ја македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува!" - ќе истакне Наум Петрески кој е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. Отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ не звучела никогаш помоќно од сега. „Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава…
Прочитај повеќе
Ранобудните имаат подобро ментално, физичко и емоционално здравје

Ранобудните имаат подобро ментално, физичко и емоционално здравје

Ако ве разбудат во 5 часот наутро, не лутете се! Исражувањата зборуваат за тоа дека луѓето кои се будат во 5 часот наутро се попродуктивни и се чувствуваат полетно. Списанието Nature Communications ја подвлекува веројатноста дека они кои се будат многу рано се карактерно силни личности и шансите да развијат некое ментално оболување се сведени на „нула.“   Многумина ќе негодуваат, но идејата да се будите во 5 часот е одлична работа. Еве и зошто... 1.Кога ќе се разбудите рано, вашето тело природно се навикнува да јаде оброк наутро. Многу добро ни е познато прескокнувањето на појадокот кое резултира со лоши…
Прочитај повеќе
Бидете добри сами со себе, дури потоа со другите

Бидете добри сами со себе, дури потоа со другите

За секој ден да ви биде организиран, хармоничен, успешен , почнете од само едно утро на приоритети кои ќе бидат само ваши. Стартувајте  со  давање  приоритети „на себе.“  Здрава  и „лична“ благосостојба нема да доведе до нарцизам. Всушност таа ќе доведе до коегзистенција каде се подразбира дека она што се нарекува „битие“ во суштина би се дефинирало како „да биде и да го оставиш да биде.“ Во тоа „прво утро“,  извадете ја  „комплетната верба во сопствените  внатрешни ресурси“ на виделина. Веројатно во голем дел сте самосвесни за нивното постоење, но некаде длабоко во вас сте ги сокривале во потполна темница.…
Прочитај повеќе