Молчењето е злато – Не сакам да ве слушам, затоа молчам!
Во животот се сретнуваме со луѓе кои озборуваат и ги извртуваат фактите, кажуваат невистини и манипулираат. Со еден збор оговараат. Но, што ако не сакаме да ги слушаме? Еден од интересните моменти при разговор со овие личности е кога истите објаснуваат некаква „филозофија“ за која и не баш се согласуваш и бараат поддршка за неа, како небаре те убедуваат:„Нели е така?“ Очајно ти доаѓа да им речеш:„Не! Не е така!“ Епа, пред да се впуштите во валканите напливи на конфликти, смирете се и фокусирајте се на вашата цел. Зошто сум со оваа личност? Треба ли нешто да и кажам? Дали воопшто…