Месец: м.г

Тестенини со печурки во егзотичен сос

Тестенини со печурки во егзотичен сос

Тетстенините припаѓаат на италијанската храна, но што би се случило кога различните кујни би се споиле во едно. Добивате совршен микс од вкусови, овој пат со егзотчен шмек. Па, ако ви здосадиле рецептите за класични подготовки на тестенини, имаме совршен рецепт за вас. Она што треба да го додадете е само едно нешто што вообичаено не би го додале. Кари. Состојки: 500 гр шпагети или тестенини по избор,150 гр кари,1/2 кг печурки,125 гр путер,1,5 дл бело вино,сок од 1/2 лимон,1 рака суво грозје,солбибер ПОДГОТОВКА: Сварете ги тестенините во зовриена вода, процедете ги и оставете ги на страна. Исчистете ги печурките,…
Прочитај повеќе
Неделен репертоар на 3Д кино Битола – Кога соништата се остваруваат на филмското платно

Неделен репертоар на 3Д кино Битола – Кога соништата се остваруваат на филмското платно

Кој вели дека моите соништа треба да си останат само соништа? - Ариел од Малата сирена. Злоупотребувајќи го цитатот на познатата приказна што Дизни ја имаше остварено во анимиран филм, ви најавуваме уште едно филмско доживување. Станува збор за филм работен според приказната на малата сирена кој ќе ја израдува најмладата публика и секако онаа која сеуште го негува детето во себе кое сонува. https://www.youtube.com/watch?v=kpGo2_d3oYE Во Битолското 3 Д кино, деновиве ќе имате прилика да го погледнете овој филм на големо платно, а освен тоа, ќе можете да уживате и во „Transformers - Подем на ѕверовите“ кој исто така се…
Прочитај повеќе
Срушен светски рекорд во решавање на Рубиковата коцка од момче со аутизам

Срушен светски рекорд во решавање на Рубиковата коцка од момче со аутизам

Макс Парк (21) е американецот кој постави нов светски рекорд во решавање на Рубиковата коцка. Имено, ја решил за само 3,13 секунди надминувајќи го кинезот Јушенг Ду кој го држеше претходниот рекорд со решавање на рубиковата коцка за 3,47 секунди во 2018 година. Меѓу другото, Макс досега има освоено над 400 турнири. Интересен е фактот што тој беше прикажан во документарниот филм на Нетфликс „The Speed ​​​​Cubers“ во 2020 година. Ова момче, во минатото имало достигнато неколку Гинисови рекорди, решавајќи различни големини на коцки. Неговото најголемо достигнување е тоа што ја решил рубиковата коцка за најбрзо просечно време со само…
Прочитај повеќе
Најскапиот филмски костим – Милионска сума што за некои можеби е ситница

Најскапиот филмски костим – Милионска сума што за некои можеби е ситница

Вилијам Травиља е оскаровецот чиј потпис стои зад дизајнот на коктел фустанот од слонова коска и истиот е најлегендарна облека во филмската историја. Станува збор за фустанот кој Мерлин Монро го носеше во најпознатата филмка сцена каде актерката и воедно сеуште најубавата жена во светот, стои над решетки од метро додека здолништето поради ветрот „се труди“ да открие дел од нејзината долна облека. Имено се работи за сцената од филмот „Седум години лојалност“ . Уникатниот модел од тој филм од 1955 година, го собори светскиот рекорд. https://www.youtube.com/watch?v=wUjege2gYEU Ова впечатливо парче облека на Травиља можеби стана најпопуларно поради Монро, но како…
Прочитај повеќе
Бојата на Вашата аура ги открива вашите особини

Бојата на Вашата аура ги открива вашите особини

Аурата го опишува енергетското поле кое го опкружува телото на човекот или кое било друго живо суштество кое користи кислород. Според метафизиката се верува дека аурата е составена од различни слоеви на енергија кои ја рефлектираат физичката, емоционалната, менталната и духовната состојба на една личност. Перцепцијата на аурата варира од поединец до поединец. Некои луѓе имаат способност да ја видат аурата преку екстрасензорна визија или посебен тренинг, додека други можат да ги перцепираат аурите преку сензации и интуиција. Имено, бојата на аурата се поврзува со различни аспекти на битието. Сината аура е поврзана со смиреност и комуникација . Зелената аура…
Прочитај повеќе
Понеделнички со убава мисла – Цитати за прекрасно утро

Понеделнички со убава мисла – Цитати за прекрасно утро

Ова е твое Понеделничко утро кое ти соопштува: Можеш да се соочиш со сите предизвици кои следат деновиве! Убавото нешто на она што ќе се случува денес, е тоа што можете да ги поправите грешките од вчерашниот ден! Телото го постигнува она во кое умот верува! Направете го првиот чекор и верувајте и тогаш кога не верувате! Бидете благодарни, останете будни и слушајте го внатрешниот глас! Убаво утро значи убав ден! Убав ден значи убава недела и одличен месец кој преминува во прекрасна година! А убави години, значат совршени моменти и совршен живот што започнува токму од ова утро!
Прочитај повеќе
Жените во Битола никогаш не се откажуваат од целта! – Одржана првата женска трка,,Биди своја”

Жените во Битола никогаш не се откажуваат од целта! – Одржана првата женска трка,,Биди своја”

Под мотото „Биди своја“, вчера вечер во Битола се одржа првата женска ноќна трка. На ,,Биди своја" навистина беа СВОИ над 200 девојки и жени и ја почитуваа пораката што се криеше зад насловената трка:,,Во преносна смисла и кога губиш и кога добиваш, во животот секогаш биди своја! " Следејќи ја оваа порака на Маја Атанасовска, имено организатор на трката, припадничките на понежниот пол, енергично и борбено во име на спортскиот дух и достоинствено и гордо, (би рекле во битолски mood,) се движеа кон целта. Оваа натпреварувачка трка со моќна порака, ја имаше својата стартно-целна местоположба што секако беше пред…
Прочитај повеќе
,,Охридски бисери”- Меѓународен натпревар на млади музичари во најромантичниот град

,,Охридски бисери”- Меѓународен натпревар на млади музичари во најромантичниот град

Охрид е уметност, историја, поезија, песна, бисер со посебен автентичен потпис. Деновиве градот блеска во тоа име со настани кои му прилегаат на најромантичниот град. Имено од таму ни доаѓаат и музички вести. Станува збор за дваесет и вториот Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ кој веќе е во тек, а истиот ќе се одржува до 18 Јуни. Под покровителство на Министерството за култура на РС Македонија и градоначалникот на Охрид, надалеку прочуениот музички натпревар, се одржува во 20:00часот во салата на Општина Охрид. Млади уметници од десет држави -Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Турција и…
Прочитај повеќе
Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации

Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации

Од 23 до 25 јуни, по петти пат тромеѓето на Преспанското Езеро е локација за автентичниот фестивал кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион. Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници. Со разновидна програма која опфаќа гастрономија, еко уметност, работилници, презентации за туризам и презентирање на грантова програма на ЕУ за овој регион, овој уникатен фестивал ветува незаборавно искуство, преку еуфорична прослава на единството, креативноста и заедничкото наследство. Фестивалот започнува во селото Брајчино,…
Прочитај повеќе
Поетски вести од Охрид – Јубилејно издание на поетското читање,,Имам нешто да ти кажам”

Поетски вести од Охрид – Јубилејно издание на поетското читање,,Имам нешто да ти кажам”

Aко сте љубители на поетскиот збор, „Имам нешто да ти кажам“ ќе биде вистинско освежување за вас. Имено, пет годишното јубилејно издание на поетското читање насловено како „Имам нешто да ти кажам“ зад кое стои Културолошка Иницијатива 5 до 12, се одржува на 16ти јуни во Shilla-coffee & bar во Охрид со почеток во 20 часот. Отворете ги сетилата и наслушнете што имаат да кажат поетите или можеби вие имате своја автентична поетска порака која силно би прозвучила низ етерот...
Прочитај повеќе