Месец: м.г

Слушај ги постарите – Еве што имаат да кажат

Слушај ги постарите – Еве што имаат да кажат

-Научи како да се движиш по ивица дури другите те гледаат. -Бегај како од чума од човек што потајно е ѓавол и него во убав лик го претставува. -Сфати дека животот е краток и заклучи по тоа дека веќе си ја прочитал оваа реченица. -Размисли што сакаш од човекот што го гледаш во огледало. -Не им суди за нивната злоба, побарај ја во тебе и поправи го проблемот. -Не се откажувај лесно од буќетот цвеќе што венее. Истури му вода, нахрани го, прати му сонце и потоа пак… Научи да се движиш по ивица додека другите гледаат! Нека им мириса!…
Прочитај повеќе
Пронајден е лекот за бесмртност? – Медуза што никогаш не умира, плови во океаните

Пронајден е лекот за бесмртност? – Медуза што никогаш не умира, плови во океаните

Замислете си одново раѓање. Доколку направите грешка во вашиот живот, погрешен чекор, доколку сте се повредиле, замислете да можете да речете:,, Стоп ова не се важи! " Или старетеете регуларно и потоа одеднаш се обн8вувате и се враќате на почеток. И така одново и одново. Епа некому му се ,,паднало" , па од цела природа овие животни ја имаат таа среќа, привилегија да се вратат назад и одново да ги живеат и поправат работите. Станува збор за медуза Turritopsis dohrnii. Имено таа се нарекува бесмртна медуза.Овие животни, животот го започнуваат како ларви, пред да се најдат на морското дно и…
Прочитај повеќе
„Театар е спој на сите уметности кои се случуваат во живо“ – Интервју со актерот Никола Пројчевски

„Театар е спој на сите уметности кои се случуваат во живо“ – Интервју со актерот Никола Пројчевски

Еден од најплодните актери во неговата матична сцена на Битолскиот Народен Театар. Неуморен, со брз темперамент и неверојатен талент. Го знаеме како беспрекорен работник, голем креативец секогаш со нова визија што вклучува истанчен вкус, естетски сенз и слух за доброто во градот, културата и уметничката фуриозност што одново ја гради на сцена. Разговараме со Никола Пројчевски, актер од Битолскиот Народен Театар. Разбуди се: Што значи да се биде Никола Пројчевски? Никола: Да се биде Никола Пројчевски значи да си човек што не може да биде во едно место повеќе од десет минути. Човек кој никако да сфати дека наполнил 40…
Прочитај повеќе
Karmen Exclusive – Успешна модна стилска приказна која денес слави 31 година

Karmen Exclusive – Успешна модна стилска приказна која денес слави 31 година

Како симбиоза од уметност, амбиција, талент и мотив, Кармен е успешна модна стилска приказна која денес слави 31 година. Во пријатен амбиент, со професионален тим, овој фризерски салон е неминовен дел од мозаикот на Битола, како град на стилски негувани дами, отменост и модна култура. Димче Ивановски, едно од најпрепознатливите имиња во фризерската професија, се потпишува како креатор на овој битолски бренд. -Кармен се задржува на слоганот ,,За влакно пред другите". Со посебна модна перцепција, доверувајќи му ја работата на професионалци,дамите знаат да ја препознаат нашата визија што ја креиравме уште од 1992. - ќе рече сопственикот. Денес, Karmen Exclusive…
Прочитај повеќе
Маргот Роби и Рајан Гослинг добија свои кукли Кен и Барби

Маргот Роби и Рајан Гослинг добија свои кукли Кен и Барби

Актерите Маргот Роби и Рајан Гослинг во американскиот фанатастичен комедија филм „Барби“ во режија на Грета Гервиг, се преобразуваат во кукли -Барби. Филмот Барби е првиот филм на големото платно за Барби по неколку компјутерски анимирани видеа и стриминг телевизиски филмови. Компанијата Mattel претстави низа кукли Барби кои личат на Margot Robi и Rajan Gosling . Mattel колекцијата ја вклучува и култната розева куќа Dream House и розевиот кабриолет RC Corvette. Истите, во Mattel бутикот се продаваат по цена од 1,25 до 150 долари. Фотографија на насловна:print screen - you tube
Прочитај повеќе
Битола го доби првиот болдер – Модерен дизајн по принципот на светските забавни паркови

Битола го доби првиот болдер – Модерен дизајн по принципот на светските забавни паркови

Битола, вчера официјално го доби првиот болдер – ѕид за качување со трибина која дава мултифункционалност на објектот кој ќе се користи и за спортски и за уметнички дејности и е лоциран во долниот дел на градскиот парк. Дизајниран да ги инспирира и предизвика и сегашните и идните ентузијасти за болдеринг, а е неколкугодишна заложба на неколку битолчани кои ја споија страста кон болдерингот, со посветеност и визија на архитектонско-градежниот тим за покренување на свеста какви објекти и содржини ни се потребни во јавните простори. „Целта со овој проект ни беше да потенцираме дека крлешки, тобогани и по некое испуштено…
Прочитај повеќе
Зен концепт на градина во која ќе уживате

Зен концепт на градина во која ќе уживате

Доколку ја уредувате градината, наш предлог е т.н Зен-јапонска градина која може да се најде во вашиот двор или балкон. Оваа градина се претпоставува дека носи неверојатно спокојство и благосостојба во животната средина, смиреност и опуштеносот. Се верува дека ќе ви помогне да го вратите физичкиот, емотивниот и менталниот баланс. Неутралните бои како теракота и беж, удобноста и едноставните форми и минимализмот, се нешто кое треба да биде приоритет на листа кога купувате градинарски мебел и се одлучувате за ваков стил. Но, за да дадете свежина на целиот амбиент, додадете зелени растенија и саксии и создадете мала оаза. Концептот на…
Прочитај повеќе
„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на сцената на Центар за култура Битола

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на сцената на Центар за култура Битола

На 7ми Јуни „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев како најнова балетска продукција на Националната опера и балет, ќе се одигра на сцената на Центар за култура Битола. Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а со кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук – Георг Драушник (Хрватска), асистент кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија). Настапуваат солистите: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган…
Прочитај повеќе
Психолозите откриваат: Во кои години сме најсреќни?

Психолозите откриваат: Во кои години сме најсреќни?

Обврските и брзиот начин на живот, не тераат да се запрашаме дали всушност сме среќни и дали имало некој период, години во кои навистина сме биле ослободени од стрес, постојана работа, токсични мисли и она брзо,, трчање" кон целта. Иако претпоставките велат дека можеби детството е оној најбезгрижниот и најсреќен период или можеби младоста е онаа во која бевме најослободени од грижи, во прашање е нешто друго. Друг период кој според студии, вели дека 36 е бројката на години кога сме најсреќни. Психолозите откриваат или објаснуваат дека периодот на нашето детство е длабоко втиснат во нашите спомени бидејќи тогаш се…
Прочитај повеќе
Саманта Џонс се враќа во „Сексот и градот“

Саманта Џонс се враќа во „Сексот и градот“

На големо изненадување на една од најпопуларните серии во светот, ,,Сексот и градот", ликот на Саманта Џонс, чија улога ја игра Ким Катрал, се враќа на екраните. После бројните критики изгледа дека и режисерите, а и самата Ким се согласија дека Саманта е неминовниот дел од мозаикот на четирите девојки во чии ликови се пронаоѓаа и уживаа бројни генерации, девојки и жени. (Дали е претерано? Можеби, но токму тоа беше идејата на сценаристите, а публиката успешно одговори на нивната,, наредба".) Сепак, како што пренесуваат светските медиуми, Ким Катрал ќе ја повтори својата иконска улога на Саманта Џонс во финалето на…
Прочитај повеќе